Македонија - Данска [21.01.2012 - 18:15 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Добро дали психички е можно да се толку глупи србиве ??

Нека се јачаат сега,како и сите останати против нас.

Ќе видиме кај ќе завршат.
 
Ај не ја гадете темата со вакви цитати, навистина нема потреба од нив. Не ни требаат ни тепачки ни скандали, ни треба само Македонија во полуфинале или поскромно во финале :)
 
Иначе апелирам (иако јас кога зборам канти тропаат обично), да нема никакви инциденти и тепачки во Белград, посебно не на трибини, да се држиме Македонците заедно и ако има провокации мудро да бидат избегнувани. Знам дека е тешко, краток фитиљ имаме, ама војната треба да се води на паркет, а не на трибини. Најголемо задоволство ќе бидат нашите победи, а сепак нашата публика ќе остане запаметена како најдобра и најпримерна. Нема зошто да им фрламе црна дамка на успехот на нашите борци и златни момци, а доколку се случат инциденти, тоа секако дека ќе се случи. Медиумите се проклети и никој нема да пишува за успесите на Македонците, туку за тепачките. Зборот ми е дека треба мудро да изиграме, да не подлегнуваме на провокации и да ги оставиме нашите да го одработат своето на терен.

И така.
 
Де бре што ви фалеше во Ниш, ко Богови ве пречекаа.

Сега пак серете.
Тоа им е работа на одредени :) Греотка скролал ко луд да извади неколку негативни коментари и да шири тука сеа као нешто... Само уште да сака да издвои 50 ебани евра за својата татковина која многу ја сака, ама тешко, до толку не ја сака :)
 
Кое лудо првенство. Франција е веќе аут од борбата за 1/2финале, ред е сега ние на Данците да им ги скратиме и теоретските шанси. Само да ги спречиме контрите, да не се радуваме на секој постигнат гол, едноставно да ги натераме да ја играат нашата игра како што го направи тоа цела група Б со ред :D
 
@REdStarFan
Samo davam edna poinakva slika od toa sto se pretstavuva nasekade.
Slobodno mozes da si nacrtas cetiri S na celo da krenes tri prsta i da plukas....Ti gi proceslav site posledni komentari i site se arogantno nastroeni so provokacii i omalovazuvanja taka da krajno irelevantni se tvoite stavovi deka nesto se generalizira....
 
генерализираш друже, батали со ширење негативна атмосфера... не се тоа само негови ставови. седум дена поминаа од првенствово, ниту видов ниту слушнав дека некој во Ниш направил инцидент на национална основа, ниту провокација ни бутур, ни од наша страна ни од српска. На крај краишта, ако гледаш од спортски агол на работите, Србија е единствената репрезентација во групата што може да ни помогне за тоа толку посакувано второ место, ако ја совлада Германија и Шведска во првите две кола, а истото го направиме и ние со Данска и Полска. Како и на нашиов форум, така и на српските ќе се јават неколку усвитени глави што ќе пробаат да ја наелектризираат атмосферата со дебилни коментари од типот "ќе падне крв" и сл. и се да заебат. Тоа нема врска со спорт. Ова е супер првенство и нема потреба од такви муабети. Btw, ако сакаш крв, тогаш седи дома и сечи вени, ако сакаш спортски да навиваш и да и помогнеш на репрезентацијата, бујрум во Белград!!!
 
Само шо се вратив од Ниш...
Луѓе,не тресете глупости,баталете форуми,шо пишат некои дечишта...
Едно е да читаш форуми,сосема друго е да одиш на лице место,а трето е да си во контакт со луѓето таму.....
Ниту еден инцидент немаше во Ниш....(ова го зборувам претежно за Битолската експедиција):D..
И воопшто кога ќе се земат заедно сите наши навивачи таму,освен неколку инциденти по кафичите и кафаните,дискотеките,немаше ниедна црна дамка во првата фаза,се помина феноменално...
Пречекот на Србите во Ниш беше феноменален...
Пријатни луѓе,расположени за муабет,за мајтап.......се изнашетавме со еден куп наши реквизити низ Ниш,цели 5 дена ниедна провокација немаше,буквално ниедна.....
Е сеа,ако си ја бара некој бељата со сила,е па сеа,shit hapens,секој е јак на своето буниште..
Се случија неколку фрки во дискотеките,ама тоа се изолирани инциденти....
Во најмалото село нема изигравање мангуп,камоли во град од 300000 жители...
Белград е сосема друга приказна...
Реално гледано,од навивачки агол,Белград не е Ниш..:icon_lol:
Овде има екстремно опасни екипи кои би направиле опасна фрка со било која странска навивачка група...
Баталете кралот,признавање на Косово....:cenzura:
Тие си се нивни територии и нема лабаво овде....мора нашите навивачи таму да бидат многу внимателни,кај одат,со кои реквизити се движат низ Белград........
Нема слободно шетање во Белград како во Ниш...
Е сеа,засега тие групи не се замараат ептен за ракомет,ама сепак,кога се работи за гостување во еден таков насилен и радикален навивачки полигон како Белград мора да се очекува проблеми....
П.С.
За моите очекувања од оваа нова група,утре:)
 
сигурен сум дека имаме статистичари во репката...ама и ја малку од љубопитност анализирав каде најмногу шутирале нивните играчи...работите стојат вака

кумулативно лева страна (десна Голманска)
42/64
кум. десна (лева голманска)
19/28
кумулативно доле
45/56
кум.горе
19/28
значи акцентот би се ставил на Десно Голманска страна и доле.....и лево голманско доле
најинтересно е шо нашите голмани таму имат Најмал % на одбранети удари...........
после мечот сакам да напишат статистиките некоаш немат врска
 
Само шо се вратив од Ниш...
Луѓе,не тресете глупости,баталете форуми,шо пишат некои дечишта...
Едно е да читаш форуми,сосема друго е да одиш на лице место,а трето е да си во контакт со луѓето таму.....
Ниту еден инцидент немаше во Ниш....(ова го зборувам претежно за Битолската експедиција):D..
И воопшто кога ќе се земат заедно сите наши навивачи таму,освен неколку инциденти по кафичите и кафаните,дискотеките,немаше ниедна црна дамка во првата фаза,се помина феноменално...
Пречекот на Србите во Ниш беше феноменален...
Пријатни луѓе,расположени за муабет,за мајтап.......се изнашетавме со еден куп наши реквизити низ Ниш,цели 5 дена ниедна провокација немаше,буквално ниедна.....
Е сеа,ако си ја бара некој бељата со сила,е па сеа,shit hapens,секој е јак на своето буниште..
Се случија неколку фрки во дискотеките,ама тоа се изолирани инциденти....
Во најмалото село нема изигравање мангуп,камоли во град од 300000 жители...
Белград е сосема друга приказна...
Реално гледано,од навивачки агол,Белград не е Ниш..:icon_lol:
Овде има екстремно опасни екипи кои би направиле опасна фрка со било која странска навивачка група...
Баталете кралот,признавање на Косово....:cenzura:
Тие си се нивни територии и нема лабаво овде....мора нашите навивачи таму да бидат многу внимателни,кај одат,со кои реквизити се движат низ Белград........
Нема слободно шетање во Белград како во Ниш...
Е сеа,засега тие групи не се замараат ептен за ракомет,ама сепак,кога се работи за гостување во еден таков насилен и радикален навивачки полигон како Белград мора да се очекува проблеми....
П.С.
За моите очекувања од оваа нова група,утре:)
Да те надополнам на тоа што го кажа за Ниш.
Значи буквално се осеќав ко дома. Не ни очекував олку добар пречек од Нишлии. Премногу гостопримливи, дружељубиви луѓе. Се шеташ со македонски реквизити по улица, па ти свират, те поздравуваат, те среќаваат на шеталиште како да се знаеш со нив 100 години, браво за победата, како беше ова она со кој играте следна итн... Во бисер ресторанот кај што бев поголем дел од слободното време незнаете какви атмосфери имаше несамо од македонци, срби и србинки кои случајно се нашле тука започнуваат да се веселат со нас. Секаде не поздравуваат. Последниот ден еден човек носеше пони коњ со него и ни бараше македонски шал да му стави :pos:, многу возачи на автобуси и таксиња бараа македонски знамиња да земат...

Уште сега носталгија ме фаќа :(
 
Мислам дека е време Кире да распали и да даде над 10 гола.(y)

Очекувам Шундовски сега да приреди едно тактичко
изненадување на данците и да го стави Златко Мојсовски во првата постава на десно крило. :icon_mrgr: :pos:
 
Брат сите голмани имаат најмал процент на одбранети удари кога ударите се доле.
Тоа не е вина на голаманите туку на одбраната што овозможила таков удар. Ако има удар доле, одбраната е виновна што не блокирала и дозволила празен простор.
Многу се тешки тие удари, а мислам дека Борко доста добро ги брани. Кај него се јавува проблем за повисоки топки што реално се далеку полесен залак. Кај Диви сосема обратно...
 
Не лупајте, нема да има никакви инциденти во Белград, националисти има секаде, тие се поединци, џабе генерализирате.
Во Ниш пречекот од Србите бил феноменален, не гледам причина зошто да не биде така и во Белград. Политиката е курва, ама народот бил и ќе биде пријателски, нешто што е многу подобра варијанта отколку кога би било обратно, односно ние да се мрзиме, а политичариве да глумат пријателство (Булгарите на пример).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom