Македонија - Унгарија [ 18.01.2014 - 16:00 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?

  • Македонија

    Гласови: 80 66,7%
  • нерешено

    Гласови: 15 12,5%
  • Унгарија

    Гласови: 25 20,8%

  • Вкупно гласачи
    120
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ушта двајца како Мојсо да имавме исти, пак ќе губевме. До Мојсо не е!
 
Не ја гледав досега Унгарија на првенството, ама си викав тие без Перез и Наџ, ние со Прибак плус окуражени после Австрија имаме шанси... то на крајот :noze:

Тука се гледа нашата сурова реалност. Едноставно без играчи кои не можат да се кренат од 9-10 метри и да ја скинат мрежата во денешниот ракомет е многу тешко да се игра. Згора на се, играме бавен ракомет, па дури и кога сме со играч повеќе мора да сврти топката 3 пати бавно.
Друга работа е дисциплината во играта.
Кире јест е нашиот командант, играч на векот и шо уште не... Ама ко ќе се промаши пенал, се остава некој друг да шутка нареден пат, за жал Кире има его дури после 3 промашени пенали да ја препушти топката, на крај епилог 4/11 :unsure: јасно е дека не можи секогаш да има 90% ефикасност, ама ко не ти оди, а ти шуткаш дури и од неизградени позиции... клупата те чека батец. И после ноншалантното однесување на Кире, и останатите си играт курташак. Обрван до сега беше сосема коректен, денес и тој се изгуби. Прибак беше апсолутно бескорисен, како од улица да собрале некој а не играч шо поминал цели подготовки со репрезентацијата.
Борко го искинаја од крило, и не ни одеше на топка на оние проектилите од 10 метри, кои според коментаторот се "лесни голови" :eek:
Од друга страна Дивиот е сраснат со клупата веќе, резултат од неговата лакомост за пари наместо да брани негде. Николче е трет и последен голман, и тој максимум шо прај е полнење шишиња вода... Така да, допрва ќе кукаме за голман ние.

Според мене главниот проблем на ова првенство се одбраната и промашените зицери. Никаква предност немаме кога противникот е со играч (па и два) помалце и се во напад. Мора да примиме гол во таква ситуација, и шо е најтрагично ни прават вишок :facepalm:
Велко, Ацо, Митков камења. Особено Митков... како овој човек се продава во Германија то е чудесија, напад е апсолутно бескорисен и безопасен, а во одбрана освен шо скока ко кенгур, никаква друга функција нема, ниту навремен фаул, ниту да го скрие пикерот, за пресечена топка па да не прајме муабет...:oops: Во овие 10 години откако е во репрезентацијата, една единствена утакмица не памтам да одиграл како шо треба.
Дури и во тие ситуација кога ќе се одбраниме, ако е контра тогаш цела држава стравува да не ја поебат млаџи Манасков или Гоце Ајварот од другата страна... Веројатно до 35 години негде ќе научат дека во контра сосе топка в гол се влегва а не се годи голманот. Ако не е контра, тогаш ни требат 30 секунди да се смениме и да се распоредиме секој на своја позиција, па средниот бек да кажи акција, па 2-3 пати да сврти топката на 15 метра од голот... :sleep:

А и тие шо ошле до Данска да гледат ракомет...
Фенси шалчиња, дресој од по 50 евра, ајфони, чек ин, слики... :giggle:
Јебе се њима што Маџарска нема море а има ратну морнарицу :D
 
Не знам зошто фрлате се и сешто по играчите..
Тоа е бе луѓе,реалност е ова...
Да не се лажиме,сеуште сме добри да победуваме трето.четвртокласни класни селекции како Австрија,Чешка,на ранг како нашиот..
Ама проблемите се појавуваат кога ќе треба да играме со тие второколасни селекции како Полска,Унгарија,Исланд итн...
Унгарците се светлосни години пред нас,плус ни го имаат земено редот и не газат кога сакаат и каде сакаат..
Ако ви текнува со еден Кривокапиќ не победуваа,ејј со стомакот до земја....
Реално денес немавме никакви шанси,ако сакаше и 30 одбрани да имаше Борко и Кире да дадеше 10 гола..
Одбраната ни беше Швајцарско сирење,немаше излегување на рака,немаше блокови,немаше кратки фаули да се разбие ниввната игра,речиси без контакт идеа до позиција за шут..
Е па драги колеги КОГА Е СЛОБОДНА СТРЕЛБА НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ БОРКО ака Министерот за одбрана да ни ја вади утакмицата...
Грото од головите беа чисти шутеви,е па сега кога еден вол од 2 метра како Путич,Анчин ќе се крени непречен од никој да шутира тешко дека некој голман би имал некој завиден процент на одбранети удари....
Затаивме овде комплетно,никаква комуникација на играчите,никакво преземање,нон стоп некој остануваше сам..е па така не се игра одбрана..
Со Австрија ни се погодија коцките и успеавме да ги натераме да грешат,да ја играат нашата игра,овде се виде од самиот почеток колку е сатот...
Второто полувреме беше ревијално,не ни го сметам јас,не се играше ништо...
Првите 15ина минути се виде кој е кој...
Вакви селекции брзо ги користат сите грешки,ќе ти заводат 4,5 разлика и пријатно...
Тоа е луѓе,не треба да се надеваме на секоја утакмица Кире да има 7/7 од пенал и да шутира прецизно...
И тој е човек,има право на слаб ден..
Или Борко да фаќа 20 топки,голманите во ракометот се раководат најмногу од одбраната,ако имаа подршка од одбраната полесно им е да фатат некоја топка....
Најважно е шо(најверојатно) останавме при првата десетка,и пласман од 7-10 место ,шо е огромен успех....
Треба да бидиме реални,а не да креваме еуфорија по секоја победа,па по првиот пораз да караме по сите...
Треба да си го знаеме местото во ракометот...а не да летаме во облаци..
Треба да се вложи во младите,конечно да ги видиме суратите на тие млади деца на едно СП,ЕП...не да чекаме како во случајот со Пецакот да наполнат 28 годин и тогаш да чекаме од нив да направат нешто..
Вака не оди...се почна со Џомба и Манасков,можеби не се класа некоја,ама се солидни крила,треба да се продолжи вака,зошто реално ерата на Кире,Мојсо е при крај....
 
Де бе олабавете малку со Европското...изгубивме изгубивме шо сеа...имате побитни работи у живот...е сега малку релаксација..не ги заборавајте вардарките :cool:
 

Attachments

  • joka.jpg
    joka.jpg
    48,2 KB · Прегледи: 50
Без Мојсо ова е максимумот,џабе беа пумпања ачивмент анлокт :facepalm: за прибак.......ме разочара мислев колку толку ќе допринесе ама шипки.
Ако ништо друго барем Пецаковски искина.

Вугринец да беше во тимов сосема друг муабет ќе беше,човекот повеќе се залага и игра напред назад од 80% од репрезентативците,да не зборам што е бомбардер и што комотно по 5-6 гола на утакмица ќе даваше. Ама тоа е,ако може во иднина да игра супер.

Следна со Исланд очекувам многу подобро да изиграат,зошто сме такви по менталитет,јас затоа кажав дека е многу лошо што првата ни е со унгарија,касно палат нашите уште се трезнат од славењето после австрија,со шпанија прва да беше многу подобро ќе беше ама тоа е.

Важно дебилите што се фетишираат кога губи Македонија мирно ќе спијат вечер.
Јасно ни е,постов ти е секој што е од Вардар не чини,од Металург сите супер играат,бравос;).Впрочем секој пост ти е таков,си се фатил за Прибак,а нели гледаш дека сите беа гола вода.Па дечкото не ни успеа да дојде до шанса да покаже што знае
 
Јасно ни е,постов ти е секој што е од Вардар не чини,од Металург сите супер играат,бравос;).Впрочем секој пост ти е таков,си се фатил за Прибак,а нели гледаш дека сите беа гола вода.Па дечкото не ни успеа да дојде до шанса да покаже што знае

а патем шо па се согласија и овие од РФМ за Прибак...шутраци...кога еве ништо не се покажа...а велеа ууууу сигурно пет гола ќе дае со Унгарија....е ајде де...
 
Кој е овој баниран wannabe трол? (subjekt12)
 
Od vakvi mislenja na tipot bitno e da se uchestvuva Makedonija osvena 4toto mesto u Basket nema poznacajni uspesi sportski.

Mакедонија има популација од 2 милиони жители, никаква инфраструктура, мизерни вложувања во спортот и никаква стручност. Таквите успеси како четвртото место на кошаркарите се подвиг кој тешко дека некогаш ќе го достигнеме и е вреден за споменување. Всушност и пласирањето во оваа фаза е голем успех за нас.

Батали ја пропагандата на Сител
 
Незнам дали е до тренерот,ама некако мислам дека немаме стабилна игра,една утакмица ќе изиграме одлично,во наредната докажуваме спротивно.Незнам зошто во секој репрезентативен спорт кај нас ми се чини дека се дешава истото
 
Незнам дали е до тренерот,ама некако мислам дека немаме стабилна игра,една утакмица ќе изиграме одлично,во наредната докажуваме спротивно.Незнам зошто во секој репрезентативен спорт кај нас ми се чини дека се дешава истото

имаш право..Манасков игра добро за Металург..а за репрезентација не дава цел максимум...а бе остај..оној па Георгиевски најспоро крило на ЕП..шо е тоа ич нема брзина..ајде при контра ќе затрча...
 
Значи нервози се полнам повеќе од некои овде што само критикуваат отколку што изгубивме. Луѓе сватете едно ТОЛКУ МОЖЕМЕ, ТОЛКУ НИ Е КВАЛИТЕТОТ. Денес изгубивме од поквалитетна репрезентација од нас. Првичната цел беше остварена па и подобро од тоа со 2 бода понатаму гледајќи ги работите и повредите што ни се случија од претходно. Друга работа за Прибак. Па Прибак е под многу голем притисок, ДА одигра лошо ама не очекувајте wow. А кога ќе видам некој па за Кире кога напише нешто лошо незнам што да кажам. Кога нема да игра повеќе за репрезентација е тогаш шо праине??? Одиме прва утакмица со Данска, губиме на нивни терен пред 14 000 народ, и има што да видиш тука на форумов. Од лајна надолу ги направивте нашите играчи. Па што очекувате да ја победиме една од најсилните репрезентации на светот на нивни терен?:facepalm:
До пред 5-6 години незнаевме што е ЕП, сега имаме континуитет имаме каков таков успех ама пак не чинат работите, тоа е македонска работа.
 
Некој нека му пренесе на Манасков :
„Не братче, не може да се даваат голови само со глеање“..
 
Pa dobro. Priznavam mozebi so dobro sudenje ke izgubevme so 4-5 razlika. E sega mi e mnogu potesko.

Еве да не излези дека само јас го критикував судењето и гледав некоја друга утакмица
Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, му ја честиташе победата на противникот, но исто така искажа поддршка и на нашите репрезентативци за искажаната борбеност на овој меч. Воедно, првиот оперативец на РФМ искажа незадоволство од арбитражата на белоруската судиска двојка, која добро е позната на македонската спортска јавност по дуелите од СЕХА-лигата, откако беше задолжена и за делење на правдата на последното дерби меѓу Вардар и Металург.
Унгарија денеска беше подобар и посреќен противник, но без разлика, честитки на нашите репрезентативци за максималната борбеност и пожртвуваност во текот на целиот натпревар. Борбата за што подобар пласман продолжува, но жално е што најлошото судење досега го имавме денеска, на првиот натпревар на кој ни судат судии од СЕХА-лигата“ – изјави Филип Милошевски.
http://ekipa.mk/miloshevski-najlosho-suden-e-so-arbitri-od-seha/
 
Vtoro poluvreme na Kire mu bese strav da sutne.Sramota za igrac od negova klasa.
:)



Ајде легви одма утре можи попаметен ке си... Не е страмота да има човек лош ден, преморен е човекот сам игра , кога во овие 4 утакмици си видел слаба игра од Кире освен денес? како што прават другиве ќутуци во тимот, еден ден јаки еден слаби и тн... како топло ладно да играат ..

Не е крив Кире шо нема никаква подршка , и шо нема играч да го замени кога не му оди.. Да беше и Вугринец и Мојсо ке беше мн мн подруго !!

Митков,Бранче,Марковски, Борко,Диви , Манасков, Ванчо Димовски може да си заминат од репрезентација оут.... и да се најдат други таленти а не секоја година истите играчи +-1,2.. Нека му дадат шанса малце и на други помлади да се докажуваат..
Според мое мислење само КИРЕ е дораснат за вакви натпреварувања !!
 
Дечки ај малце смирете хормони ... кога ќе почнат банови ќе плачете демек диктатура :tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom