Македонците во мај заштедиле речиси 600.000 евра дневно!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Добро вест е тоа што се зголемиле штедните влогови. Лошата вест е што не се зголеми понудата не кредити. КАј се парите? Банките сега имаат повеќе пари за да ни дадат кредити, дури можат и каматните стапки да се намалат.
И овие заштеди се резултат на дознаките од печалбарите во странство. инаку Македонија де факто е во рецесија и имаме намалена ликвидност одовде нема шанси нешто да се заштеди.
Во недостиг на други убави вести некој вади од констелацијата вакви податоци за да си имаме претстава дека нешто позитивно се случува.
 
50 еура ............... ама не во банка, туку под перница ! :D


не ме прашаа ама заштедив 5000 не за друго туку да исфурам еден добар одмор...а дека не стига платата....не стига...а тие шо не одат на работа.....уште потешко......
 
не ме прашаа ама заштедив 5000 не за друго туку да исфурам еден добар одмор...а дека не стига платата....не стига...а тие шо не одат на работа.....уште потешко......

5000 што ............ денарос ..... или ...... еурос .............. :confused:
 
Компаниите и граѓаните во минус, блокирани 140.000 сметки


80D4B67D29E7364DBEB33B52F4417113.jpg

Неликвидноста е главната причина за порастот на блокираните сметки, кој е поголем за 33.000 во споредба со истиот месец лани
Маја Томиќ
Неликвидноста се' посилно ги притиска домашните компании. Најголема потврда за тоа е растот на бројот на блокираните сметки на фирмите од почетокот на годинава до сега. Според најновите податоци на Народната банка на Македонија, во јуни имало 133.871 блокирани сметки, од кои 57.264 биле на правни лица. Вкупната бројка за блокирани сметки во јуни е за 13.897 повеќе отколку во јануари годинава, а дури за 33.365 повеќе од сметките што биле блокирани во јуни минатата година.

Клучниот проблем за се' поголемиот број на блокирани сметки е беспарицата, односно хроничната неликвидност на бизнис-секторот, на што одамна алармираат стопанствениците. Од една страна, фирмите имаат проблеми со редовната исплата на долгот на државата кон нив, па тие не можат навреме да си ги платат своите обврски кон партнерите и се соочуваат со внатрешна задолженост, со што работите се вртат постојано во круг. Стопанствениците често се жалат дека немаат пари ниту да ги платат ратите за кредитите, ниту давачки кон државата, а некои мака мачат и да поделат секој месец плати на вработените. Па, логично е што поради тоа што компаниите се' помалку можат да си ги сервисираат обврските, присилно да им се наплатуваат средствата од сметките, односно да се блокираат.

„Факт е дека неликвидноста отсекогаш била проблем број еден за нашето стопанство и затоа и расте бројот на блокираните сметки. Државата им должи на фирмите, но има и многу фирми кои и' должат неа како и на други компании. Сите се во еден круг и важно е секој секому да му плаќа за услугите. Сакам да кажам дека со задолжницата може да се најде решение за хроничната неликвидност, но таа не треба да важи само за компаниите туку и за државата. Затоа Владата треба да го промени ова законско решение. Во спротивно, ниту една фирма нема да го примени“, вели Горан Антевски, директор на „Раде Кончар - ТЕП“.

Како што е познато, се посочува дека со воведувањето на задолжницата од септември годинава, како нов инструмент на Министерството за финансии, ќе се крене платежниот морал на фирмите и ќе има поголема финансиска сигурност кај нив, односно ќе се подобри ликвидноста на стопанството. Овој инструмент во меѓусебните зделки фирмите ќе го применуваат на доброволна основа, а ќе се обврзуваат на плаќање на долговите во одредени временски рокови. Доколку наплатата не се изврши навреме, доверителот ќе може да ги повлече парите од сметката на должникот или да си ги обезбеди преку продажба на неговиот имот.

Бизнисмените веќе предупредија дека речиси никој нема да ја применува задолжницата, додека државата прво не се раздолжи кон нив, бидејќи во спротивно, уште повеќе ќе се зголеми нивната неликвидност.

Многу веројатно дека состојбите со неликвидноста ќе се влошуваат до крајот на годинава. Пред се' затоа што металскиот и другите извозни сектори имаат намалено производство, бидејќи во изминатиот период значително се опаднати нарачките од странство поради кризата. Металските компании предвидуваат дека во наредните месеци можно е да се редуцираат нарачките од европските партнери и до 50 отсто, што значи дека автоматски значително ќе се намали и нивната ликвидност.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=AC0DF92DD45AA54CB7158A7E177D8BC6
 
За да уштедиш некои 500 евраво текот на една година,треба да трошиш 100 ден дневно за храна,да не излагаш у град,да не возиш кола,или ако возиш поретко да биде тоа.
Така да кога ке ги платиш сметките,ке ти останат некои 2-3000 денари во месецот ама само ако примаш плата над 20.000 денари,ако не си женет/мажена,ако немаш деца,ако живееш со твоите,и ако не враќаш кредит од некоја лихварска куќа(банка).
Доколку едно од горенаведените трошоци е присутно,тогаш неможеш да заштедиш ни 1000 ден.
Е сеа треба да си душман себеси па да се одречеш од сите благодети што ги дал светов па сите пари кои ги зимаш да ги тргаш на страна и да трошиш само онолку колку за преживување.
Тука не спаѓаат оние кои се под кирија,независно дали се од Ск или од другите градови.
Колку и да сакаш,неможеш да уштедиш повеќе од таа сума зашто секогаш излегува барем по еден непредвиден трошок во месецот од мин 2000 денари кој ти го пореметуе цел концепт на штедење.И после ова,ке излезе некој со статистика дека се штеделе некои баснословни суми по банкиве,демек народов зима плата 1000 евра па ај ке штедиме.
А кога ке видиш од друга страна,огромен процент имаат телефони од 300евра + , возат нови коли или половни ама скапи за одржување,се купуваат станови како да се 100 евра квадрат,се иде на одмор обавезно,кафаните се пуни секојдневно,не само за викендите ко што беше некад. И ред други такви феномени. Па затоа никого не би го жалел,освен оние кои стварно немаат за леб што се вика.
Се знае каде се штеди,кај што имаш примања големи и редовни и кај што банките се малце понормални од овие нашиве. За споредба,во Италија,камата за кредит е 3%,за вработени во банката е 1%.за штедење точно незнам ама сигурно е по поволно од кај нас,баш ке го прашам другарот што работи таму.
 
5000 што ............ денарос ..... или ...... еурос .............. :confused:


не зезај......денарос.......не су човек шо штеди.......у глобала....не ме бива.....за тоа.....живеам од месец за месец.....
 
не зезај......денарос.......не су човек шо штеди.......у глобала....не ме бива.....за тоа.....живеам од месец за месец.....

Шо те знам .............. ми заличи на парајлија чоек ........ пардон дете ! :P
Кога можеш да штедиш у денарос, тогаш зашто да не и у еурос ! :LOL:

ОК шала на страна ........... штедењето е сепак позитивна работа, не треба да им се потсмеваме на лицата кои се цинцари(така да ги наречем) и кои секое денарче вишок го пикаат во некоја дупка(т.е. под перница) .......... ги има такви подоста, најозбилно ................. НО за да заштедиш пари, како прво треба д аимаш голема желба за такви нешто, бидејќи во секој случај ќе треба да се откажеш од многу задоволства .......... како второ ако сакаш да штедиш треба да имаш од што да штедиш т.е. да имаш висока плата, а од друга страна скромен живот(преживување) без никакви задоволства, но ова важи само за лица кои имаат високи плати(над просекот секако), куќи каде што работат сите и младо и старо, куќи кои имаат по 1 дете макс. и сл. инаку само ако еден работи во домот тогаш ништо од заштедување, ако лицата плаќаат кирија(т.е. немаат сопствен дом, било куќа, било стан) тогаш пак ништо од заштедување, ако имаат повеќе деца пак ништо од заштедување, ако сакаат да си тераат луксузи у смисол одмори по странство, кафани, кафичи, пијанки, певаљки, со колата на мочање и сл. пак ништо од заштедување ................. така да ова си е веќе индивидуално прашање ............... јас на пр. горе-доле штедлив човек сум, иако заработувам малку, но парите не ги трошам по пијанки, певаљки, коцки-моцки, одмори и сл. туку најмногу за техника по дома, некое парче мебел и нешто поситно за облека, цигарчиња... и.т.н.
 
Jaooo кое штедење бе.. На сител зимоска покажаа на еден чоек сметка за струја му дошла 10.000 денари.. а минимална плата е 8.000 ден.. Ова нигде го нема бе.. те туркаат како магаре..
 
Jaooo кое штедење бе.. На сител зимоска покажаа на еден чоек сметка за струја му дошла 10.000 денари.. а минимална плата е 8.000 ден.. Ова нигде го нема бе.. те туркаат како магаре..

Сметка за струја 10 илјадарки ретко кој нема добиено(зимскиве периоди) .......... е сега за тие што зимаат поголеми плати не е толкав проблем да си ги подмират трошковите/сметките, ама за тие што зимаат 8 илјади недај боже и ТВ да уклучат по дома, а камо ли па бојлер, електр.шпорет, греалка, термо-печка... :tapp:
П.С. Македонија мислам дека е единствената земја во светот, каде што просечните сметки за струја(зимски период) се еднакви или повисоки од минималната утврдена плата ........ o_O
 
Сметка за струја 10 илјадарки ретко кој нема добиено(зимскиве периоди) .......... е сега за тие што зимаат поголеми плати не е толкав проблем да си ги подмират трошковите/сметките, ама за тие што зимаат 8 илјади недај боже и ТВ да уклучат по дома, а камо ли па бојлер, електр.шпорет, греалка, термо-печка... :tapp:
П.С. Македонија мислам дека е единствената земја во светот, каде што просечните сметки за струја(зимски период) се еднакви или повисоки од минималната утврдена плата ........ o_O

Нема шанси!Па нели најевтина струја имаме у цел свет ???.......

:D
 
Банките доставуваат месечни извештаи до Народната Банка на РМ и податоците секако дека се точни.

Во Македонија не се живее добро, меѓутоа не е ниту така катастрофално како што сака да ни се прикаже преку политичката пропаганда од “штабот“...
--- надополнето: 17 јули 2012 во 22:22 ---



Можеби само оние на работа во Авганистан ги праќаат парите во МКД, но сите оние кои имаат многу пари, си ги чуваат на безбедно по швајцарии, лихтенштајни, кајмакани итн.

Ова што е заштедено е од обичните Македонци како мене, кои штедат во македонските банки. И сумата не е така голема, доаѓа дека секој полнолетен жител на МКД заштедува околу 15 евра месечно.
а тебе кај ти рекоа да пропагираш вака... не у штаб? ако не, тогаш свака част за посветеноста и љубовта кон партијата... извини на грешка однапред, моја вина нека е...

понатака... секој полнолетен македонец по 15 евра? ја ке ти дадам друга брза математика, пошто твојава е ептен грешна.... половина од полнолетните не работат, не се ни пријавени во завод односно се успешно избришани од истиот по разни основи. од другата половина што работат, едвај крај со крај врзуваат секој месец. од оние што останаа едвај 5% можат да заштедат нешто, а оставањето на некој дена на сметка не го прави штедење истото. значи ако се иде реално по глава на жител полнолетни во дражава од оние кои што работат можат едвај една петина да заштедат нешто. тоа значи оние 15 еура ке ги множиш со 5 и ке добиеш бројче од околу 75 евра по вработен човек дека заштедил месечно... тоа и не е баш возможно... де земи заштеди секој месец по 75 евра...


и уште нешто... парите од гастербајтерите тетовчани, гостиварци, кумановци и битолчани не стигаат во мај... туку сега, овој месец т.е. јули и август... од нив епилогот ке се види во август и септември а не во мај... уште една превара е тоа...
 
Ех, камо среќа да сум ставил 30,000 евра.... од твоја уста/тастатура во Божји уши ;)
Битушанец , како може да те исконтактирам преку приватна порана?Или пиши ми на приватна порака!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom