- Член од
- 18 август 2008
- Мислења
- 680
- Поени од реакции
- 34
Филип и Александар ги освоија кумовите
Анита ДИМИТРИЈЕВСКА
Повеќе од 150 различни имиња на македонски антички богови, војсководци и филозофи, оживуваат од ден на ден и нивниот број постепено расте благодарение на родителите кои на своите бебиња им даваат антички имиња, се со цел да бидат поразлични од другите.
- Кога се роди мојата ќерка Кала, јас и сопругот сакавме да и дадеме име кое ќе биде карактеристично и лесно ќе се помни. Сите наши пријатели на своите деца им дадоа странски имиња, но ние сакавме да одбереме име кое го носеле античките Македонци - вели скопјанката Сашка Ристиќ.
Актерката Катерина Шехтанска во саботата роди девојче кое по желба на таткото Боби доби античко македонско име Клеоника. Нивниот три и полгодишен син го носи името на македонскиот владетел Филип.
Кала, Клеоника, Оресте и Дионис, се само дел од многубројните македонски антички имиња кои современите родителите им ги даваат на своите деца.
Православната црква забележала случаи на специфични имиња и не се радува многу на одлуката на родителите да им даваат антички имиња на своите деца. Меѓутоа, свештениците ја почитуваат желбата на родителите и ги крштеваат децата со имињата што тие ги одбираат.
- Кога кумот ќе ја стави раката на челото од бебето и ќе го каже неговото име, нам не ни останува ништо друго освен да го благословиме малечкото. МПЦ има објавено книшка која содржи список на православни имиња, кои ние им ги посочуваме на верниците. Но, ако родителите се одлучат за античко или за католичко име, иако не сме воодушевени, сепак, ја почитуваме нивната желба - велат свештениците од црквата „Св. Богородица“.
Државниот завод за статистика објави табела во која имињата Александар и Филип беа истакнати како најкористени. Во последните 8 години има повеќе од 2.250 деца кои се викаат Филип и повеќе од 1.800 со името Александар.
- Не знам за некои посебни случаи каде што родителите им даваат антички имиња на своите деца. Но, ако тоа навистина се случува, таа појава ќе ја дефинирам како уште една глупост на модерното време - вели Ѓорѓи Младеновски, професор по антропологија.
Според речникот на Љубица Станковска, Дрекена и Драко биле имиња на древни македонски божества. Според истиот речник, името Сергеј постоело кај античките Македонци во 4 век. Во Струмица денес се користат имињата Хрисија и Калија, а за нив постои средновековен документ, кој посведочува дека потекнуваат од антиката.
Името Данија е име на античко-македонска божица, која одговарала на грчката божица Деметра.
Ова е за поздрав,а,Македонци ?