Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе, Србија ни се отплати и за ракометот, и за кошарката, и за 1-0 во Скопје пред една година. Фино од нивна страна.
 
Кога ви вика Ио дека треба да се забрани организиран фудбал во МК на 10-на години... секои квлификации се комплетно истото гомно:
- Почнуваме со некои очекувања засновани на ништо.
- Ги губиме шансите да го направиме циклусот интересен во првите 3 кола.
- Менуваме тренер.
- Имаме меѓу 30-40 повикани играчи во целиот циклус. Во принцип секој што знае да шутне топка има шанса.
- Кога ќе ги "изгубиме" шансите за пласман, кои никогаш сме ги немале, се однесуваме како селска екипа пред пријателска утакмица.

Преку Тасета ми е од нив, безрбетници.
 
И после кога ме прашуваат зошто не гледам кога Македонија игра фудбал, е баш затоа, 5:1, појма да се немало. Што ќе се нервирам јас нека се нервираат фудбалерите и ФФМ, ама па и тие многу се замараат, битно е бизнис да има...

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
 
Која мизерија од репрезентација сме човеле.Кој ги зел бе во репрезентација Ристовски,Алијовски,Демири,Степјановиќ,Ранѓеловиќ.Јас озбилно незнам по кој критериуми се земени ,а да е уште потрагично играат на последни 2 утакмици прв тим.Значи според мое мислење постарите репрезентативци гледат шо се дешава, односно дека форсираат играчи за процент за да се продадат па зато и вчера сакале да излезат ,а не дека сме губеле 3-0 на полувреме.И сега пак ФФМ сака да ја сврти приказната не се криви они туку играчите ги бојкотират.Само овде треба медиумите јако да ја затресат ФФМ со откривање на вистината шо се дешава,ама знаејќи како функционира нашата држава и колку пари годишно се вртат во ФФМ на крај некои шо ќе критикуват ќе ги подмачкат и ќе терат така се дури некој со сила односно власта не ги присили да си заминат.
 
Не знам зошто Стратев за нафати да ја води репрезентацијата. Требаше помошниците на Чеде да си истераат до крај. Вака Стратев освен изјавите за новинари друго ништо не пробал да направи ниту можел да направи.
Милион селектори сменивме од секаков тип, дури и селектор кој упеал да обезбеди пласнам на ЕП или СП (Катанец) и пак исто. Не е проблемот само во селекторите.
Голем дел од играчите (да не речам фудбалерите) им треба репрезентацијата за да направат трансфер во некој нисколигаш и после тоа си остануваат на списокот на селекторот иако не ги бива. Можеби имаат желба, се борат, ама едноставно не ги бива.

Треба да се најде виновникот (гарант некој поврзан со ФФМ) кој ја користи репрезентација за ситен трансфер на фудбалери.

До тогаш треба да се молиме делот од екипата која заслужува да игра (Новески, Пандев, Ибраими ... ) пак да доаѓаат да играат иако и самите сфатиле дека се само маска за да се прикријат тоталните анонимуси кои се вртат во репразентација секој нов циклус.
Затоа не треба да се чудиме зошто Новески не игра како за Мајнц или зошто Пандев не игра како за Наполи. Со кого да игра?
 
Мислам дека на погрешно место цело време се бара вината,сменивме многу тренери кој полош кој подобар,сменивме огромен број на играчи и константо години уназад сме катастрофа со чат пат некое реми или победа на среќа.Треба да ни стане јасно дека сме дрва,дека неаме јаки играчи и да се запрашаме зашто е тоа така.
Пишал тасевски приватна репрезентација,па и тој играше и глеам играта лудница..Дур не се направат асални услови за млади играчи,асална лига и 10 години се тоа да си налегне нема што да очекуваме па макар и Хидинг да ни е тренер.
 
Сакаме резултати, 11 нови стадиони од по 15 илјади столчиња,соблекувална, помошен тренинг терен. Куманово, Штип, Велес, Аеродром, Тетово, Струмица, Битола, Охрид, Гостивар, Гевгелија, Прилеп.
Нов закон за клубови- НЕМА чланарина за млади категории, да се знае што е спонзор, ффм да организира и плаќа судии и превоз, купот да се игра само со играчи од Македонскон државјанство до 23 години. Делегатите да бидат само претседатели на Клубови од ПРВА и ВТОРА МФЛ претседател на Судиите и 5 најдобри Македонски фудбалски легенди, Панчев, Најдовски, Седловски, Станојковиќ, Милошовски. Навивачите и фудбалерите да бидат заштитени со закон од Навреди, Напади, провокации итн. Која навивачка група ке ги прекрши кодексите на однесување забрана за влез и за постоење од 6 месеци до 3 години. Бесплатен влез за сите што ке носат дрес и шал на својот тим итн. Луѓе нема фудбал во Македонија немаме лига, ниту пак клубови, цела источна Македонија 20 години играше само Силекс, север дупка, јужна сега е само Пелистер од 400 000 луѓе ( Охрид, Прилеп, Велес, Струга, Битола). Мора се да се менува да се најде нов концепт и начин на функционирање.

преземан коментар од лице ,коментирано на Екипа ....
 
не чиро, и мурињо, пеп, венгер и фергусон сите заедно да дојдат не праиме ништо...
џабе ти е кога немаме никаков план, сениорската репрезентација ништо не праи, ама можеме со план да извадиме добри деца кои во наредните 15тина години би можеле да не израдуваат. Вака како што стои сега, ќе бидеме у друштво на Андора и Сан Марино.
 
ЧИРО ЗА ТРЕНЕР !!!

Прегледај го приврзокот 74705
--- надополнето: 16 октомври 2013 во 12:28 ---
Сакаме резултати, 11 нови стадиони од по 15 илјади столчиња,соблекувална, помошен тренинг терен. Куманово, Штип, Велес, Аеродром, Тетово, Струмица, Битола, Охрид, Гостивар, Гевгелија, Прилеп.
Нов закон за клубови- НЕМА чланарина за млади категории, да се знае што е спонзор, ффм да организира и плаќа судии и превоз, купот да се игра само со играчи од Македонскон државјанство до 23 години. Делегатите да бидат само претседатели на Клубови од ПРВА и ВТОРА МФЛ претседател на Судиите и 5 најдобри Македонски фудбалски легенди, Панчев, Најдовски, Седловски, Станојковиќ, Милошовски. Навивачите и фудбалерите да бидат заштитени со закон од Навреди, Напади, провокации итн. Која навивачка група ке ги прекрши кодексите на однесување забрана за влез и за постоење од 6 месеци до 3 години. Бесплатен влез за сите што ке носат дрес и шал на својот тим итн. Луѓе нема фудбал во Македонија немаме лига, ниту пак клубови, цела источна Македонија 20 години играше само Силекс, север дупка, јужна сега е само Пелистер од 400 000 луѓе ( Охрид, Прилеп, Велес, Струга, Битола). Мора се да се менува да се најде нов концепт и начин на функционирање.
преземан коментар од лиц.е ,коментирано на Екипа ...

Ова ако се случи, бундес лига нема да ни е рамна :)

Сите знаат што треба да се направи, па дури и тие во ФФМ. Ама треба желба, тоа го нема кај никое раководство до сега. Премногу пари се вртат во федерацијата за да може тука така да им се даде да ја работат луѓе кои се со фудбалски идеи. На секој обид за коренита промена во федерацијата УЕФА се заканува со суспензии. Нив им одговараат овие мафијаши што се во позадина (без разлика дали е Хари и Илчо тој што се вика претседател) затоа што си има сигурен глас од Македонија.
Ако се сеќавате пред неколку години Босна беше на работ на сузпензии и исклучување од страна на УЕФА, ама ја истуркаа работата до крај и во ФС дојдоа луѓе кои се добро познати имиња во фудбалот (дури и јас ги знам).
Овде такво нешто нема да се случи. И понатаму стотина клошари ќе бидат делегати во Собранието на ФФМ, ќе има една овца што ќе ја прогласат за претседател, а медот пак ќе си оди на исто место.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom