Македонија VS Шпанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonia>>Europe
  • Време на започнување Време на започнување

Тип

  • Македонија победник

    Гласови: 207 43,7%
  • Шпанија победник

    Гласови: 138 29,1%
  • Нерешено

    Гласови: 129 27,2%

  • Вкупно гласачи
    474
Статус
Затворена за нови мислења.
Да брат, таа кога ја пее химната мене ми се чини дека дошол крајот на светот и химната е се што останало. Страшна работа.

BTW, не се занесувајте со местењето, Шпанија е ова не е Боранија. Имаа гол разлика 15-0 на последните 5 пријателски, не ги викаат за џабе Црвена Фурија. Тие додадоа гас, ние паднавме. Десно излезе Седлоски, почуствуваа дека сме слаби таму и не наполнија експресно. Тоа се вика класа.

Затоа не тупете. Одигравме колку што можевме, не се посрамотивме. Покажавме дека имаме играч од светска класа а и неколку други се прикажаа во вистинско светло. Со послаби репрезентации од Шпанија можеме да се носиме. Шпанија е пресилна не само за нас туку и за многу подобри репрезентации од нашата. Тоа е реалноста и нема ништо срамно во тоа.


Toлку имам да кажам и јас.
Браво момци!
 
Одлична игра во првото полувреме.
Тимски играа.
2 одлични гола на Пандев,првиот по добра асистенција од Наумовски.
Попов назад ги дриблаше и по 3-4 играчи од еднаш.
Сепак тоа е Шпанија.
Презадоволен од играта на нашите :)
 
абе да не знае некој реприза да не има од утакмицава на TV??
и кога:smir:
 
За Попов и Митревски немам зборови, одиграа на рангот на големите светски играчи, Седловски одлично, браво и за него, едноставно вечерва сите функционираа дури би рекол и во второто полувреме, освен оние кобни 5 минут, како и секогаш на почетокот на второто полувреме, кога едноставно влегуваме во голема криза, но потоа одлично се држевме дури направивме големи шанси за израмнување, браво за сите тоа е гордоста само храбро и во иднина.
 
Бев на градски гледав,браво за пандев добра игра прво полувреме и второ се држевме ама изгледа по договорот било во второ да примиме 3 гола, тоа е. Оваа наша култура... една минута молк се наредија сите играчи,судиите започна но од публиката имаше само 10 секунди молк.Од западната трибина почна да се слуша Хари педер ,Управа педери и такви ствари.. после 10 секунди почна аплауз :toe:
Ме интересира само КАЈ К*Р ја најдоа каролина да ја пее химната ? Катастрофа...
Пола од утакмицата го поминав карајки се со со еден постар човек кој што цела утакмица ја изгледа седејки на секој гол/шанса.Било кога/кој да станеше се дереше како ненормален ама тоа е..
Се на се имав добар (4-:) ) помин
 
Ме нервира што некои мислат дека шпанците демек ни го попуштиле прво полувреме па после у второ не подбрале. Ич не беше така Пујол и Арбелоа се нервираа живи ќе се изедеа на 2-0 па на 2-3 некако им дојде душа на место. Иначе за играта што да кажам полувреме за памтење и само нека продолжи така Пандев!!!
 
Норвешка ја тепаше Шкотска 4:0 што значи ова
Норвежаните се во одлична форма или Шкотите во слаба
Како и да е добро направија Норвежаните
 
Ајде, бек ту топик повторно. Заборавете на комшиските препукувања, ништо добро не носат. :)
 
Пандев - Одлично одиграно, класа играч. Да не трошам зборови за него.
Наумовски - Некои го критикуваат за темпераментот и се во право, но според мене не и за играта. Солидно изигра и беше најзаслужен за првиот гол.

Гроздановски и Шумуликовски - ми направија мерак, особено првиот со неговата брзина и осет, а Шумуликовски со неговите стартови во одбрана и започнување акција. Многу трчаше и очигледно ја поправил својата игра.

Митревски - Можам само да го фалам и фалам човеков. Одлично одигра, без грешка.. перфектно. Столб во одбраната.
Седлоски - Имам само еден збор. Клошар.

Голманите - би ѓи пофалил и двајцата за одличните одбрани, беа на висина на задачата според мене.


Се на се`, Седлоски не посрамоти, според мене. За часовниците, баш ми е гајле, нивна ствар. За играта, храброста и желбата која ја прикажаа на теренот им симињам капа.

Со ваква игра далеку ќе стигнеме, браво за Јонуз и целиот тим.

Да живее Македонија!
 
Да добро е тоа за нас норвешка што победиле имаме сеа подобри шанси.Иначе за натпреварот пандев,попов,митревски изиграа надјобро али штета тие 5 мин се ни расипаа.Шпанија е многу јака репрезентација глеате колку лесно создаваат шанси кај нас сите чекаат од пандев само него го бараат немозе сам човекот колку толку направи даде 2 гола.
 
Абе слики нема никој или стварно не оставаа со апаати внатре:tapp:
 
Добро прво полувреме.

На Шпанците им требаа 5 мин., да покажат дека се многу степени над нас, не треба да ни е криво, Шпанија си е Шпанија, кадар, услови, харизма, историја...

Утакмицата не е наместена, Шпанците едноставно дојдоа да се заебаваат, стиснавме прво полувреме, потрошивме и кондиција и свежина и се, второ полувреме работевме на резерва, Шпанците се искусни, неколку пати видов коа му ја зедоа топката на Торес од што беа возбудени не знаеја што да прават со неа нашите фудбалери, па некој ќе се совземеше некој во аут... Искуство си е искуство...

Сепак добро беше, да не се жалиме, иако очекувано Шпанија ЛЕСНО дојде до победа.
 
12082009094.jpg

12082009082.jpg

12082009071.jpg

12082009076.jpg



имаше луѓе и со апарати влезено ;)
Првиот гол на Шпанија :S
 
уфф фалат да се спојат уште исток и запад и топ, иначе супер фотки :)

p.s на педерчињата од ложа тешко им беше да ги држат листовите, а?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom