Мака ми е!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Смачено ми е од глупи болести ,од лажни пријателства, од напалени манјачишта:nesvest:, од личности кои сакат да раководат со мојот живот, од личности кои за 5 минути знаат да ми го сменат планот што со месеци сум го правела.
 
Мака ми е...

Мака ми е од животот,
мака ми е да живеам..
Мака ми е да се усогласувам,
мака ми е да противречам...

Мака ми е да не ме сфаќаат,
мака ми е да се трудам...
Мака ми е да се препирам,
кога знам дека губам....

Мака ми е од луѓето,
позади лажна маска...
Мака ми е да живеам,
во нереална прикаска...

стварно ми е мака...за разлика од сите што пукаат мислења тука...salute...
 
да не пишам се наново само ќе болдирам работи од пријателот статус кво шо планирав да ги напишам

Мака ми е...

Мака ми е од животот,
мака ми е да живеам..

Мака ми е да се усогласувам,
мака ми е да противречам...

Мака ми е да не ме сфаќаат,
мака ми е да се трудам...

Мака ми е да се препирам,
кога знам дека губам....


Мака ми е од луѓето,
позади лажна маска...
Мака ми е да живеам,
во нереална прикаска...


стварно ми е мака...за разлика од сите што пукаат мислења тука...salute...
испадна не мораше да болдирам .... можи само да додам уште неколку „ситници„
мака ми е од самотија,
мака ми е од барање на услуги секој ден а недобивање ништо заради то ,
мака ми е од појќето луѓе шо ме опкружват
 
уф, многу , зашто, како, што , со кого, поради кого , ма не е ни битно веќе
 
Понекогаш, не секогаш, ама понекогаш, како вечерва на пример...ми е мака што многу лесно може човек да допре до мене и да извлече информации за мене од мене. И после, се разбира, јас го наоваквувам. Ама не, не се каам, тоа сум јас, само понекогаш ете, мака ми е.
Note to myself:
Дрш си језик за зуби бре, не мора сите да знаат каква си, кои ти се слабите точки и што ти се десило. Не се сите добронамерни овцо една.
 
Мака ми е од многу нешта..
Мака ми е од ситуацијата дома, која станува неподнослива..
Мака ми е што сите околу мене се толку возбудени за тој голем настан, освен јас, осеќам некаков товар..
Мака ми е што личноста која мислев дека ќе биде тука за мене во овие моменти, сега не е..
Мака ми е, што повторно се надевав и се трудев да ја опраам ситуацијата со него, за на крај пак да завршам сама..
Мака ми е што не ме сфаќа, а ако ме сфаќа, мака ми е што не го покажува тоа..
Мака ми е од чуствово, ама ај, што да му направам, за да го снема..
Мака ми е од губење на саканите, од губење на себе си..
 
Мака ми е од тоа што никој не ме сфаќа сериозно
Мака ми е од тоа што покрај цел труд шо јас го вложувам во нешто, некој го уништува за 5 мин.
 
Мака ми е да идам у школо:cry:
 
Мака ми е оти одново и одново ги повторувам истите грешки и поради тоа константно повторување,страда квалитетот на мојот живот.
Мака ми е шо во моментов не сакам да видам жива душа околу мене,едноставно сакам да седам сам тука,без никакви контакти,освен со самиот себеси.
Мака ми е зошто сум дозволил да дојдам до ваква состојба на умот,иако сум знаел уште од претходно дека одам во ваква насока,сепак,не сум направил ништо за да го спречам тоа,туку во духот на моето вечно размислување,сум рекол само:Let it be!!!
Мака ми е,зошто дозволувам да ми е мака за било што,наместо да бидам таму некаде надвор и да уживам во сето тоа што го нуди животот.
И на крај,мака ми е коа ќе помислам на должината на периодот кој ќе треба да помине за раните да се излечат.Знам дека ќе дојде и тоа време,сепак,глупо е шо ќе трае премногу долго.
Маки!!!
 
Мака ми е шо не појдов на концертот, после сите неуспешни молења и лажни закани за самоубиства..
 
Мака ми е зошто согледувајќи ја туѓата несреќа забележувам колку сум среќен јас. Знам да одговорам на три различни начини на едно прашање, без да ме сетат дека нешто не во ред по тоа прашање. Ама џабе ми е не го живеам животот за други за себе го живеам, и што ако не знаат кога јас знам...............................................
 
Мака ми е што денеска сум во Скопје, а не во мојот втор омилен град и да бев во најубавиот фудбалски храм за да се збогувам со фудбалската легенда, мојот омилен фудбал.
Ах мака ми е најискрено :cry:

И мака ми е што имам недела дена до колоквиумска и што треба да бубам интензивно.
И мака ми е што имаше невреме и што се најавува дека неколку дена ќе е вака по ред. Мразам дожд и грмотевици.
И се нервирам од земјотресиве, ме плашат.
И мака ми е што не знам што сакам. Да, не знам.
 
Мака ми е од срањето што се случи завчера и коментарите од безосетните идиоти! :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom