Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Па како ќе биде среќен кога душа даде а изгубивме :(.
Ај утре ќе се расположат сите,
--- надополнето: Sep 18, 2011 8:27 PM ---
Покрај такви НБА ѕвезди прв стрелец и во прва петорка не е мала работа. :cuc: Да бев женско ќе му дадев еднаш.
Ја па ќе го почастам со тоа шо нема више да бидам расист.
 
Мои ШАМПИОНИ!Ми падна тешко поразот,не викам не.Но за мене остануваат и понатаму херои.
Дамјан промаши на крај,точно е.Но не треба да го обвинуваме него.Се случува,млад е,неискуство е во прашање.Случајно се најде на таа позиција и ете.Само не сакам сеа да чувствува товар на грбот и цел живот да мисли на тоа.
Јако беше на плоштад кога сите клекнавме доле на земја и бевме во исчекување на последниот напад.За жал не го дочекавме но тоа е тоа.Битно ми беше што сите после тоа беа со кренати глави.Додуша пуштивме по некоја солза,али тоа е.
 
Незнам зошто се разочарувате.Да тешко е да се изгуби натпревар на ваков начин но и никој воопшто не се надеваше дека ќе стигнеме до овде.По поразот од Црна Гора сите изгубивме надеж бидејќи таа беше една од полесните репрезентации и да се загуби од неа ги руши надежите.Но со одлична и прилично изненадувачка игра успеавме да стигниме до полуфинале и битка за третото место.Доколку ја победевме Русија првиот пат можеби сега ќе беше друга приказна и ќе игравме во финалето но ова е далку од лошо.Ова е историски резултат.
 
дајте слики од Бо со знамето македонско кога беше прогласен во најдобрата петорка???
 
дечки Европа не ви даде медал

НИЕ КЕ ВИ ДАДЕМЕ ОРДЕН!ЗАСЛУЖИВТЕ!

Orden_za_zaslugi.jpg

Орденот за заслуги за Македонија, како што самото име кажува, е одличие за заслуги за Република Македонија наполитичко-социјален, но и културен и други планови.
 
Ај додека не е затворена темава да се позафркаваме уште малце за Кириленко, кој гледал Adams Family знае дека и он глумел ..

o0szgp.jpg


А кој гледал знае и дека таму “глуми“ и неговиот најдобар пријател раката (читај Ламоника) :icon_lol:
 
Јас сум презадоволна од играта и од момците, но највеќе ми е жал за нив што не го земаа бронзениот медал, душата им остана на терен само нашта екипа немаше кој да ја одмора со нецели 7 играчи стигнавме до полуфинале, шпанците, французите и русите имаат страшно силни екипи што грото играчи им се едни од најдобрите НБА играчи, и по сите глупости на судиите како шлаг на тортата па ние можеме слободно да кажеме алелуја и да морални победници сме, ај да го видам Гасол, Наваро и другите слични на нив да играат 40 минути и кусур без да имаат замена дали ќе ги постигнат истите резултати... како и да е момци Македонци секоја чест и капа долу, вие сте нашите европски шампиони срцата на вашите сонародници е вашиот златен медал, Ви благодарам безизмерно!
 
Не бе...не можам. Уште ми е мака....... 2 четворки испив денес :( Што е многу - многу е. Дури и премногу
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom