Ivica^
Confident Liar
- Член од
- 14 август 2007
- Мислења
- 11.431
- Поени од реакции
- 16.749
Местена.![]()
Не биди бе бобипп

Е Бранче прост човеку и Бошко Трпески знае дека вакви изјави не се даваат у овој момент и на овој начин.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Местена.![]()
Најјак момент од мечот беше при еден тајм аут, го даваат Обрван во кадар а у позадина Мојсовски, и Обрван таков објаснува, а овој од позади клима со главата као у стилу: ДА ДА ТАКА ТРЕБА, ТЕ РАЗБРАВ ТРЕНЕРУ, СЕА ЌЕ ГИ ЗГАЗАМ!Не знам за вас ама јас се изгазив од смеење кога ја видов ситуацијава. Исто и Златко кога и намигна на камерата пред да почне второто полувреме.
Инаку за натпреварот, не се нервирајте толку ни се можностите.Зборевме и пред почетокот на првенството, втората фаза е реален дострел за овој тим, така да јас и не сум премногу разочаран од прикажаното, иако стои она народното: Можеше и подобро...
значи одиме на победа против Шпанија?![]()
значи одиме на победа против Шпанија?![]()
Штета за денес,изигравме најдобро,пред се во напад, а пак изгубивме...
Цревото во денешната анализа најдобро ја долови нашата ситуација...
КОГА ЌЕ ДОЈДЕМЕ ПРЕД БУНАРОТ ИЛИ НЕМАМЕ КОФА,ИЛИ КОГА ЌЕ ЈА ИМАМЕ ЌЕ НИ СЕ ИСТУРИ КОФАТА,И НИКАКО ДА СЕ НАПИЕМЕ ВОДА...![]()
Кога одбраната ќе беше како треба,нападот ќе чкрипеше,денес нападот беше доста солиден,најиновативен од сите претходни средби,но немавме цврстина во одбраната,посебно не на средината каде треба(ше)да царуваат Велко и Ацо...
Навистина штета,почнавме одлично,го откажавме целосно нивниот топчија Палмарсон,Гунарсон беше добро затворан во првите 10 минути,и после ни се случи блокада...
Изгубивме од школски акции,нема шо,не прочитаа,ја развлекоа одбраната и ни направија дупки кои не можевме да ги затвориме,посебно не со тие играчи шо ги имаме во одбрана...
Тоа е,друго ме мачи мене...ќе објаснам малку подетално....
Друга работа,ротацијата..
Некаде после 10 минута Ивица почнува да ги врти бековите,без да почека да види дали некој ќе има свој ден...
Случај со Бранче,Бранче добро ги почна и првото и второто,наместо да го држи во игра тој го вади?зошто?за да влези Прибак..
Секоја чест за Прибак,класа играч,ама во оваа селекција е како црна овца,никаква уиграност нема со другите,едноставно се гуши,и тој не е крив,беше фрлен во оган од РФМ...
Нормално е дека треба ротација,ама таа треба да се прави кога ќе се види дека некој играч паѓа,дека веќе нема сила,концентрација..
Овај ги менува без да почека да види шо ќе направат играчите...
Истото ни се случи и со Чешка,во наш залет се прават некои нерезонски измени и се нарушува ритамот...
Истото го прави и Кадењас селекторот на Шпанија,иста шема на измени,временски се знае кога ги ротира играчите,а менува речиси се...
Ама тој може да си го дозволи ова..
Ние не,ние моравме да одиме со она шо во моментот го имамвме...
Добро почнавме но како да немаме сила да завршиме како треба...
Не знам за вас,ама јас не сум задоволен од тоа како Ивица ја води селекцијата..
Тој си тера своја шема,модерна шема ок,ама едно е да водиш екипа како Загреб,сосема друга работа е Македонија,каде се се врти на Кире и пред се на одбраната...
Се откажа пред време од Темелков,добар дефанзивец кој ќе дадеше многу на позиција на двојка,посебно при излегување на левиот бек,место од каде кој стигна не изрешета,Хорак,Шилингер,Путиќ,Јонсон,Јакобсон,кој уште не...да не прајме муаебт колку топки на пикер отидоа баш од оваа позиција,не изигруваат со наједноставни акции...
Друга работа,како селектор Ивица мораше да увиди дека Велко ова ЕП е камен,повеќе штети отколку шо допринесува нешто,треба малку психички да се поработи со него,нешто шо кај Лино не поминува,и во ова е големината на тренерот...
Многу нерезонски исклучувања на Велко,пред се СЛАБА КООРДИНАЦИЈА СО АЦО ПРИ ПРЕЗЕМАЊЕ НА ПИКЕР,пикерот нон стоп им е позади нив,нешто шо не смеат да си го дозволат зошто години играат заедно....
Не пробиваа денес баш каде шо најмалку требаше,по средина...
Заборавив кога последен пат сме блокирале удар на бек...
Но сето ова се должи на слабата наша покриеност на двојка и петка,каде играме со Столе.секоја чест за Столе,ама со играњето во одбрана едноставно го уморуваат премногу и не е свеж за напад,да ве потсетам како само растуравме во Србија преку пикер,сигурно бевме меѓу три најдобри селекции кои имаа игра за пикер..
Вака не добивме ништо од пикерите,ниту блокови,ниту многу пенали,нешто шо беше чест случај во Ниш...
Најчесто се играше преку пикер кога имавме играч плус....
Не дека не даваат по некој гол Столе и Ванчо,ама се далеку од тоа шо требаше да биде...
Овде фали Мојсо кој имаше одлична соработка со пикерите,од лева страна речиси и да не добија ниедна топка на цело ЕП...
Ако веќе не го користеше Бранче за напад,требаше да го проба за одбрана,на двојка или петка,ако ништо друго барем немаше така лесно да ги остава да шутираат...
За одбрана треба подвижни играчи,со долги раце и нозе,кои ќе можат брзо да се движат во линија со топката,да се прилагодуваат,играчи со карактеристики како Гојун,Виран итн,и еден фајтер да се бори со пикерот,ние имаме нешто шо личи на солиден дефанзивец во Велко и Ацо,но го немаме другото...
Ова го имавме во Ниш,Белград,затоа бевме јаки,секој си го знаеше своето место,Бранче,Митков играа одбрана,висока зона имавме,овде Ивица преку ноќ им ги измени местата на играчи шо со години играат исто...
Затоа јас отсекогаш сакам наш тренер,домашен,кој ги знае играчите,кој години работи во македонскиот ракомет...
Штета шо немаме таков па мора да бараме од надвор...
Отсекогаш сме играле 3-2-1 одбрана,сега преку ноќ станавме Скандинавци...
Полека но сигурно 6-0 оди во заборав....
Ќе мора да се менуваме и ние,модерниот ракомет бавните одбрани не ги сака многу,а и ако не ископаме некои нови деца,суртуци двометраши тешко ќе ни оди во одбраната...
Ама нас најлесно ни е да викаме по Борко....кој имаше повторно над 10 интервенции,но сепак недоволно за да ги избегне критиките....
Точно дека веќе не прочитаа...Често се согласувам со тебе, ама овој пат не баш.
1. Скоро цела наша одбрана е истата таа на Металург. Таму Червар си цепи 6-0 скоро цело време. Одбрана не се учи во 1-2 недели. Сака нејќи Обран ќе мора д користи 6-0 барем во 90% од времето. Од време на време можи да смени на 5-1 или 3-2-1 за изненадување, ама не повеќе од тоа бидејќи реално не се спремни за таква одбрана. Ако сакаме друга одбрана тоа ќе мора да се започне уште во младите категории по клубовите а не да се бара директно во репрезентација.
2. Вкупна бројка на одбрани на Борко ама баш ништо не значи. Може и 25 да има ако сака џабе е ако процентот му е лош. Играме генерално побрзо од порано и затоа изгледа вкупниот број на одбрани голем. Плус, ни во процентот не е се. Очигледно е дека во многу наврати се поставува погрешно, годи страна на шутеви од 9 метри (па дури и од крило) уште пред да шутне играчот, а да не ни зборувам за ноншалантни потези и глупости кои ги прави. "Контрата" која ја направи денес сред противничка транзициона одбрана на пример е неопростива. Обрван е крив тука да, што не го седна на клупа до крај за таа глупост.
3. За пикерите, спомна дека во Србија бевме меѓу најдобрите преку пикерите, ама забораваш дека во Србија никој не ни знаеше дека имаме квалитетни пикери и комплетно ги шокиравме со таа игра. Сега сме прочитана книга. Сите играчи скоро ни играат во добро познати тимови од кои може денови видео да се извади. Изненадувања веќе нема. Ако се сеќаваш на сите натпревари после ЕП во Србија губевме по еден куп топки при проигрување со пикер по кој ни правеа контри. И со Шундо, и со Мојсо и секако. А да не зборуваме што Мојсовски е најдобар наш додавач кон пикер. Згора на сето тоа Стоилов е во послаба форма отколку што беше пред 2 години, макар пто голема позитива е што сега барем игра преодна одбрана.
4. За ротацијата, јас немам апсолутно никаков проблем бидејќи тоа е модерен начин на ротирање. Можеби може повеќе да се извади од нашата репрезентација ако се оди според чувство (што според мене е исклучително застарен начин на размислување во било кој тимски спорт), ама генерално како концепт за мене е позитивен. Барем имаме реална ротација, нешто што никогаш порано не сме го имале.
5. Лесно е да се каже ова не функционираше, другото поарно ќе било. Ама сите забораваат дека можеби ќе беше и полошо. Мене воопшто не ме интересира од каде бил селекторот. Битно е да си ја разбира работата и да го вади максимумот од екипата. Не дека Обрван е совршен, далеку од тоа, ама далеку и од тоа дека е лош. А имавме македонски тренери долго време и видовме и тие колку ги бива. Тоа 5то место од Србија очигледно многу ни ги заматува согледувањата на работите. Тоа ниту го отсликува капацитетот на Шундо, ниту капацитетот на репрезентацијата. Тоа беше магичен склоп на околности (тотална непознаница за противниците, потценети, како на домашен терен, сите беа здрави, ни се погоди распоредот итн.) кој никогаш нема да се повтори. Наше е да се погрижиме да работиме модерно и да го подигниме квалитетот на играчите и на екипата на повиско ниво. Моментално повеќе од ова е скоро невозможно според мене. А не треба да се гледа далеку за споредба. На светското во Шпанија бевме комплетни а едно три пати полоши во било кој аспект од играта.
да не повторуваме, анализи можам и јас да пишувам, имам знаење, но доволно ви се оние погоре, се нзаат самите кои се тие, се гледа дека луѓето разбираат ракомет која ја сметам за една од најкомлексните и нјаинтелигентните игри на денешницита, бидете поздравени и дајте па да го чуам стефче што анализира
инаку искрено јас не очекував уште пред вторава фаза да изиграме толку умно со Исланд, повеке се надевав со маѓариве, сепак ќе речам одбраната затаи, не е на ниво кое сум навикнат да гои гледам
сега од поискусните сакам да чујам мислење што мсилите дали никола марковски повеќе ке се снајдеше во одбрана од Стојанче, иако човекот даде се од себе, иако знае да е малку статичен во напад
--- надополнето: 20 јануари 2014 во 23:34 ---