Македонците во мај заштедиле речиси 600.000 евра дневно!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Штедните влогови на граѓаните во домашните банки пораснале за 18,5 милиони евра за период од еден месец, покажуваат официјалните податоци на Народна банка за април-мај годинава. Податоците на централната банка покажуваат дека вкупните орочени денарски и девизни заштеди до крајот на мај годинава се 2,33 милијарди евра.

На крајот на мај македонските граѓани во домашните банки штедат денарски орочени влогови во износ од 64,1 милијарди денари (1,04 милијарди евра). Во споредба со април орочените денарски заштеди пораснале за 946 милиони денари (15,36 милиони евра), што претставува месечна стапка на раст од 1,5 отсто.
Структурата на орочените заштеди покажува дека Македонците и понатаму повеќе му веруваат на еврото одошто на денарот. Во мај нивото на орочените девизни заштеди изнесувало 79,53 милијарди денари (1,29 милијарди евра). Во споредба со крајот на април забележлива е блага позитивна тенденција, која е значително пониска од позитивниот тренд на раст на денарските заштеди. Податоците покажуваат дека нивото на девизни орочени депозити е зголемено за 194 милиони денари (3,15 милиони евра) што претставува стапка на раст од 0,2 отсто. Споредбата покажува дека нивото на денарските заштеди растело седум пати побрзо од растот на нивото на девизни орочени депозити. Споредбата на нивото на кредити со орочени депозити покажува дека Македонците повеќе штедат одошто се задолжуваат со кредити. На крајот на мај нивото на граѓански заштеди е за една милијарда евра повисоко од нивото на граѓански кредити. И на месечно ниво штедните влогови се значајно повисоки од новите кредитни задолжувања. Новите заштеди во мај изнесуваат 18,5 милиони евра, а новите задолжувања изнесуваат 13 милиони евра.

Заклучно со крајот на мај граѓаните должеле вкупно 1,36 милијарди евра на деловните банки во земјава. Тоа значи дека просечно по глава на жител приватното задолжување изнесува 660 евра, односно една и половина просечна нето-национална плата. Граѓаните во мај го зголемиле својот долг кон банките за 800 милиони денари односно за 13 милиони евра или повеќе од 6 евра ново задолжение просечно по жител. Од аспект на структурата нашите граѓаните многу повеќе должат во денари. Вкупното денарско кредитно задолжување изнесува 77,08 милијарди денари, наспроти девизното кредитно задолжување кое изнесува 6,77 милијарди денари. Задолжувањето кај денарските кредити е за 800 милиони денари, а кај девизните граѓански кредити е за 85 милиони денари.
 
Кога отвараш ваква тема се става и извор.
 
Заштедиле Минчо, Штерјо, Мијалков, Механџиски, афганистанците од Куманово, швицарците од Тетово..., а не обичниот македонец.
Ако не ми веруваш, направи анкета за форумџиите да се изјаснат кој колку заштедил во мај.
 
Рецесија е нормално е да се штеди кога нема добри можности за вложување.
 
Добро, низ годиниве апсолвиравме дека овие од Владата сакаат да прикажат како убаво живееме, ама ова е веќе претерано.
На авторот на оваа т.н статија не знам што би му направила.
За време на летните одмори се донесува одлука дека исклучените од Топлификација ќе плаќаат 50%, храната сега е за 40 % поскапа од лани, струјата поскапе, се предвидува уште едно ново поскапување од 15%, и некој овде ме ебе во здрав мозок дека ми е одлично, и не само тоа, туку успевам и да заштедам во евра!!!
Нека се спушти малку власта меѓу меѓу обичниот народ, нека поживее како нас, па да видам дали ќе успеат нешто да заштедат. Мрш бре!
За банките, кои се класични лихварски институции, не сакам ни да коментирам. Подобро да не почнувам.
 
Банките доставуваат месечни извештаи до Народната Банка на РМ и податоците секако дека се точни.

Во Македонија не се живее добро, меѓутоа не е ниту така катастрофално како што сака да ни се прикаже преку политичката пропаганда од “штабот“...
--- надополнето: 17 јули 2012 во 22:22 ---
Заштедиле Минчо, Штерјо, Мијалков, Механџиски, афганистанците од Куманово, швицарците од Тетово..., а не обичниот македонец.
Ако не ми веруваш, направи анкета за форумџиите да се изјаснат кој колку заштедил во мај.

Можеби само оние на работа во Авганистан ги праќаат парите во МКД, но сите оние кои имаат многу пари, си ги чуваат на безбедно по швајцарии, лихтенштајни, кајмакани итн.

Ова што е заштедено е од обичните Македонци како мене, кои штедат во македонските банки. И сумата не е така голема, доаѓа дека секој полнолетен жител на МКД заштедува околу 15 евра месечно.
 
Колку пари имаш ставено во банка во мај, ама најискрен одговор.
 
.

Ова што е заштедено е од обичните Македонци како мене, кои штедат во македонските банки. И сумата не е така голема, доаѓа дека секој полнолетен жител на МКД заштедува околу 15 евра месечно.
Интересно...просечниот возрасен Македонец штеди 15 евра месечно и има 800 евра орочен депозит а има кредит од 660 евра. Смешни суми :)
 
Заштедиле Минчо, Штерјо, Мијалков, Механџиски, афганистанците од Куманово, швицарците од Тетово..., а не обичниот македонец.
Ако не ми веруваш, направи анкета за форумџиите да се изјаснат кој колку заштедил во мај.

50 еура ............... ама не во банка, туку под перница ! :D
 
Колку пари имаш ставено во банка во мај, ама најискрен одговор.

искрено, добра сума за мој стандард и за мој поим...

Секако, не можам да се споредувам со Штерју, Бане,....
 
Колку пари имаш ставено во банка во мај, ама најискрен одговор.
ставено??:facepalm: јас пустиње извадов, не пак да ставам, среќа, има уште нешто за вадење, за после ќе му ја мислиме:)
 
ставено??:facepalm: јас пустиње извадов, не пак да ставам, среќа, има уште нешто за вадење, за после ќе му ја мислиме:)

Абе и јас извадив 3000 еура (те земав кредит), ама еве го Битушанецот ставил 30.000 еура, па ни го извадил просекот и на мене и на тебе.
 
Абе и јас извадив 3000 еура (те земав кредит), ама еве го Битушанецот ставил 30.000 еура, па ни го извадил просекот и на мене и на тебе.

Ех, камо среќа да сум ставил 30,000 евра.... од твоја уста/тастатура во Божји уши ;)
 
Ништо чудно.Си држат луѓето по банки кеш, а дел баш добри суми.Верувале или не претежно такви најмногу се жалат...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom