Мислам дека се споредуваат периоди и репрезентации кои не можат да се споредат.Секогаш натурализацијата се прави со одредена цел,дали за да се дојде до некое големо натпреварување кое не би го направиле со домашни играчи(кога велам домашни мислам на сите оние кои се израснати во Македонија,првите чекори и славата ја достигнале тука без разлика на етничката припадност),дали за остварување на висок пласман односно борба за првите 3-4 места.
Кај женската ракометна репрезентација беше друга ситуација,без тие натурализирани ракометарки никогаш немаше да се пласираме на некое ЕП или СП и што е најбитно не се искористи тогаш еуфоријата за да се направи јадро за правење на квалитетни ракометарки од Македонија па затоа пак сега ако сакаме на некое големо натпреварување мора да натурализираме ракометарки кои би рекол дека не се светска елита и пак би постигнале само пласман на некое ЕП а никако и добар пласман на истото.Кај ватерполистите беше уште поочигледно дека е битно да се оствари пласман на некое ЕП или СП бидејќи со Македонци тоа немаше да биде случај.
И тука мислам дека се работи за чисто финансиски аспект бидејќи сите тие играат за пари.
Кај кошаркарите и ракометарите е веќе друга работата,ние тука можеме и со сопствени сили да си обезбедиме пласман на ЕП и СП(ракомет) и затоа тука ако се натурализира тоа треба да се прави со навистина квалитетни играчи кои би биле носители на екипата а никако да заменуваат некого на 5-10 минути.Сите го спомнуваат Бо ама тој е светска класа а да беше тоа Оташевиќ,Лучиќ , Синовец ,Луковиќ и да не набројувам такви просек играчи сигурно немаше да биде во ред. Убаво си кажа Стевче во анализата за тоа ако веќе се натурализираше сигурно не требаше да биде тоа таму каде што сме најјаки и каде натурализираните би биле некои замени кои би изиграле 10тина минути а тоа го можат и наши млади играчи.А и да бидеме искрени Прибак е чист просек,Вугринец е класа ама 38год и навистина не знам колку плус би добиле кога Кире би бил на клупата а тој биде во игра. Сигурно никој немаше да се лути ако е тоа некој класа играч како на пр.Атман,Дибиров ама никако од типот на Прибак кој ниту во Вардар не е веќе стандарден.
Кире кажува и сега и пред некој месец ама кој да си го свати сериозно кога рече шт после нив.РФМ ништо не прави за да се отвараат центри и во останатите градови и да се вложува во подмладокот,да се започне уште во основните училишта па во средните ,се што е над 170-180цм уште во осмолетка да се регрутира,вложува средства за нивно тренирање а не самите да си плаќаат по сите тие таканаречени ракометни приватни школи кои целта им е само да си пруграбат пари од децата и каде играат само деца кои можат да си платат а оние кои не го можат тоа нека дремат по кладилници,паркови...
Да се вложува а не спас да се бара во натурализација и плаќање на тие натурализирани(барем така беше во минатото) за да играат за Македонија.Е од нив сигурно нема да можеме да очекуваме “срце на терен“