Мака ми е што со државата, а преку тоа и индиректно со мене, владеат марионети, кловнови и орангутани. Мака ми е што како земја сме расадник на братоубици, ефтини души и луѓе без национален идентитет. Ми се повраќа од квази-интелектуалци кои се продаваат себе си и својот ум за неколку фрлени банкноти и од олигарси кои крадат од лебот на сите. Не можам да се помирам со тоа дека македонците кои вредат ни заминуваат прерано. Како се што е убаво да ни зема Господ. Мака ми е што поимот македонец и Македонија се плукаат. И тоа највеќе од самите македонџци.
Мака ми е што сакам да побегнам од тука. Ме боли до срж што нацијата секој ден ни добива шамари и не може да се исправи. Осеќам дека ми е тесна кожава, и не гледам никакво прибежиште. А, сакам да се смеам да се радувам на ситните нешта. Но, не можам.Премногу црнило кое ми ја згаснува радоста.