Мака ми е!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Maka mi e Majko Makedonijo do koga ke gi ranis raskolnicive tvoi.
 
Мака ми е што понекогаш не сум свесна или ги игнорирам можните негативни последици што најверојатно ќе следат после одредени мои постапки.:jaj:
 
мака ми е од моите дома!
мака ми е што све очекуваат од мене!
мака ми е што за секоја ситна грешка мора да добијам прекор!
мака ми е за секоја можна грешка да одговарам со сериозно последици!
мака ми е зашто никој не ме сфака мене како ми е!
мака ми е несакам да живеам со моите сакам да се селам!
мака ми е што неможам да ја најдам љубовта која би можела да ме извлече од сево ова!!
мака ми е што го пишувам ова тука,затоа што немам на кого да му кажам!
аман веке..мака ми е од се!
 
Мака ми е, многу ми е мака што Струмица не го освои купот, а го заслужуваше. Мака ми е оти едноставно неможам да се натерам да седнам да учам (а имам полно за утре).
 
Мака ми е пошо последниве 3 месеци напразно се радував и бев среќна на едно нешто што кога тогаш знаев дека ке се врати... Зошто сега пак а? :(:(:(
 
Мака ми е шо последниве 3 и пол месеци неизмерно давам љубов, и остај шо не добивам ништо за возврат, уште и ми е усрана секојдневно со некои екстремно ГАДНИ постапки или коментари, што ми ја ебат психата, ме понижуваат и ме ставаат на место кај шо никад не сум помислил дека ќе бидам. Се мразам сам себе што немам сила да излезам од оваа Twiglight Zone, се мразам што ме мачат и што го дозволувам тоа. Се мразам што сум со некоја на која не и значам буквално ништо, мака ми е што мојата љубов е посилна од тоа да го согледам овој факт и да ја одјебам. Се мразам што си го сменив карактерот во овој период, се мразам што поради неа изгубив многу друго...и се мразам што не гледам иднина без неа. За кој кур љубов...? (се извинувам за речников, многу сум фрустриран...)
 
Мака ми е поради тоа шо сите професори ја спуштаат границата на оценување, а имбецилов Шуклев ја зголемува.
Мака ми е шо ми го расипа денот и ме вознемири и поради него нема да имам после концентрација за другиот колоквиум.
Мака ми е шо ми доаѓа да идам да си ги земам документите од проклетиов факултет.:cry:
 
Све ми е потаман, али една работа таму негде позади у главата не ми дава мира. Си стои и ми смета. А ја не знам шо да и` правам. Е од тоа ми е мака.
 
Мака ми е.

Мака ми е што сакаа да ме направат демократ а јас сум републиканец.
Мака ми е што сакаа да ме направат нов а јас сум вековно стар.
Мака ми е што сум долен а сакаа да ме направат горен.
Мака ми е што сакаа да ме направат Македонец од Скопје а не сум.

Мака ми е што штедачите губеа и губат а Боро има телевизија (и штедилница).
Мака ми е што некои за трудот земаат бонови а Љубо има телевизија (и штедилница).
Мака ми е што тутунарите уште се мачат а Вели има телевизија (без штедилница).
Мака ми е што одамна е укината инквизицијата.
Мака ми е што Џејмс Блант го слушам минимум по 10 пати дневно на радио а нигде у градов не ми свиреле ни еднаш Ајрон Мејден.
Мака ми е што Гергана, Анелија, Сека Алексич и Гога Секулич се бољи од Благица Павловска, Росана, Бади Бекир и Адријана Алачки. Исто така мака ми е што Каролина не е Северина (барем пред камера).
Мака ми е што Хрчак, Елвис Тврдич, Јоцо Јоцов и Ицо Јоцов ми диктираат сцена во музика.
Мака ми е што ми ги затворија Лејди Блу кецот и двојката а место нив го отворија (се)Ринг.

Мака ми е што 7-мица е на 7 километри од мене.
Мака ми е што не сум властодршник на кафуле во Г-зоната Стара Железничка-Мостот на Скопска Митровица. Мака ми е што не го држам Бордел.
Мака ми е што немам овци, а кај ги немам па и не ми ги бомбардираа(т).

Мака ми е што место да ме грее сонце, ме дува вентилатор.
Мака ми е што Прчко и Зденко Малеумовски се прават експерти и патриоти.
Мака ми е што сакам да влезам во Ната ама Ната ќе ми даде само Нето место Бруто.
Мака ми е што пра-пра дедо ми немал бунар во Бунарџик.
Мака ми е што од дестинација Ибица можам само половна од 93-та.

А најмногу ми е мака кога случајно на МРТВ ќе убацат стар спот од Ластовица. Влатко и Роби во (со) Хавајки, коктел со кокосов орев и масажа.

Ќути жити се....
 
Мака ми е за земјава, мака ми е за Македонија, секој ден се повеќе, мака ми е за Борис Трајковски и заради работите кои за нас никако да се средат. Мака ми е за смртта, мака ми е за предавството, мака ми е за личноста која ја сакам ко сестра а страда многу, јас сум беспомошна. Мака ми е зашто политиката и парите го вртат светот, а ние сме ништо.
 
Мака ми е дека утре праам писмена македонски !!!
 
Мака ми е што се затрескав во уште еден погрешен човек
Мака ми е што вака се осеќам
Мака ми е што овој пат нема кој да ме утеши
Мака ми е што се скаравме
Мака ми е што толку ладно се понаша, ко да не му е гајле....
Мака ми е што не се запишав на Кенгур
Мака ми е што ја изгубив шансата и за другиот
Мака ми е што неможам да најдам некој што и јас ќе го свиѓам и он ќе ме свиѓа
Мака ми е што ми кажува дека ме сака а сега вака се понаша
Мака ми е што ја свиѓа таа некоја а не мене
Мака ми е што утре биологија ќе ме испраша а не ми се учи
Мака ми е што ме заболе глава
Мака ми е од машкиот пол
Мака ми е од љубовта.....
 
Мака ми е што татко ми не е тука,толку многу ми недостига!
 
Мака ми е што татко ми не е тука,толку многу ми недостига!


И мене ми е мака што премногу ми недостига.
Мака ми е од себе што сум таква скршена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom