Македонија VS Шпанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonia>>Europe
  • Време на започнување Време на започнување

Тип

  • Македонија победник

    Гласови: 207 43,7%
  • Шпанија победник

    Гласови: 138 29,1%
  • Нерешено

    Гласови: 129 27,2%

  • Вкупно гласачи
    474
Статус
Затворена за нови мислења.
У случај да не сум некаде во долните редови, планирам да земам двоглед :)
Ќе ме пуштат да влезам?
 
У случај да не сум некаде во долните редови, планирам да земам двоглед :)
Ќе ме пуштат да влезам?

Да ќе те пуштат, пуштаат и со апарати и со двогледи. А јас имам карта за северна, кујзнае каде ке седам, пошто таму највеќе гратиси се дадени, а тие педерчита ќе ги земат најубавите места.
 
И јас сум на северна.
Абе земете двогледи и не се замарајте дали ќе седите на прв или последен ред.
 
Сега уефа да им лупне една парична казна таман ќе им дојде за 100 години фудбал мк па нека се чешаат после простаци невидени.Се извиниле за грешката ги боли цеф за фудбал и за се само гледаат пари да лапнат.Абе не сум на ноу камп па за двоглед шо ви е хх.Омилена трака на лугето од ффм во моментов е од тони зен-Скандал
 
Еве кога имаат тренинг

09.08.2009 година

19.30 часот Тренинг Македонија
10.08.2009 година
21.30 часот Тренинг Македонија

11.08.2009 година

09.30 часот Тренинг Македонија (Стадион Чаир)
19.30
часот Тренинг Македонија
21.30 часот Тренинг Шпанија

12.08.2009 година

09.30
Тренинг Македонија (Стадион Чаир)
21.30 часот Натпревар

Тренингот на Шпанија нема да биде отворен за јавноста, така да... ништо... мислам за оние кои планирале да гледаат.

Инаку за дезинформациите на А1, според нив гробот на Александар е во Гевгелиско, а Анџелина Џоли се удави во некое море и можеби сеуште не е пронајдена :raz: :pos: Така да, не се многу за верување :)
Секој билет си има сериски број и по тоа ќе се познаваат картите. Не верувам дека фалсификаторите на секој билет имаат различен сериски број затоа што тоа и не е баш едноставен процес :)
 
Пет часа службеници од Управата за јавни приходи проверувале во ФФМ како се продавале влезниците за натпреварот Македонија – Шпанија. Утврдиле дека влезниците се лесни за да се фалсификуваат и оти има одреден број што не се продадени на легален начин. Неофицијално, врв на се било кога во фиоката на генералниот секретар на ФФМ Никола Костов пронашле поголема сума сомнителни пари. Ова за Канал 5 го потврдија од УЈП и МВР. Тоа е причината зошто Министерството за внатрешни работи побара од ФФМ да ги повлече влезниците од употреба. Во продажба минатата недела се пуштени 6000 влезници за јужната, 2000 за северната и 800 влезници за западната трибина. Вкупно биле отпечатени 23 илјади влезници и ВИП карти.

УЈП и МВР се уште не кажуваат дали има проневера со картите и колку фалсификати откриле. Во фудбалската федерација признаваат дека институциите ги проверувале, но немаат никаква пријава од надлежните.
 
знае ли некој новите карти од кога ќе почнат да се продаваат, и од каде можам да купам во Кочани?
 
знае ли некој новите карти од кога ќе почнат да се продаваат, и од каде можам да купам во Кочани?
Не се продаваат нови карти ке се заменуваат старите :helou:
 
Тек сега ќе биде што не било. Мислам стварно гоеда се. Како може бе влезници без жиг да прават? Или така им чини?

Сега кој тргнал до Скопје од џенем, да си чека ред на билетара првиот пат (и тоа што е најлошо, тоа се најверните навивачи), сега ќе треба да тргнат уште еднаш.

Дива лига...


Фудбалската федерација на Македонија одлучи да ги повлече сите влезници кои беа пуштени во продажба за натпреварот со Шпанија поради официјалните информации добиени од надлежните органи дека во јавноста се дистрибуирани поголем број фалсификувани билети.
Дополнително ќе бидат изработени влезници со нумерација и соодветна заштита за сите оние кои веќе имаат набавено влезница и ќе може да ја заменат на местото каде што истата е купена.
На официјалната веб страница на ФФМ стои дека секое лице при замената на билетот е должно да носи лична карта за идентификација.
Замената на влезниците во Скопје ќе почне во понеделник на 10 август по 12 часот.
Во останатите градови каде што беа дистрибуирани билети за продажба преку општинските фудбалски сојузи замената ќе се изврши во истите во вторник во 10 часот.
Гратис влезниците ќе бидат заменети во просториите на ФФМ. Вип билетите кои досега се дистрибуирани нема да се менуваат бидејќи веќе се нумерирани.
По повод 100 години македонски фудбал и пуштање во употреба на новата северна трибина на Арената „Филип Втори“ македонската фудбалска репрезентација на 12 август ќе одигра против европскиот шампион, селекцијата на Шпанија.
fudbal-makedonija.jpg
Љубителние на фудбалот ќе може да си купат билети по првичната цена
МВР се става на располагање при продажбата на билетите
МВР соопшти дека таквата препорака уследила по бројните натписи во медиумите и шпекулациите кои беа пуштени во јавноста околу несоодветното и сомнително дистрибуирање на влезниците за фудбалскиот натпревар и направениот увид во состојбите.
МВР препорачува, заради избегнување на злоупотреби и препродавање на влезниците, ФФМ да ја разгледа можноста едно лице во ист момент да не може да купи повеќе од три влезници.
Истовремено МВР се става на располагање за целосно мониторирање на процесот на продажба, заради спречување злоупотреби.
Преку соопштението МВР им благодари на македонските медиуми што го покренаа прашањето за начинот на кој ФФМ ги распределува влезниците за натпреварот.
МВР упатува апел до ФФМ за коректна и транспарентна распределба на влезници, зашто се поинаку оди на штета на имиџот на државата и на големиот спектакл.
- Заради можноста за изработка на фалсификат на влезниците, сите влезници што досега беа пуштени во оптек да се повлечат од употреба, а на оние граѓани, кои досега купиле влезници да им се заменат со нови влезници, на кои ќе има безбедносен жиг, кој не може да се фалсификува, соопшти МВР.
- Доколку се констатираат какви било злоупотреби и недозволени активности, ќе бидат преземени мерки согласно законите.МВР од блиску ќе ги следи сите активности поврзани со овој случај и ќе делува согласно своите овластувања и надлежности, се вели во соопштението од МВР.
makedonija-spanija.jpg

Старите влезници поништени - нови пуштени во продажба​


Нови карти за натпреварот Шпанија - Македонија

getImageThumbnail.axd



Нови карти за натпреварот Шпанија - Македонија. Секој што купил карта ќе ја врати а ќе добие нова со жиг. Ќе има и нови кои ќе се продаваат преку дистрибутери. На секое место ќе има контрола и од МВР и од ФФМ. Картите ќе бидат по иста цена а едно лице може да купи најмногу три. Ова е исходот по синоќешното чешлање на касата и сметките на ФФМ.

Пет часа службеници од Управата за јавни приходи проверувале во ФФМ како се продавале влезниците за натпреварот Македонија – Шпанија. Утврдиле дека влезниците се лесни за да се фалсификуваат и оти има одреден број што не се продадени на легален начин. Неофицијално, врв на се било кога во фиоката на генералниот секретар на ФФМ Никола Костов пронашле поголема сума сомнителни пари. Ова за Канал 5 го потврдија од УЈП и МВР. Тоа е причината зошто Министерството за внатрешни работи побара од ФФМ да ги повлече влезниците од употреба. Во продажба минатата недела се пуштени 6000 влезници за јужната, 2000 за северната и 800 влезници за западната трибина. Вкупно биле отпечатени 23 илјади влезници и ВИП карти.

УЈП и МВР се уште не кажуваат дали има проневера со картите и колку фалсификати откриле. Во фудбалската федерација признаваат дека институциите ги проверувале, но немаат никаква пријава од надлежните.

Од Уефа за Канал 5 изјавија дека не се надлежни за пријателски натпревари а во ФИФА најавија дека ќе преземат истрага за наводите дека картите за натпреварот Шпанија - Македонија биле нелегално продавани.
 
Вие што имате повеќе од три карти, кога ќе идете за замена ќе ви дадат само три, а за остатокот ќе ви ги вратат парите. :lud:
 
Вие што имате повеќе од три карти, кога ќе идете за замена ќе ви дадат само три, а за остатокот ќе ви ги вратат парите. :lud:

Ц ц ц Само овде може да се десат вакви работи....:tapp:
 
Сака некој размена на карти од север за југ?ако сака нека пише на ПП кај мене ќе се договориме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom