Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Луѓе, Дамјан не е Војдан. :D
И незнам како тука некои го осудуваат ова четврто место што ние го освоивме на шампионатот, факт е дека никој после овој шампионат нема да го збори тоа. Додуша ќе го збори, бидејќи бевме тотални аутсајдери и никој не очекуваше да ја поминеме првата фаза, а не да се пласираме во првите четири на првенството. И на листата на носители на медали ќе ја нема Македонија.
Но за Македонскиот народ, а и посебно за кошаркарската репрезентација, составена со 6ипол играчи и те како е голем успех ова.
Штета што или ние или репрезентацијата на Русија немаа некоја голема предност, во која ќе се влези опуштено при крајот на последните две минути, за да осетат Димчевски и Симоновски како е да се игра на ЕП, а не само да се присуствува како гледач.
 
Ај некој нека ми го кажит доприносот на Дамјан, на Соколов, на Мираковски, на оние двајцана на тајмаут шо ги покажвет? А другите, МАЖИШТА, секоја чест.

100% си Охриѓанец...дај олабави олади се во тоа езерото малку....Дамјан е 6-ти играч во репрезентација...денес имаше супер утакмица....Соколов и Мираковски имаа задача да го одмараат Мекејлеб...све си е наменски размисли пред да ругаш следен пат...
 
Одлично момци, само напред.
Пукнете сите гомнојадци, доста критики бре .
цела репрезентација е за пофалба. Одлично сторено . За понатаму мора да се најде добар центар
 
сите вие што викате: задоволни сме многу секоја чест, не се глупирајте многу зашто до вчера јадевте бурек дека сте сакале БРОНЗА. оладете малку.....не го тупете.....
 
Треба барем еднаш да не напаѓаме кога некој ќе згреши, луѓево ја кренаа цела Македонија на нозе, може да се каже и цела Европа! Треба да им бидеме благодарни за ова шоу кое ни го приредија... Тоа кој што згрешил и како згрешил лесно е да се пишува тука на форум. Ставете се на нивно место, после 10 изиграни меча со репрезентации кои апсолутно ги фаворизираа сите... Криво ми е ептен, моравме да освоиме медал како признание, ама тоа е тоа.
 
Да ни понудеа четврто место пред да почне првенството ќе прифатевме без двоумење. Голем успех браво.
 
сите вие што викате: задоволни сме многу секоја чест, не се глупирајте многу зашто до вчера јадевте бурек дека сте сакале БРОНЗА. оладете малку.....не го тупете.....

Јас злато сакав но сум задоволен и со ова 4 место.
 
Па и другите изиграа 10 меча и??? Немаа катастрофални грешки како Чековски! Разбираме сите уморни се, 10 меча, притисок голем тоа е нормално!!! Ама не пукнаа на крај до толку како Чековски.....
 
Под наводници професионален играч да го промаши тоа...:tapp:
ИЗЛЕЗИ ДАМЈАН ПРАВО НА ТЕРАСА И...СКОКНИ И АМАН
 
ај не јадете трици за дамјан зашто АНТИЧ е крив и го заеба натпреваров, незнам што му се случи! антич појма си немаше цел натпревар едвај неколку коша даде
 
сите вие што викате: задоволни сме многу секоја чест, не се глупирајте многу зашто до вчера јадевте бурек дека сте сакале БРОНЗА. оладете малку.....не го тупете.....
Прво сакавме две-три победи за втор круг ;)
 
сите вие што викате: задоволни сме многу секоја чест, не се глупирајте многу зашто до вчера јадевте бурек дека сте сакале БРОНЗА. оладете малку.....не го тупете.....
Па фала богу дека сакаме и очекуваме, спортски е.
Подобро така него ко неписмениве од претходните страни што плукаат.
Така да и ти олади не го тупи.
 
Ај можи Литванциве ќе се смилуваат и од почит ќе не викнат на доделувањето на медалите барем Литванкине цвеќе да им дадат на нашите ако ништо друго :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom