Македонците ВТОРИ во СВЕТОТ по гледање ТВ!

  • Креатор на темата Креатор на темата GTFO
  • Време на започнување Време на започнување

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Според амеркиканската агенција „Нилсен", Македонците се наоѓаат на второто место во светот во поминато време пред телевизор

Амеркиканската агенција „Нилсен" напарвила истражување каде во светот се гледа најмногу телевизија. Според тие истражувања, Македонците се наоѓаат на второто место, подобри се за 14 минути од граѓаните на најразвиените земји во светот.
Дневно трошат по 5 часа и 18 минути пред телевизорот, а подобри од нас се Србите со по 5 часа и 39 минути.
На третото место се Американците со 5 часа и 4 минути.

Азиските земји не сe многу заинтересирани за гледање телевизија и се наоѓаат помеѓу последните.
Голем дел од нив ТВ програмата ја следат преку нивните мобилни телефони.

:nesvest:
 
Ееееееее значи ако Србиве не не` заебат никој нема :pos2:
 
Памтам на времето баба ми и дедо ми ги гледаа вестите на Телма во 4, па на Канал 5 во 5, па на Сител во 6, па на А1 во 7, па на МТВ1 во 8, па после може па на Сител да пуштеа од 9...
 
Памтам на времето баба ми и дедо ми ги гледаа вестите на Телма во 4, па на Канал 5 во 5, па на Сител во 6, па на А1 во 7, па на МТВ1 во 8, па после може па на Сител да пуштеа од 9...

Освен што ги гледаме сите вести немој никако да ги заборавиш сапуниците турски, индиски, шпански, венецуелски, хрватски, српски ... ги пополнуваат сите термини, а и со се репризи се таман не за 5 саати, него за 24.

Шо да правaт оние 30% невработени луѓе, ќе гледаат телевизија, битно се подобрува програмската шема во прилог им иде тоа.
 
... и моментално, најново, ЕВРЕЈСКА серија...

Него дури сега разбрав зошто народот е толку прост и површен... Поминува 5 саати пред телевизорот гледајќи македонски канали што само перат мозоци и работат за интересите на тој што ќе фрли поголема пара... Сепак, честитки, и во нешто да сме на топ листата... дури и пред Американците бреееееј!
 
се гледа дека ние македонците сме најголеми дебили,глеање тв и пред компјутер,излезете надвор убавина природа,девојки,да се види правото светло на животот
 
се гледа дека ние македонците сме најголеми дебили,глеање тв и пред компјутер,излезете надвор убавина природа,девојки,да се види правото светло на животот
Се ама тоа не.Тие се дома и гледаат ТВ.
 
Јас верувам дека за 3-4 месеца ќе ги престигнеме србите.Еве и на МТВ почнаа со индиска серија сега уште телма да почне да емитува турска или индиска серија и алфа и нова тв да пуштат уште по една турска и ќе поминуваме и по 7-8 саата пред тв.Да се заредат со серии од 3 саатот до 10 вечерта.
 
Испитувањето мора да е точно.
Доказ: ние сме нација со најиспрани мозоци. Кое е најдобро средство за перење? Телевизијата, нормално.
 
Испитувањето мора да е точно.
Доказ: ние сме нација со најиспрани мозоци. Кое е најдобро средство за перење? Телевизијата, нормално.

Vtora nacija .. Srbite se tamu pred nas :) Ali imame ambicii za prvoto mesto ..
 
Испитувањето мора да е точно.
Доказ: ние сме нација со најиспрани мозоци. Кое е најдобро средство за перење? Телевизијата, нормално.
А јас мислев дека е машината за перење.Али ок утре ќе го пробам телевизорот да исперам на 60 степени со ариел.
 
не е можно ова да е вистина :nesvest:
ние, македонци, да сме втори во нешто? во светот?

абе ајде бегај...........
 
тоа покажува колку е застапена невработеноста во овие земји...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom