@Chemical Angel која слаба лига друже, 80% од репрезентативците играат во најсилните лиги, СЕХА лигата е ниво под Бундеслигата, комотно ги шие другите лиги. Да не правиме муабет што сите играат во Лш со години и години, нема збор тука за професионализам или не. Милион натпревари имаат изиграно на највисоко ниво, плус што повеќето играат или имаат играно заедно во кариерата што е уште поголема предност.
За мене загубивме неочекувано, во натпревар во кој бевме изгубени на теренот долго време, но се вративме и на крај може само да жалиме што не сме четврт финалисти. Среќата тотално не напушти на крај, се изнапромашивме зицери и пенали и тоа е тоа.
Словенија не е ништо посебно, ама апсолутно ништо посебно. Јас очекував многу од нив, ама реално во групната фаза не покажаа скоро ништо. Како индијанци играат, одбрана нула. И јас сакав да ги избегнеме, ама истиот тој Катар кој го зборите буквално ја прегази Словенија, не давајќи им никаква шанса за победа

Немаше потреба од калкулации, никој противник во оваа фаза не беше лесен, особено не од екипите од група А.
И со Бразил да игравме, пак ќе имавме претешка задача.
Одбраната ни се распадна уште на стартот на мечот. Видовме еден натпревар на екипа која игра модерен ракомет и екипа која игра традиционален постар ракомет. Како што би рекол Вујо, овој нов ракомет е нула, да ги видам дали ќе даваат вакви голови во позициони напади како некогаш

Јебига, немаме квалитет да парираме на ваков ракомет, затоа што немаме доволно играчи во двата правци, мораме многу да менуваме, играчите се бавни и тоа е тоа.
Единствена замерка ми е што после секој гол мора нашите да прослават, губат по пет секунди со раце во воздух кренати, а не гледаат дека противникот веќе ни влегол во опасна ситуација

Пребрзи беа, воопшто не успевавме да оформиме одбрана, па дури и тогаш успеваа да дојдат во ситуација да одиграат еден на еден со некој од бековите, да го исфрлат на некоја страна и да дадат лесен гол.
Проработе тој мртовецот Натек, најкриво ми е што тој ја реши утакмицата. Голманите очобол, му оди топката во него и пак кроз нозе му поминува.
Се пробавме и ништо не ни успеа. Сите се испроменија во одбрана. Прибак го летаа како сакаат, го седнаа Јоноски на клупа, па малце почнавме подобро да играме, ама мислам дека беше поради тоа што они тотално паднаа во последните минути.
Столе и Манасков бранат една страна, каде со ваква дефанзива...
Маркоски со дебилски фаули за исклучувања...
И покрај се пак имавме шанса да победиме, ама среќата не не посака.
Прибак е човек за одлука, знаев дека токму тој ќе превземе одговорност за да ја реши утакмицата на крај. Или ЏА или БУ, за жал овојпат БУ

Две чисти промашени ситуации во клучни моменти, како за инает и Гоце првото промашување го напраи во клучен момент каде што сигурно ќе ги патосиравме ако примеа гол, па после и Манасков исто...
Столе во многу битен момент истотака утна зицер, а промашивме и 4 од 5 пенали...
Кире изигра одличен меч, пола асистенции беа негови, сите голови на крилата одат на негова заслуга.
Премногу време на теренот доби Мојсо. Тотално безкорисен, ништо не можеше да направи на теренот.
На лево треба да го игра Прибак, Миркуловски средина и Кире десно, со ваква формација сигурно и во прво полувреме ќе бевме поконкурентни, а и побрзо ќе се враќавме во одбрана.
Уште поголем удар беше исклучувањето на Миркуловски, играчот кој е единствен од бековите кој игра напред и назад. Се проба и со Вугринец, ама овој беше тотален аут денеска.
Исклучувањето на Миркуловски беше сосема оправдано, нема збор тука. И сите исклучувања нивни беа оправдани, што значи во напад сме изиграле сосема солидно чим сме ги терале толку многу исклучувања да направат. Столе беше феноменален, само заради него и се одржавме во игра во клучните моменти.
Пола меч играа без еден играч овие, срамота е што воопшто не го валоризиравме тоа со играта во одбрана...
Јоноски и Велко веќе подолг период се надвор од форма и очигледно е дека бедемот пред нашиот гол е веќе минато и не може да се потрпеме на овој двоец. Алтернатива може да има, Нелоски и Маџовски се карпетини, само што сигурно не може да се очекува дека одма ќе покажат којзнае какви резултати.
Штета е што ова СП го завршуваме на ваков начин. На сите мечеви бевме солидни, игравме добро, ама за жал недоставуваа добри голмани и добра дефанзивна игра. Далеку сме од модерниот ракомет и се потешко ќе се носиме со репрезентациите од ваков тип.
А вакви мечеви може многу лесно сосема друг тек да добијат, да имавме добар голман да им скине некоја контра, немаше да им текне да летаат цело време во напад, веднаш по примен гол...