Македонија - Унгарија [ 18.01.2014 - 16:00 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?

  • Македонија

    Гласови: 80 66,7%
  • нерешено

    Гласови: 15 12,5%
  • Унгарија

    Гласови: 25 20,8%

  • Вкупно гласачи
    120
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
офф овие од студиото - против исланд ќе има уште еден добар и убав натпревар и дека ќе бидеме повторно компететивни :facepalm:
аман жити бога кој натпревар беше убав и добар од наша страна ?
 
Премногу зависиме од неколку играчи, тоа е многу лошо...
Кире кога е слаб никогаш не победуваме :(
Не знам дали ќе се сложите со мене, ама прво полувреме не бевме лоши.
Не сме екипа што може да си даде толкава слобода да утне толку зицери и пенали и после да се врати во игра.
Огромна болка во одбрана ни е што голманите не знаат да бранат удари од 9 метри.
Ете Металург е познат по добрата одбрана, целата нивна одбрана е тука, па ташак...
Тоа е затоа што кај Станиќ не поминуваат овие удари.
И јас ја окривив одбраната на претходните мечеви, ама денеска чиста вина на Борко беа головите.
They score when they want или како и да беше :D
Од каде сакаат, кога сакаат.
Борко само цепа на проценка, и голманон да му шутне можеби гол ќе му даде.
Ќе фати зицер, ќе одбрани некој тежок удар, и после од 20 метра ќе прими гол.
Кажав и погоре сите екипи би биле радосни ако противниците шутираат одс 10 метра. Таман работа одбраната да искочи толку високо и да брка по цел терен.
И коментаторон вика, ЛЕСНИ ГОЛОВИ :tapp:
Како бе лесни голови, дсур ти шутне од таа позиција со цела одбрана пред него, голманон треба да се намести и со заби да ја фати топката.
А не Борко тргнал на проценка уште пред да му шутнат.
Мрежата му ја скинаа...
Да не зборам за 2-3 гола што ги прими од мртов агол.

Ќе се префрлам на Прибак, од кого сите многу очекувавме.
Денеска не беше тој Прибак што го познавам. Многу лошо изигра.
Во прво полувреме мислам дека влезе прекасно. Реално влезе при резултат во кој веќе бевме во распад.
Во прво полувреме мене ми се допадна како играше, се до тајм аутот.
Може не се креваше на шут, ама имаше неколку добри пасови. Два пати до Манасков, два пати до Столе. Со тие комбинации имавме некоја разбоврсност во нападот. Е сега што ги уткавме пеналите тоа е друга работа.
Тука Обрван на тајм аут рече доста му ја спуштате на Столе (тоа дотогаш вродуваше со плод) и Прибак се изгуби.
Второ полувреме дупка не видена. Два пати се плесна во противникот и му досудија пробивање...
Откако место да ја заврши акцијата направи пробивање, како да се испичка. Бегаше од топката, како што прави Филип Лазаров. Уште малце во наша половин ќе влезеше за време на нашите напади. Па Обрван уште во одбрана го играше :tapp: Каде бе?
Сепак во иднина очекувам многу повеќе од него, ипак денес сите беа изгубени, така да не можм многу да му замерувам.

Крилата онака. Дадоа доста голови, утнаа зицери како по навика...
Денес Пецакот беше најдобаар. Како што кажав, он е играч кој игра на веќе загубени утакмици. За такви мечеви е цар, секогаш е најпрецизен. Сепак заслужува место во репрезентација, но ништо повеќе од просек, како што сде сите наши бекови освен Кире и Миркуловски.
Миркуловски одново многу се трудеше, но премногу утнати зицери има... Мада доста работи за да дојде до ситуациите, и премногу удари трпи дур да шутне и некако после тоа неговите удари се лесен плен за голманите.
Столе стандард, го скршија од ќотек...

Преку кур од овие Унгарците само тоа имам да кажам :place:
Па и од Исланд (n)
 
Кире си беше лош и денес и на минатиот натпревар туку голот за победа и прецизноста од 7м ве тера да си носите погрешни заклучоци . На минатиот меч Кире имаше 4 гола од игра ,а денес Кире имаше 3 гола од игра. Ама денес промашуваше од 7м .
 
Абе доста со Шител, Теле ма, Анал 5 :D
Секоја телевизија си зголемува гледаност како знае и умее, плус не се работи за тим на "Ѕинго педер напред Вардар" него се работи за национална селекција! Тој што не се надева на победа нема никогаш ни да ја оствари, нека си се запраша што не е во ред со него а не да малтретира тука со постови. Спортист не се занимава со спорт ако не верува дека може да победи!
Нација која не се надева на успех нема ни да го постигне. Не ми треба Сител да ми каже дека одиме на победа, јас лично секогаш верувам дека може да се победи секоја селекција!
Несакам да верувам дека Киро несака да игра со Прибак, но се сомневам и ќе продолжам да следам како ќе се одвива ова. Ептен е симптоматично. Киро кој беше како експлозив на првите три натпревари, сега беше без емоција. Штом селекторот го седна на клупа тука нешто ми смрди. Ке се покаже на следниот меч со Исланд. И секако се надевам на победа!
Тоа што сакав да го видам од Пецакот во еден пост, го покажа денес, може уште повеќе дрскост да покаже!
 
Само да се одјавам од темата. Ќе ги изгубиме и следните два натпревари, бидејќи реално сме канта за напуцавање во групата. На премудриот Шител ќе покажат со прст кој е виновникот, претпоставувам селекторот, вие ќе го голтнете тоа како свињи помијата, и се така до новото големо натпреварување, ако со некое чудо се пласираме на него, во било кој спорт.

Во меѓувреме, нови даноци стигаат...

Јас незнам шо е толку страшно да изгубиш од пресилни репрезентации како Унгарија, Данска и Шпанија. Па и Исланд не се нешто многу послаби. Играч репрезентација сме, ти мислиш дека другите шо се радваме на победите неможиме да го сфатиме тоа, ама грешиш. Сите знајме колку ни е силата.
 
Брзо концентрација им паѓаат, фокус на почеток аут ... се забораваат крилата,а и коа се користат,крилата пак цело време доле му шутираат на голманот , поготово ќе го нагласам Манасков ... агресивност нема воопшто ,премногу пасивни ... нападот ти е бавен и неодлучен ,цело време ,пикер и од бекови шутеви и ете ти од каде висок процент на одбрани на противничкиот голман ... сигурен сум дека имаме една од најдобрите одбрани по квалитет од тимовите ,некои ќе се десогласите ... но нема агресивност ќе повторам .. се заборава овој елемент ... АГРЕСИВНОСТ ....

514_400x400_NoPeel.jpg
 
Тоа е лоша реализација, голманите трупци кире исто. Сунѓерот нека не претскажува повеќе

Sent from my LG-E400 using Tapatalk 2
 
Зашо ја се мислев дека од оваа група поминуваат првите 4 :tapp: Поминуваат први 2 во полуфинале,а трето место од групата игра за 5-6 место :D
 
Со години какви идиоти се влечат низ репрезентација, земај исчисти се таму, Митков неможам да го гледам, чуваме тројца играчи шо играат само одбрана. Кире денес изигра колку шо може, 33 години има неможе да разбива веќе, досега многу голови од пенали даваше, денес ништо.

Не се до толку поквалитетни Унгарија од нас за да губиме толку разлика, но тоа е тоа, Борко пак потфрли, одбраната исто дозволуваше многу шутови од 9 метри. Толку е силата, и задоволен сум, ама играта може да се подобрува, срамота е кога имаме контра или полуконтра скоро никогаш гол не даваме, или ќе им падне од раце топката, или ќе напраат пробивање. Исто и многу други рутинирани акции шо ги играат другиве репрезентации ние не ги праеме. На пример коа Кире навлага на средина, навлекува тројца додава до средниот бек кој е на десен бек кој одма треба да ја префрли до Георгиевски. FAIL FAIL FAIL! Ќе му ја додадат у нозе на Георгиевски тој бавно ќе влезе и никогаш нема чист агол, дури и со играч повеќе.:confused: Од Манасков нема да биде никогаш крило јако, дечкото е спиди гонзалес и јака атлета, али техниката на шут му е нула, па Макаловски на времето е ѕвер за него, кој му бил тренер незнам. Секоја утакмица ме разочарува. :(

И Прибак ака Рутенка.:facepalm:
 
Он топик: Не не бива бе. Го гледам голманов на Унгарија и му се восхитувам. Какви рефлекси, каква одбрана, овој нашиов брани од кога топката ја погодува мрежата. 2 seconds 2 late.

И раситнив 5000.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom