Мака ми е што многу често работите излегуваат од контрола и потоа не можам да ги нормализирам.
Мака ми е што сватив се` освен тоа дека треба да избројам до 3 пред да кажам нешто и што јазикот ми е побрз од паметот.
Мака ми е што поради некои огромни и ненамерни грешки се направив нешто што не сум (или барем мислам дека не сум, но којзнае можеби самата се залажувам и тоа е моето вистинско лице

)
Мака ми е што со моето однесување повредив блиска личност која ја сакам повеќе од се` на светов и за која немам лице да и побарам да верува дека ништо од тоа не го посакував.
Мака ми е што секогаш го одбирам погрешното.
Мака ми е што животот многу често ме става во тешки ситуации, од кои не можам да пронајдам излез.
Мака ми е што владее лицемерие, дволичност, алчност, љубомора.
Мака ми е што сакаат да ме гледаат несреќна и успеваат во тоа.
Мака ми е што се чувствувам толку празно, осамено, како да немам никој на светот.
Мака ми е што сум се` поголем дел од времето негативно и песимистички расположена и што заборавив да се смеам.
Мака ми е што веќе одамна не ја гледам смислата на животот (или не сакам да ја видам), мака ми е што немам некоја одредена цел, не можам да се пронајдам во иднината.
Мака ми е што толку пати бев разочарана и повредена што резултира со страв за секој нареден потег.
Мака ми е што не можам да верувам, плашејќи се да не се залетам и изгорам.
Мака ми е што ми се плачееееееееее, што немам волја за ништо, за живот најмалку................
И на крај се прашувам има ли нешто од кое не ми е мака?