Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
moze nekoj nema da se slozi so mene ,no spored mene uste edna klasicna namestaljka vo nizata na Makedonija...
Ами јас,за 1 гол за малце ке го скинев дресот.Мене идол ми е Тасевски,како ја погоди под пречка,ама за жал не беше гол.Одлична игра Момци.А за мајка ти,требал да ја заклучиш собата,шала на страна!Едно видео, најинтересните моменти од натпреварот:
Инаку, голема радост во првото полувреме - голема тага во второто.
Додека во првото рипав на прозор и урлав на головите, во второто ја бркав мајка ми од соба пошто уште еднаш потврди дека е баксуз најголем. За тие 5 минути додека беше во соба, примивме 3 гола. И да, ви текнува кога изгубивме на Европското во ракомет против Србија и покрај големото водство? Епа, она влезе у соба и се случи пресврт))
Шала на страна, прекрасен натпревар, барем првото полувреме.
Во второто се изгубивме тотално, ама тоа и не ме болеше толку. Ме болеше тоа што имавме полн стадион, ама со најморонската публика што некогаш присуствувала на еден фудбалски натпревар. Не видовме никакво навивање, со исклучок на свирежите на сопствените играчи, свирежите за време на МОЛКОТ и аплаузите на шпанските голови. Второ полувреме како да гледавме театарска претстава, а не фудбалски натпревар против европски првак на 100-годишнина.
На страна од тоа како изигра, Наумовски изгледаше очајно и исфрустрирано. Мислам дека му е потребна сериозна помош.
Па добро бе, има ли психолог во тимот?
Пандев зачудувачки добро, кога станува збор за репрезентацијата. Што имаше да одработи - го одработи како што треба. Браво.
Стојков беше одличен. Брзо копиле е, ама не успеа да постигне гол. Стварно ми е жал за тоа. Ајде, ќе научи со тек на време.
Попов беше за десетка. Кога го гледам како игра, добивам невообичаено чувство (за играчите од нашата репрезентација) дека гледам првокласен играч.
Жал ми е што не играше Шаќири и жал ми е што мораше да прави измени Јонуз. Да не беше така, најверојатно ќе имавме позитивен резултат.
Колку само си во право со постов. Како може некоја репрезентација да прими три гола за 5 минути и тоа да биде добро и нешто со што можеме да се гордееме. Јас разбирам дека Шпанија е фудбалска велесила и дека е со векови пред нас на фудбалски план, ама луѓе свестете се, таа иста фудбалска велесила ја имавме во џеб и имавме единствена, можеби неповторлива можност да ја победиме и дозволивме сето тоа да се сруши како кула од карти за 5 ебани минути. Сега на сето ова вие викате, "добро е", "задоволен сум", итн. Не да не сум задоволен, туку вријам од нервоза затоа што сум свесен што испуштивме. Во историјата на македонскиот фудбал ќе остане запишан уште еден во низата порази а играта од првото полувреме нема никаде да биде запишана и верувам дека брзо ќе биде заборавена.
Што се однесува до дел од публиката, можам само да кажам дека беа срамота за македонскиот народ. Ти да исвиркуваш свој репрезентативец а еден мочко Торес да го испратиш со громогласен аплауз, мора да си изрод. Немам зборови, разочаран сум. Кој е тој Торес, крв му ебам, да добие аплаузи а нашиве да бидат исвиркувани. Што држава ќе бевме, не ми е јасно. Изроди!!!