Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
А како стои Гранит?
Види сам http://www.mse.mk/mk/stats/current-ratios/4 Добар е и тој...Инаку и Фершпед добро тера...
Фершпед со 38% поголема добивка од лани

getImageThumbnail.axd

Во првите девет месеци од годинава групацијата Фершпед оствари добивка пред оданочување од 132.551.000 денари, а нето-добивката изнесува 127.534.000 денари (околу 2 милиони евра), што е за 38% повеќе од истиот период лани.

Одлична фирма Жив и здрав да ни е олигархот мрсен Штеријо :)
--- надополнето: 1 ноември 2012 во 23:22 ---
А во Меѓувреме...

Народната банка ја спушти прогнозата за растот ја зголеми за инфлацијата

четврток, 01 ноември 2012, 17:59

Народната банка ги објави корегираните проекции за економијата годинава. БДП ќе биде на нула, односно економијата ќе биде во стагнација, а инфлацијата ќе изнесува 3,5%. Монетарната власт останува на ставот дека главната причина за влошените проекции се влијанијата

Интересно економијава иде надоле а има одредени фирми кој се држат одлично а типував добар дел од нив. Уште само да рипне цената на акција...а ако и тоа не барем ќе падне фина дивиденда.
 
Интересно економијава иде надоле а има одредени фирми кој се држат одлично а типував добар дел од нив. Уште само да рипне цената на акција...а ако и тоа не барем ќе падне фина дивиденда.
За Бетон и Гранит на хартија јасно е дека ќе пораснат после инекцијата. Ме буни Фершпед со ваков пораст, дали он го зема тендерот за Скопје 2014?
 
Ме буни Фершпед со ваков пораст

Овие добивки на Фершпед се ситница (да не кажам мизерни) во споредба со добивките што ги правел во златноте време на транзицијата.
Познаник што работи во јавна администрација ми има кажувано дека тогаш се чекало Штерјо да плати давачки спрема државата за да може јавната администрација да земат плата.
 
Тоа време го знам. Но Штерјо пред две години го здрмаа јако, сите клиенти му се повлекоа, се развлече на милион ситни бизниси најмногу по Штип и Свети Николе и главниот извор почна да му се суши. Незнам дали знаете но Фершпед не плаќа со пари него со компензација. А од друга страна за наплата прима пари. Како се чистат на крај година еден Господ знае :)
 
На "големиот газда" Штерјо му ја лапнаа алфа овие хиениве од власта, не му оди баш најдобро, иако после овој дил веројатно ќе го остават на мира, влог во таа компанија се чини исплатлив. Инаку штета за телевизијата која после затварањето на а1 многу вложи и зголеми поблика, сега ќе гледаме розови вести и таму. Ќе биде по се изгледа пресинг некоја вечер со Миленко Неделковски а гости Латаси, Мирки и Јанковци :) Гранит мислам дека е топ фирма ем дивиденда (средно-ниска) ем стабилна им е цената имаат изгледи за раст
http://www.libertas.mk/тв-алфа-од-јануари-со-нов-управител-и-во/
 
Денес берзата пукна -1.79% и е на 1731 и е на најниско ниво од 2009 дали ќе го стигне дното од 2009 од 1630-40? Што мислите?
 
Денес берзата пукна -1.79% и е на 1731 и е на најниско ниво од 2009 дали ќе го стигне дното од 2009 од 1630-40? Што мислите?

Катастрофа е денес. Викав јас дека не е на арно што го реизбраа Ѓупчето америчко.
 
Катастрофа е денес. Викав јас дека не е на арно што го реизбраа Ѓупчето америчко.
Зошто не е арно? Ќе продолжи со глупавите политики како од 2009 а од тогаш рипна доста берзата барем во САД за Европа тие си имаат други маки.
 
Зошто не е арно?

Вчера и денес американските берзи се во пад, токму поради реизборот на дотичниот.
Сигурно има многу поупатени светски инвеститори од мене и тебе што знаат зошто тоа не е на арно.
 
Денес берзата пукна -1.79% и е на 1731 и е на најниско ниво од 2009 дали ќе го стигне дното од 2009 од 1630-40? Што мислите?
Najgolem "vinovnik" za padot na indexot spored dnevnata lista e KMB. Cela nedela posle prilicno losiot kvartalen izvestaj vestacki se obiduvaa da ja odrzat cenata na nekoe nivo no denes najposle pukna i go povlece cel index nadole. Kaj KMB gledam "kapacitet" da odi i pod 2000, a bidejki se raboti za najlikvidnata akcija(ili mi se cini?), mislam deka zadadenite "celi" se lesno dostizni.
 
KMB падна 3,6%, Топлификација падна за цели 8,5%.

Ако мислиш дека Топлификација има поголемо влијание врз падот и покрај 6 пати поголемиот промет на КМБ, немам намера да те разубедувам тука во тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom