Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Со добивката сум задоволен и несакам да ја изгубам.

Почнувам да се слагам со тебе, ова што се случува оваа недела е надвор од здрав разум. Најверојатно и јас ќе растоварам КМБ.Еве и ОХБ отиде над 4000, така да ништо од планот за пазарење.
 
Реално ние ваква сериозна криза не сме имале од војната во 2001, така што ситуацијата не е за потценување поради тоа што сега е статус кво. Политичката елита е сериозно навлезена во нашите најголеми компании и ударот што може да се случи мислам дека никој сега не е во можност да го процени.
Незнам што може локалната "политичка елита" да влијае на состојбите во смисол на функционирање на големите компании со своето излегување од навлезеноста. Ударот , ако дојде ќе дојде од пооошироката околина и со тоа паниката која може да ја предизвика. Иако не ми е јасно во тој случај и зошто да се паничи... Македонската берза земајќи го во вид потенцијалот на компаниите кои партиципираат , а и оние кои каде да е ќе мора да почнат е ПОТЦЕНЕТ и тоа добрано илити баја. Ако дувнат поволните ветришта според знаците на хоризонтот, има да расте и расте. Ако се случи пак падот и онака остануеме со безвредни хартии во раце.....злато има само во скаските :) :)[DOUBLEPOST=1479471263][/DOUBLEPOST]
Реално ние ваква сериозна криза не сме имале од војната во 2001, така што ситуацијата не е за потценување поради тоа што сега е статус кво. Политичката елита е сериозно навлезена во нашите најголеми компании и ударот што може да се случи мислам дека никој сега не е во можност да го процени.
Незнам што може локалната "политичка елита" да влијае на состојбите во смисол на функционирање на големите компании со своето излегување од навлезеноста. Ударот , ако дојде ќе дојде од пооошироката околина и со тоа паниката која може да ја предизвика. Иако не ми е јасно во тој случај и зошто да се паничи... Македонската берза земајќи го во вид потенцијалот на компаниите кои партиципираат , а и оние кои каде да е ќе мора да почнат е ПОТЦЕНЕТ и тоа добрано илити баја. Ако дувнат поволните ветришта според знаците на хоризонтот, има да расте и расте. Ако се случи пак падот и онака остануеме со безвредни хартии во раце.....злато има само во скаските :) :)
 
Ве следам тука и ви се чудам:
Во исто време на највисок раст во 2007 Dow Jones стигна до 14000 индексни поени. И таму имаше криза и на почетокот на 2009 стигна и до 7000 индексни поени. Еве денес е скоро 19000 поени. Што е раст за некои 271%.

Кај нас стигна до 10.000 во 2007, после падна до 1700 дремеше 7 години, па сега паѓате во несвест зошто имало раст од 30%. Што да ви кажам, битно е инвеститорот да знае кога да купи. Горе долу сите вие имате купено по ниски цени, но кај инвеститорот уште поголема способност се смета да знае кога да излезе, за да не пропушти многу поголема добивка.

Така да вие продавајте колку сакате, јас цврсто ќе си стојам тука.

И плус страшно се добри извештаите, особено на банкиве.
 

Attachments

  • upload_2016-11-18_13-46-41.png
    upload_2016-11-18_13-46-41.png
    79,7 KB · Прегледи: 19
Ве следам тука и ви се чудам:
Во исто време на највисок раст во 2007 Dow Jones стигна до 14000 индексни поени. И таму имаше криза и на почетокот на 2009 стигна и до 7000 индексни поени. Еве денес е скоро 19000 поени. Што е раст за некои 271%.

Кај нас стигна до 10.000 во 2007, после падна до 1700 дремеше 7 години, па сега паѓате во несвест зошто имало раст од 30%. Што да ви кажам, битно е инвеститорот да знае кога да купи. Горе долу сите вие имате купено по ниски цени, но кај инвеститорот уште поголема способност се смета да знае кога да излезе, за да не пропушти многу поголема добивка.

Така да вие продавајте колку сакате, јас цврсто ќе си стојам тука.

И плус страшно се добри извештаите, особено на банкиве.

Добро ама неможе да споредуваме Америчка со Македонска берза, кај нив голема улога игра тоа што во очекување на разни економски кризи, немири низ ЕУ, потенцијална војна од пошироки размери на Блиски Исток и остали заебанции единствено сигурно место за капиталот е САД.

Ај некој банкар или брокер: дали ако некој отиде кај Брокер со повеќе од 15.000 еур, даде налог да му се купат акции од било каде, дали брокерот или банката ќе го пријави тој износ во институциите како сомнителен или нема таква обврска при купување акции ???

Branchez
Зашто сега би продавал КБ кога огромни количини се истргуваа за разлика од стопанска скопје и остали, кога цел менаџмент купува акции (нормално ако си купил на 1.600-2000 убав профит ) ... и кај би се префрлил :D
Некои зборат дека фамилијата фрлила пик на КБ и преку различни физички лица неколку месеци веќе купува КБ.
Влав не би бил Влав ако не намириса ујдурма па сега во одбрана. Дивиденда викаат 200 денари
 
Последно уредено од модератор:
HAhaha Ne se plasi be druze. upati 2x 7500 ako ti e strav. Brokerite nemaat takva obvrska kolku sto znam, ama bankarskite sluzbenici moze da imaat.
 
HAhaha Ne se plasi be druze. upati 2x 7500 ako ti e strav. Brokerite nemaat takva obvrska kolku sto znam, ama bankarskite sluzbenici moze da imaat.

Абе да беше за мене лесно ќе е. Но што правиме за тие со милионите :D

Прашав во смисла овие што во последниве 6 години што се опарија со помош на политичарите од кариера сигурно имаат милиони.
Е сеа за да не ги пеглаат финансови ујп и остали (ако се смени власт) некои ќе сакаат да ги внесат во системот и да си бидат чисти. Берзата е убаво место, ем можност за дивиденди и добивки, можност да си купиш фабриче, ем оправдување за потекло на парите :D

Брокерот знам нема, ама нели прво си уплаќаш пари на сметка за купопродажба на акции, е сеа тој момент дали службеникот ќе притисне црвено копче :P
 
е сеа тој момент дали службеникот ќе притисне црвено копче :P

Службеникот секогаш го притиска црвеното копче, таков е системот ;)
Само не знам што се замарате кога парите што ги вложувате се легални, други нека мислат како преку Белизе ќе вложуваат.

Branchez Зашто сега би продавал КБ кога огромни количини се истргуваа за разлика од стопанска скопје и остали, кога цел менаџмент купува акции (нормално ако си купил на 1.600-2000 убав профит )

Ако стане борбата за превласт прљава, особено после изборите, ќе има плачење за денешниве цени. Од тоа најмногу се плашам, нечисто превземање со апсења/ закани за апсења и с лични методи што сме ги виделе до сега, а не од резултатите на банката.

Влав не би бил Влав ако не намириса ујдурма па сега во одбрана.

И над Влавот има Егеец, и тоа многу, многу помоќен од финансиски аскект.

и кај би се префрлил :D

Острелија брат, ако се поклопат силите во универзумот.
 
:):)
Службеникот секогаш го притиска црвеното копче, таков е системот ;)
Само не знам што се замарате кога парите што ги вложувате се легални, други нека мислат како преку Белизе ќе вложуваат.



Ако стане борбата за превласт прљава, особено после изборите, ќе има плачење за денешниве цени. Од тоа најмногу се плашам, нечисто превземање со апсења/ закани за апсења и с лични методи што сме ги виделе до сега, а не од резултатите на банката.



И над Влавот има Егеец, и тоа многу, многу помоќен од финансиски аскект.



Острелија брат, ако се поклопат силите во универзумот.
Баш ме интересира дали на 12 декември ќе ритнат грнт беск и штип ако тепаат портокаловиве. Мал тест за мб. Инаку најголеми купци се домашни правни лица па дом. Физички ги нема странците како во 2008ма. Егејско влашка борба за власт е ова:lut:. Инаку денес 32мил мкд промет без ниеден блок. Мали инвестититори го водат колото.
 
Службеникот секогаш го притиска црвеното копче, таков е системот ;)
Само не знам што се замарате кога парите што ги вложувате се легални, други нека мислат како преку Белизе ќе вложуваат.



Ако стане борбата за превласт прљава, особено после изборите, ќе има плачење за денешниве цени. Од тоа најмногу се плашам, нечисто превземање со апсења/ закани за апсења и с лични методи што сме ги виделе до сега, а не од резултатите на банката.



И над Влавот има Егеец, и тоа многу, многу помоќен од финансиски аскект.



Острелија брат, ако се поклопат силите во универзумот.

Баче се замарам со Белизе оти тие имаат пари за раст на берзава не јас и ти. И немаат сите на Белизе, голем дел провизии се исплатени тука, тие износи сигурно ќе сакаат да ги оплодат.

Егеецот никогаш не бил помоќен од Влавот. Влавот со векови е на територијава и ќе си остане. Егејците со Ердоган нешто се окуражија ама Влавот е итар, бем му матер.

Плус 2017/2018 нови регулации може да влијаат некои да си ги враќат парите дома :D :
September 2017 whereby the G20 nations will be sharing information, any assets you have offshore will be reported back to your home country anyway. If you did not report mere ownership of assets, that generates fines, seizure, and taxes, the G20 regulations may fill the gap.
 
upload_2016-11-18_15-37-58.png
Накраток рок МБ исгледа катастрофално технички класичен балон. Но, фундаментално и ако се гледа големата слика сосема е различно.
 
мене ми е јасно дека сега све ви изгледа скапо, особено ако сте купувале по 30-50% па и повеќе пониски цени од овие, ама кога ќе направиш анализа, сите коефициенти покажуваат дека акциите сеуште се подценети.

ОХБ 4.000 денари, очекувана добивка 1.100 денари, п/е 3,5....смешка. Плус можност за продажба ( се продаваат филијалите во Црна Гора и Хрватска, зошто да не и во МК ).

СТБ, 1.000 денари, дивиденда за 1 месец 140+ денари, принос 14%. п/е 8. Можност за продажба и денда следна година од 100 денари ( 10% ).

НЛБ 8.700 денари, дивиденда 8-10%. Пред пресек цената ке оди околу 10.000, со оглед на оекувана дивиденда од 900+ денари...

КМБ, 3.000 денари, очекувана дивиденда 200 денари ( 6% ). Шпекулативна, можност за продажба, борба за превласт и дигање на цена до 3.600 денари според мене на краток рок.

БЕСК - 10.000 денари, дивиденда над 1.000 денари, дивиденден принос 10%+, можна продажна...и погледнете ја книговодствената вредност и све ќе ви е јасно..

ПКБ - 9.000 денари ( денес 1 акција на 8.000 ). Добивка по акција е очекувана на 4.000 мкд, п/е 2!!!! Книговодствена вредност 25.000 денари, после Нова Година 30.000 денари. п/б = 0,3 смешка! Најпотцнета акција, но и неликвидна.

и да не набројувам за секоја акција, се гледа дека берзата е подценета, па луѓе погледнете ги коефициентите на банките и другите компани во другите европски земји и УСА, ке видите колку голема разлика има.
 
Ај некој банкар или брокер: дали ако некој отиде кај Брокер со повеќе од 15.000 еур, даде налог да му се купат акции од било каде, дали брокерот или банката ќе го пријави тој износ во институциите како сомнителен или нема таква обврска при купување акции ???
на Брокерот не му даваш кеш, само платена уплатница на сметка или од твоја книшка подига со твоја полномош...Законот е само за вложување поголеми суми во кеш во книшка или ако на друго физичко лице му уплаќаш на трансакциска , за последното некој банки дури прават проверки на Л.К. и за мали суми
 
мене ми е јасно дека сега све ви изгледа скапо, особено ако сте купувале по 30-50% па и повеќе пониски цени од овие, ама кога ќе направиш анализа, сите коефициенти покажуваат дека акциите сеуште се подценети.

Па токму таа е и причината што се' ми изгледа скапо во моментот, премногу брзо дојде растот на цените за да можам соодветно да ги сварам.
Акциите беа неколкукратно попотценети пред некоја година, а никој не сакаше ни да ги погледне, прометот на берзата беше колку маалска бурекџилница. Во овој раст се крие друга психологија што ми наликува на 2007-ма во мало, еве конкретно банките растураат со години по ред, зошто никој не инвестираше во нив? Уште повеќе што немавме ни институционална криза како што е сега.
Something's fishy Blizzard, само тоа сакам да го кажам, а не да убедувам или разубедувам некого за купување/продажба.
 
Од се има по нешто, сепак јас го гледам намалувањето на каматните стапки кај депозитите во банките како причина зошто парите се префрлуваат на пазарот на капитал. Покрај потценетоста на акциите од компаниите тоа беше и главната причина зошто и јас, а и на моите пријатели со чии средства управувам да инвестираат во периодов. И да, секако дека се повеќе и повеќе ќе има дел од тие 5 милијарди евра во депозити на населението и компаниите што ќе се конвертира во акции.

Ме интересира ваше претпоставка на ова прашање:

Колку проценти од средствата кои сеуште се вложени во депозити очекувате да се преориентираат во пазарот на капитал?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom