Мака ми е... таа темата драга Кајгана несакам да ја оптеретувам, драга

. Иако сите таму што пишуваат ми се драги.
Мака ми е... оваа вечер се осеќам ич неубо

. Ми се плачит драги мои, ми се плачит.
Незнам која пустина кој крај да го фатам... Зошто мораше се' вака да заврши? Убавите нешта кратко траат, а оние кои се премногу убави изгледа премногу кратко траат...
Душевно се поболив драга... не ми требаше ова. Незнам дали да се лутам или не, незнам ни кој е виновникот во оваа ситуација.
Она што не' прави посилни во секоја ситуација драга, тоа е љубовта. Барем знам дека мојата љубов никогаш нема да изгасне, макар и да е само невозможна, глупава или навидум смешна.
Јас сум само сведок, да ги оптеретувам луѓето со тие сахрални работи, да им кажувам дека тоа сепак не е ретардирана работа. Тоа е нешто што се почитува, тоа е нешто што човекот го прави ѕвер во одредени моменти.
Да не ти раскажувам колку ми е мака вечерва... јас сум и ќе бидам и натаму сведок на успесите и неуспесите драга...
Некогаш некој рекол дека секој храбар човек некогаш мора да падне, ама човекот го прави човек тоа што тој повторно ќе се издигне.
Јас ве сакам вас мои величенствени.. Со вас сум пораснал, сум плачел со вас и сум се радувал... Немора повеќе докажувања, вистинските личности никогаш за ништо не се откажуваат од својата љубов, како јас од тебе, од твоите пиунчиња и кралици.
Некои победи не значат ништо во однос на некои порази. Ова ќе го паметам да...