Македонија на ЕП 2014 Данска - завршно резиме

  • Креатор на темата Креатор на темата Џони От
  • Време на започнување Време на започнување

Како го оценувате настапот на репрезентацијата на Македонија на ЕП Данска 2014

  • Тотално потфрлија

    Гласови: 13 13,5%
  • Во рамките на можностите

    Гласови: 80 83,3%
  • Подобро од очекувањата

    Гласови: 3 3,1%

  • Вкупно гласачи
    96
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас гледам кривица во тренерот. Да беше друг подобро место ќе бевме.

Да беше друг тренер Манасков ќе немаше да промашува зицери,Борко немаше да изигра само еден меч ко што треба,Прибак немаше да биде мизерија на ниво на Митков,и Наумче магично ќе ја санираше повредата и ќе играше ?

Со Червар би биле Unstoppable.

Кире го нејќе Червар зошто знае дека неговото сакато братче топка нема да види.
 
Со Червар би биле Unstoppable.

Мислев некој во рамките на нашите можности, ако е за тоа и јас сакам некој светски тренер, нормално, кој не сака.
А и не ми одговори на првото прашање. :)
 
Сите екипи пред нас се посилни од нас во секоја смисла на зборот, освен можеби Русија ако имаме добар ден... Како и да е... Дури и со Мојсо во тим, според играчкиот кадар реално место во Европа ни е 8-12. Всушност и просекот од досегашните изиграни три Евро првенства ни е 9-то место. Што е многу реално.
Имавме среќа и со полесната група, и се протнавме некако во втора фаза, така да, задоволен сум од конечниот пласман. Ниту изненадивме ниту потфрливме којзнае колку. Чист просек.
 
Aj бе ве боли курц, битно институција како Норвешка е под нас. :свиркам::свиркам::свиркам:
 
Со тој тим толку. Можеби можевме и до 7/8мо место ама со тој менталитет толку.
Значи причини зошто не бевме повисоко: Повредите и менталитетот на екипата.

Мислев и за ова да пишам ама сум заборавил.Лузерскиот менталитет што е карактерситичен за сите наши репрезентации исто така не уништи.Ако се погледат утакмици со Чешка,Исланд па и Шпанија многу лесно ќе се дојде до заклучок дека нашите играчи имаа страв од водство т.е победа.Онаква Чешка со млитав Филип Јиха срамота е да не ја победиш 5 разлика.Имавме шанса и со многу повеќе разлика да ги тепаме,но во моментите кога требаше да се даде гас и да се прегази противникот ние кочевме и им дававме шанса да не стигнат.На крај едвај бод извадивме од мечот кој реално требаше да го имаме добиено на 10 минути до крај.Со Исланд имавме феноменален старт.Подобар старт од тој може само на сон да посакаме,но и тука се јави истиот проблем како на дуелот со Чешка.Додека овие од Исланд не знаеа да погодат пас на растојание од 3м ние наместо да ги столчиме застанавме во место и им дозволивме целосно да се вратат во мечот,а подоцна и да го добијат истот.Ако не се лажам во еден момент ни направија 6:1 серија и тука се реши мечот.Сите ја знаеме големината на Шпанија,но со оглед на фактот што тие играа со 20% од себе можеше многу лесно да ги изненадиме и ако ништо повеќе да им извадиме бод.Се беше супер до некои 7:7 ако не се лажам и кога требаше да стегнеме заби и да покажеме дека сме способни да играме против секоја репрезентација ние на еден начин застанавме и им дозволивме на Шпанците да се одлепат,а подоцна и да не столчат.
 
Важно втора најдобра репрезентација сме од бивша југославија на ова ЕП

Без наумче и филип лазаров може да се каже дека ова беше најдоброто што го можевме, да беа тие двајцата во составот ќе беше можеби за нијанса нешто друго и ќе изборевме пласман во првите 6 можеби. За мене најдобар на ова ЕП? Дефинитивно Пецаковски, строго најдобар на овие неколку натпревари. По него Лазаров - па се знае, една игра, една ќе потфрли и тоа е. Сепак да им аплаудираме и за ова, барем игравме. Нека е со помин и нека си соберат ум за друг пат, за друго натпреварување ако некогаш играме.
 
А шо има да се резимира шо веќе не е 100 пати резимирано и годинава и години наназад?

Нереални очекувања, падови во играта, форсирање на одредени играчи, незадоволство, препукување, префрлање вина, изигравање на газда на репрезентацијата, нарушено его на некои играчи, најави за некакви си проблеми во и околу репрезентација ЗА ВРЕМЕ на ЕП и нарушување на атмосферата, а после се магично се смирува и се е ОК, кавги со селекторот, отстранување на играчи, сеа следува анализирање на сите настани и извлекување на заклучоци и поуки, кои за жал, никогаш да се реализираат во пракса... ако нешто пропуштив надополнете.

Само се прашувам до кога ќе тераме вака? :unsure:
 
Со Червар би биле Unstoppable.


Пффф Червар го игра истиот ракомет кој го игра репрезентацијата од тактичка гледна точка. Впрочем заради играта на Металург, во голема мера и репрезентацијата игра слично оти тоа го имаат тренирано играчите. И ако Червар беше тренер голема е веројатноста Кире да не играше. Некако тешко дека подобро ќе бевме пласирани.
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 20:01 ---
Моментот кога ќе прочиташ дека со Червар би биле анстапабл автоматски сваќаш дека тука нема што да се дискутира.

Да го прочитав ова порано немаше ни "поштено" да одговорам :)
 
КОМЕНТАР: Самоуништување

Македонија го заврши настапот на ЕП 2014, остварувајќи сосема солиден резултат, останувајќи меѓу десетте најдобри ракометни нации во Европа. Секако дека сите заедно сонувавме нешто повеќе, можеби повторување на бајката од Ниш, но реално гледано, шансите за такво нешто исчезнаа уште пред самиот почеток, со проблемите со повредите, надополнети со фактот дека „фалангата“ што во Ниш и Белград броеше илјадници наши сонародници, во Хернинг се сведе на стотина херои што минаа долг пат и ги издржаа за нас нереално високите цени во Данска за да им дадат поддршка на Лазаров, Миркуловски, Манасков, Ристовски и останатите.
Зацртаната цел од пред почетокот на шампионатот е остварена со пласманот во вториот круг, што сам по себе би требало да ни донесе и нешто полесен противник во баражот за СП 2014, ако се избегне Германија. Резултатот е за почит, играта (со исклучок на дуелот со Унгарија) исто така, но за жал се повторува истиот оној проблем – македонскиот синдром на самоуништување кој не дозволува да уживаме во успесите, туку едноставно, во секое добро мора да се најде нешто лошо.
Бранислав Ангеловски е искусен ракометар со голем број настапи зад своето име и како таков мора да биде свесен за одговорноста што ја носи статусот на РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ во спортот што дефинитивно е број еден во државата, уште повеќе кога станува збор за натпреварување како Европско првенство. Токму затоа, зачудува неговиот испад и „бомбастичната изјава“ дадена по мечот со Исланд. Сето тоа беше изјавено на таков начин што скоро цела јавност не веруваше дека Ангеловски може да каже такво нешто, сомневајќи се во веродостојноста на медиумите. Соиграчите, оние неговите најблиски, дури и застанаа во одбрана, велејќи дека новинарите повторно ја извртеле целата работа. Но, не беше така. Бранче го кажа тоа што беше напишано, па на крајот уште и додаде „јако мавајте“, за да не се воздржиме, па да „скриеме“ дел од она што го порача.
На Ангеловски тоа очигледно му лежеше на срце веќе извесно време, можеби го собираше со денови и месеци, впрочем односот со селекторот му беше нарушен веќе подолг период. И никој апсолутно не може да му замери за сопственото мислење… Но, тоа беше самоуништувачки потег против репрезентацијата на Македонија. Да се каже такво нешто, да се тргне во фронтален напад против кормилар на национален тим и претставници на федерацијата, на незавршено првенство, тоа никако не може да се оцени како разумно. Да се спомене Бог и неговата казна кон нашиот ракомет преку повредата на свој репрезентативен колега, тоа е во најмала рака – грев.
Зборува искусниот Ангеловски, но зборува и капитенот Кире Лазаров. Од нашиот „бомбардер“ во изминатите години се навикнавме на вакви недоречени муабети. Говореше слични работи и во минатото, но ниту еднаш не се доискажа. Последен пат најави дека „се што има, ќе каже по гостувањето во Португалија“, во квалификациите за ова Европско првенство. Погодувате, мечот дојде, помина, Кире си се врати во клубот. Минаа и квалификациите, дури и Европското Првенство, а ние не дознавме што е тоа „се што има да го каже“. Вели, молчел за мир во куќата, но тоа изгледа се однесува само за домашната јавност бидејќи во регионалните медиуми гласно говори за работите што му пречат.
Многу врева, полемики и дилеми отворија контроверзните ПАСОШИ, за Немања Прибак и за Ренато Вугринец, од кои само Србинот се појави на ЕП во Данска. Некој ќе каже дека изборот е правилен, сигурно ќе има и многумина што ќе бидат против, но значи ли тоа дека соиграчите треба да тргнат во отворена битка со оние што прифатиле да играат за нашата земја и го носат истиот македонски дрес. Факт е дека Прибак може да игра многу подобро, но дебатата овде е околу дрскоста да се нападне свој соиграч од репрезентација. Го допре тоа дури и Перо Антиќ, па истакна саркастичен коментар за Бо Мекејлеб. Сигурно ги допре и им тежи и на сите граѓани на Македонија, кои дефинитивно не сакаат да гледаат раскол меѓу репрезентативците среде Европско првенство. Затоа што Македонија сме сите заедно, а таму на првенството ја претставуваат ракометарите што го носат македонскиот дрес. И токму тие треба да сфатат дека се само први меѓу еднаквите.
Тоа е репрезентацијата која донела безброј радости, но и од која нашиот оптимистички расположен народ ќе очекува нови успеси и во иднина. Јасно ни е дека ширум Европа има селекции што се поквалитетни, но тимскиот дух е она што треба да не направи поразлични, посилни од ривалите. Да се цени секој резултат, да се даде поддршка по грешките и на вистински начин во вистинско време да се укаже на нив. Тоа е патот по кој треба да се оди. И конечно да се надмине македонскиот синдром на самоуништување.​
 
Битно не сме последни, но секогаш може подобро.... :)
 
Со Червар би биле Unstoppable.

Пошто нели, Червар има магично стапче со кое може да го подмлади и подобри Митков, да ја намали топката за 2 сантиметри за сите зицери да влезат и да го стесни нашиот гол на метро на метро.


Иначе интересен факт е што досега Борко го има највисокиот број на одбрани - вкупно 70.
 
Џабе ќе резимираме,се е кажано..
Се виде се на терен.....не треба да познаваш ракомет,некои работи и најголемиот ракометен лаик ќе ги види....
За играта,за селекторот,за игрите вон теренот се кажано...
Сакавме да играме ала Металург,ама таму владее друга хиерархија,таму има друг диригент,таму има друга коцепција за одбраната,затоа делува тој систем успешен....
Едноставно има ред таму....
Овде освен на моменти се беше село без кучиња...
Едно е домашен есап,друго излегува на пазар....
Тоа е....не оставија без коментар нашите....
Само би го пофалил уште еднаш по незнам кој пат Миркуловски,алал нека му е на дечкото,ете така се игра за националниот дрес,без страв,без респект,без фолирања(препони,дрн,мрн)како нашиот ценет капитен,пола од головите се на негов грб,изнудуваше пенали,се бореше,се тепаше,јадеше ќотек,понекогаш глумеше:) ,на глава се фрлаше за да добие седмерец...
Штета е шо имаме само еден ваков играч...:(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom