Македонија-Словенија 25.01. 16:30 h(1/8 финале на СП)

  • Креатор на темата Креатор на темата Tomasino
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе се пласира во четвртфинале?

  • Вкупно гласачи
    180
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Талески и компанија беа декласирани од нивните врсници пред еден месец. Не па да се рваат со возрасни играчи. Не барајте вина у тоа.
Па ја коа реков шанса,не реков дека сите треба да се земат,ама постепено треба да се пикаат у огин.Таму изгубиле ок,овде со играчи како Кире сигурно ќе има што да научат,а Талески секако требаше да биде земен.
 
Катар-Австрија ја судеа хрватски судии.
Да ама нас не смеат да ни делигираат судии од екс ју просторите. Веројатно пак би ни ги делигирале Литванците.
 
Ние сме едно напатено и тажно државиче, и такво ќе си останеме засекогаш. Пораз ко пораз, увек се дешава, некогаш треба да се критикуваат ракометарите, некогаш тренерот, некогаш судиите, али јас денес не можам ништо посебно да им замерам. Има една многу битна работа во спортот, а тоа е среќата. Барселона во фудбал во 2009 или кога и да беше, играше против Челзи во Лондон и губеше 1-0 и беше тотално надиграна за во 90та минута Иниеста да здрви една од 20 метри и да влезе во финалето и потоа глатко да го освои. А зборуваме за тимот кој го играше веројатно најдобриот фудбал некогаш виден во историјата на овој спорт. Е денес ние таа среќа ја немавме за жал. 4 или 5 промашени седмерци, не ми текнуе точно колку беа, 50 стативи, и уште толку зицери. Е јебеш га, кога нејќе нејќе, факт е тоа. За наша жал и голманите немаа ден и сите овие фактори наведуваа на пораз.

Како што реков, немам апсолутно никаква замерка кон момците, изгинаа на терен, немаа спортска среќа и загубија. Тоа е спортот, некогаш победуваш, некогаш губиш... Жал ми е премногу за Кире, врвен спортист, греота е што не изигра бар една Олимпијада. Затоа пишав погоре, ние сме напатено државиче, зашо увек, ама увек мора на нас да ни се дешаваат вакви ствари, односно да немаме грам среќа во клучните моменти, буквално во секој ебан спорт. Мислам да даваат шаховска репрезентација на Македонија, нашиов ќе му ги земе сите фигури на другиот и кога ќе остане потегот за шах-мат ќе ги удри со рака неговите фигури и сите ќе паднат. Ти еам усраниот живот ти еам. :boksix::boksix:
Дај не прави споредба со Барселона или било кој друг тим од големите. У Барселона нема аматери, само професионални играчи што играат во една година број на утакмици, колку што еден наш игра за 5 години. Тоа се вика искуство, а не среќа.
Среќа решава во моменти кога играат два тима со професионалци, додека ние имаме тим со еден професионалец и останатото е куп аматери, што не можат да издржат физички една утакмица.
И во однос на каков тим имаме од ракометари, ова е премија т.е добитна на лото, посебно ако се земе фактот каква ни беше ждребката.
Да имаме тим на професионалци, реално скоро секое првенство би биле во топ 4 тима
 
Барем Катар немаше да ни прави контри на реализирана наша контра.
10 гола ни дадоа со таа брза транзиција словенциве.
Све се играчишта бе, на секоја позиција словенциве скоро имаат пдобри играчи од нашите, а циганиве што тројца играчи имаат другите се чист просек. Не разбирате вие излеа, многу полесно ќе го затворевме пиченцто Марковиќ, и ќе решевеме еден проблем.
Се испичкавме од двајца сдуии, а не од Катар и испаднавме глупи.
Кого ќе сме затвореле...
Никого немаше да затвориме, денес не беа само голманите тапа, туку и одбраната.
Башка се испофаливме секаде со податокот дека Словенците од 9 метри имале 28/9% учинок, па денес и од таму бушеа.
Прифатете го фактот дека самите сме виновни што изгубивме и со ваква игра ќе изгубевме од секого, башка од судиската помош која ќе беше и повеќе од очигледна.

Кој и да ни се паднеше, ќе беше тешка борба и немаше да биде гаранција дека ќе победиме.
 
Дај не прави споредба со Барселона или било кој друг тим од големите. У Барселона нема аматери, само професионални играчи што играат во една година број на утакмици, колку што еден наш игра за 5 години. Тоа се вика искуство, а не среќа.
Среќа решава во моменти кога играат два тима со професионалци, додека ние имаме тим со еден професионалец и останатото е куп аматери, што не можат да издржат физички една утакмица.
И во однос на каков тим имаме од ракометари, ова е премија т.е добитна на лото, посебно ако се земе фактот каква ни беше ждребката.
Да имаме тим на професионалци, реално скоро секое првенство би биле во топ 4 тима
Озбилно? Кој е тој еден професионалец, Кире? А другиве што играат ЛШ цел живот аматери се.. Ок!
Со Барса споредив чисто ради среќата во спортот, иначе може да ти наведам уште едно милион примери од милион различни спортови.

Да речеш дека немаме доволно квалитет би разбрал, ама дека не се професионалци...
 
Кого ќе сме затвореле...
Никого немаше да затвориме, денес не беа само голманите тапа, туку и одбраната.
Башка се испофаливме секаде со податокот дека Словенците од 9 метри имале 28/9% учинок, па денес и од таму бушеа.
Прифатете го фактот дека самите сме виновни што изгубевме и со ваква игра ќе изгубевме од секого, башка од судиската помош која ќе беше и повеќе од очигледна.

Кој и да ни се паднеше, ќе беше тешка борба и немаше да биде гаранција дека ќе победиме.
Како кого ќе сме затвореле па катарциве немаат 10 бека како словенциве па дури од што ги имаат многу и на крило играат играчи што по правило се бекови. И они не ни дадоа којзнае колку гола од бековска позиција, па само на крај тој Натек што рапсали три гола и првиот на тој новиот што го вклучија во оваа фаза во составот, другите голови беа од некаде околу 7м шутеви и чисти позиции од 6 метра со одлични финти на нивните бекови. А Катар е многу многу послаб на тие позиции од Слвоенија, можда Слвоенциве немаат шутери ама имаат одлични и брзи бекови кој скеоја најмала шуплина и шанса 1 на 1 ја користат и без проблем влегуваат низ одбраната баш како брз воз. Нити па имаат такво крило како тој Гаич што не знае да промаши или па уште па да не зобриме за трназицијата која сигурно не е на нивното на слвоенската и по која они денес многу лесно ни дадоа 10тина гола баш кога беше најпотребно и кгоа ние ќе им се доближевме.
Ние денес бевме далеку од победата од почеток до крај ни одржаа лекција по ракомет, тоа што успевавме да им се зкааниме и да им се доближиме ништо повеќе.
 
Озбилно? Кој е тој еден професионалец, Кире? А другиве што играат ЛШ цел живот аматери се.. Ок!
Со Барса споредив чисто ради среќата во спортот, иначе може да ти наведам уште едно милион примери од милион различни спортови.

Да речеш дека немаме доволно квалитет би разбрал, ама дека не се професионалци...

озбилно.
од каде знаеш каков живот водат другиве?освен кире другиве не се посветуваат максимално.
Не беше работава да јадеме гомна за нашите, сепак сме добра екипа и ни фалат еден екстра голман и лев бек.Али тоа е тоа . ОД такт ме извади науче, пиче станал ниту еден дуел не изигра онака машки и да влезе на удар или да проба со влез од 6.Како бате филип си играше само си подаваше.Немавме среќа ама одбранава КАМЕЊА.НЕ е возможно при толку анализи упм да отиде одбранава.Едноставно без никакви анализи да изиграа гарант подобро ќе игравме одбрана.
 
Озбилно? Кој е тој еден професионалец, Кире? А другиве што играат ЛШ цел живот аматери се.. Ок!
Со Барса споредив чисто ради среќата во спортот, иначе може да ти наведам уште едно милион примери од милион различни спортови.

Да речеш дека немаме доволно квалитет би разбрал, ама дека не се професионалци...
И ако играат во ЛШ ги прави професионалци ?
Кај германците, професионално се започнува ракомет уште од 13-14 години и се игра околу 30 утакмици цела година, така додека стигнат на 20 години тие веќе имаат над 200 професионални натпревари, нешто што македонските "професионалци" го имаат на 30 и кусур години професионално играње. За тоа гледаш пад во играта, задишани играчи што едвај чекаат да дојде полувреме итн.
Кире ја имал среќата да биде трениран и стекне искуство до добра ракометна лига и денес е тоа што е, само поради работата и константниот број на утакмици секоја година, од кои сигурно 1/3 не се само да претрчаш.
Македонските професионалци во првенството имаат две утакмици на дома и гости (Вардар-Металург) уште еднаш во купот и пар утакмици во регионалните лиги и ЛШ.
За квалитет имаме, само скриен е поради не професионализмот што се практикува т.е слабата лига од која доаѓаат ракометарите.
 
Не можам да те разберам искрено. Вардар и Металург играат СЕХА лига, домашно првенство и ЛШ, тоа малце утакмици ли се? Манасков колку години има знаеш ли? Колку утакмици има изиграно детето знаеш ли? Па он има повеќе утакмици од 90% од неговите врсници од Данска, Шведска и остали ракометни земји.

Кај нас Вардар и Металург се професионални и сериозни ракометни тимови, а и нивните играчи се однесуваат професионално... Ти што мислиш, играчите на Кил се роботи, не искачаат во кафичи и никад не се начукале во животот? Некои луѓе стварно чудна претстава имаат за спористите.
 
Овие муабети ме потсеќаат, на Цацко кога вика Конопиште е Конопиште, ама Минхен е Минхен :D
Еве Манасков кога гледа дека Металург е скоро готов (ако се најде некој спонзор ќе биде ок), може да прати абер дека сака да игра во некоја од посилните лиги и нека се проба. Само после 2-3 години Манасков ќе го викаат новиот Кире
 
@Chemical Angel која слаба лига друже, 80% од репрезентативците играат во најсилните лиги, СЕХА лигата е ниво под Бундеслигата, комотно ги шие другите лиги. Да не правиме муабет што сите играат во Лш со години и години, нема збор тука за професионализам или не. Милион натпревари имаат изиграно на највисоко ниво, плус што повеќето играат или имаат играно заедно во кариерата што е уште поголема предност.

За мене загубивме неочекувано, во натпревар во кој бевме изгубени на теренот долго време, но се вративме и на крај може само да жалиме што не сме четврт финалисти. Среќата тотално не напушти на крај, се изнапромашивме зицери и пенали и тоа е тоа.
Словенија не е ништо посебно, ама апсолутно ништо посебно. Јас очекував многу од нив, ама реално во групната фаза не покажаа скоро ништо. Како индијанци играат, одбрана нула. И јас сакав да ги избегнеме, ама истиот тој Катар кој го зборите буквално ја прегази Словенија, не давајќи им никаква шанса за победа ;)
Немаше потреба од калкулации, никој противник во оваа фаза не беше лесен, особено не од екипите од група А.
И со Бразил да игравме, пак ќе имавме претешка задача.

Одбраната ни се распадна уште на стартот на мечот. Видовме еден натпревар на екипа која игра модерен ракомет и екипа која игра традиционален постар ракомет. Како што би рекол Вујо, овој нов ракомет е нула, да ги видам дали ќе даваат вакви голови во позициони напади како некогаш :icon_mrgr:
Јебига, немаме квалитет да парираме на ваков ракомет, затоа што немаме доволно играчи во двата правци, мораме многу да менуваме, играчите се бавни и тоа е тоа.
Единствена замерка ми е што после секој гол мора нашите да прослават, губат по пет секунди со раце во воздух кренати, а не гледаат дека противникот веќе ни влегол во опасна ситуација :facepalm:
Пребрзи беа, воопшто не успевавме да оформиме одбрана, па дури и тогаш успеваа да дојдат во ситуација да одиграат еден на еден со некој од бековите, да го исфрлат на некоја страна и да дадат лесен гол.
Проработе тој мртовецот Натек, најкриво ми е што тој ја реши утакмицата. Голманите очобол, му оди топката во него и пак кроз нозе му поминува.
Се пробавме и ништо не ни успеа. Сите се испроменија во одбрана. Прибак го летаа како сакаат, го седнаа Јоноски на клупа, па малце почнавме подобро да играме, ама мислам дека беше поради тоа што они тотално паднаа во последните минути.
Столе и Манасков бранат една страна, каде со ваква дефанзива...
Маркоски со дебилски фаули за исклучувања...
И покрај се пак имавме шанса да победиме, ама среќата не не посака.
Прибак е човек за одлука, знаев дека токму тој ќе превземе одговорност за да ја реши утакмицата на крај. Или ЏА или БУ, за жал овојпат БУ :D
Две чисти промашени ситуации во клучни моменти, како за инает и Гоце првото промашување го напраи во клучен момент каде што сигурно ќе ги патосиравме ако примеа гол, па после и Манасков исто...
Столе во многу битен момент истотака утна зицер, а промашивме и 4 од 5 пенали...
Кире изигра одличен меч, пола асистенции беа негови, сите голови на крилата одат на негова заслуга.
Премногу време на теренот доби Мојсо. Тотално безкорисен, ништо не можеше да направи на теренот.
На лево треба да го игра Прибак, Миркуловски средина и Кире десно, со ваква формација сигурно и во прво полувреме ќе бевме поконкурентни, а и побрзо ќе се враќавме во одбрана.
Уште поголем удар беше исклучувањето на Миркуловски, играчот кој е единствен од бековите кој игра напред и назад. Се проба и со Вугринец, ама овој беше тотален аут денеска.
Исклучувањето на Миркуловски беше сосема оправдано, нема збор тука. И сите исклучувања нивни беа оправдани, што значи во напад сме изиграле сосема солидно чим сме ги терале толку многу исклучувања да направат. Столе беше феноменален, само заради него и се одржавме во игра во клучните моменти.
Пола меч играа без еден играч овие, срамота е што воопшто не го валоризиравме тоа со играта во одбрана...
Јоноски и Велко веќе подолг период се надвор од форма и очигледно е дека бедемот пред нашиот гол е веќе минато и не може да се потрпеме на овој двоец. Алтернатива може да има, Нелоски и Маџовски се карпетини, само што сигурно не може да се очекува дека одма ќе покажат којзнае какви резултати.

Штета е што ова СП го завршуваме на ваков начин. На сите мечеви бевме солидни, игравме добро, ама за жал недоставуваа добри голмани и добра дефанзивна игра. Далеку сме од модерниот ракомет и се потешко ќе се носиме со репрезентациите од ваков тип.
А вакви мечеви може многу лесно сосема друг тек да добијат, да имавме добар голман да им скине некоја контра, немаше да им текне да летаат цело време во напад, веднаш по примен гол...
 
Иако можеби не е ферски, едно поединечно видување од мене:

Одбрана:
Тука го загубивме првенството. Она што ни беше најдобра страна, сега ни беше најслаба. Прелоши партии од Ацо и Велко, катастрофа соработка со голман, катастрофа голман(и). Ако со слабиве репрезентации нападот надомести, со појакиве не успеавме. Иако можеше, да, и покрај толку слаба партија на одбраната пак имавме прилики и против Хрватска и особено денеска да го свртиме резултатот, ама тука промашувавме зицери, голманите противнички бранеа, немавме среќа...

Индивидуално:
Рековме веќе, Борко е дупка за удари од 9 метри. Одсекогаш бил. На ЕП Србија имаше одлична одбрана пред себе па колку толку фаќаше, делумно и на СП Шпанија следната година. Но толку, министерот за одбрана не мора да си поднесе оставка ама мора да го спушти егото.

Мораше Диви да добие поголема минутажа. Не дека е многу поарен од првиов, ама мое мнение е дека ќе фатеше повеќе удари. Впрочем, тоа и го покажува второто полувреме против Австрија и ова денеска.

За разлика од минативе два големи собири, овојпат кон Манасков и Георгиевски не треба да има никакви замерки. Конечно се разработија и тие, промашија некој зицер но напредокот во играта им е неспоредлив со тоа што го правеа во минатово. Особено не очекував од Георгиевскида изигра така добро.

Ако во Србија го добивме Столе во тимот, сега го добивме Никола. Момакот како што пишав вчера има одлична иднина. Со асална работа ќе добиеме супер втор модерен пикер во тимот кој ќе може да игра во тандем со брат му во срцето на одбраната.

Номче веќе нема сила, му се глеа желба у очите ама човекот е толку многу истрошен и искршен што ни против просечни одбрани не може да сврзе неколку гола по ред.

Прибак е синоним за баксуз. Жал ми е за човекот што погодените пречки и стативи од херој го направија трагичар. Би сакал да остане во репрезентацијата затоа што со него имаме добар бек ап плеј.

Миркуловски во рамки на очекувањата, нема што широко да се коментира за него, секако останува тука.

Вуги ништо не покажа. Најголемата позитива од него ја видовме во тоа што го одмори Кире неколку минути. Па нека остане и понатаму за тоа, и така левак неаме за лек таму.

За Филип и Златче нема потреба од трошња на зборови.

Кире пак у небрано. Кога проба да превземе одговорност се изнапромаши. Денеска се испичка малку и му беше страв пак да не заебе. Каков е таков е најдобар е што го имаме. И понатаму ќе ние ударна сила.

За ОИ имаме шанса и на ЕП догодина ама тоа ќе биде неверојатно потешка и поневозможна. Така кога веќе се пропушти ова, нека го спроведат тоа подмладување. Со кои играчи, ваљда со овие експонираниве, какви и да се.

Идеално според мене би било да се проба со двајца од Талевски, Неловски и Димитриевски место Филип и Наумче. Доволно е две нови имиња во тимот. А Филипче и Наумче ги гледам како некои што најмалку би можеле да придонесат за тимот.

Исто и Ацо, време му е. Секако и намигнувачот ама таму па не знам дали имаме резерва. Затоа треба да се премине во натурализација на Матијаж Брумен! :love:

Тренер:
Стручниот штаб добро си ја врши работата. И тие имаа неколку фалинки ама во споредба со претходните што сме ги имале овие се премија. Сум за останување на Обрван и Брестовац. Ако не се лажам го зема него и во Шамбери така да зошто не би биле наш „шведски модел“.

За да биде максимумот од нив секако мора и нашиве да ги слушаат. А имам чуство дека не ги слушаат максимално и дека уште има од старите аури каде тренерот беше безгласна бувка.

Реков, штета, ова беше огромна шанса за оваа генерација на Олимпијада да си го заокружи својот учинок низ годините и конечно да имаме повеќе од тројца учесници на ОИ.

Баш ќе го личеше Кајмакоски како знаменосец. :(
 
Иначе и како девето пласирани ќе имаме шанса да се пласираме на ОИ (прво да завршиме деветти).
Ако Катар освои Азиско првенство, а ЕП освои некоја екипа која веќе обезбедила учество, тогаш и 8-иот и 9-тиот ќе се пласираат во групите од ОИ.
 
А чинам Катар реално е да освои азиско првенство така? Тогаш изгледни ни се доста шансите, зашо 100% ќе освои репка која веќе обезбедила учество. Реално победникот на ЕП ќе се бара од Франција, Данска. Шведска, Германија, Шпанија, стандард.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom