Мака ми е од луѓево општо. Се` лошо што гледам и што се случува се должи на нив и не да ми е мака, туку ми се повраќа!!!
Мака ми е што има нечувствителни и дебилни створења кои малтретираат немоќни кучиња. Има едно мнооогу убаво куче тука кај мене, што многу дели од другите. Изгледаше како да е расно и секогаш беше чисто со претставителна појава. Вчера го гледам, пикнало глава во ѓубриштето и со тресење бара било какво гнасно јадење. Се доближив малку до него и што да видам!!! Задното ноџе му беше цело одерено, немаше ниту едно влакно и беше цело прекриено со крв!!! Шепата му беше цела потечена, а крвавото место тенко како конец!!! Неможам да го опишам гневот кој го чувствувам! Незнам што би му направила на идиотот кој така ладнокрвно го повредил тоа куче ... би му ја одрала кожата на ист начин и би му се смеела во фаца додека плаче! Значи неможам да верувам ... луѓето се направени полоши од животните, со помалку чувства од нив!
Мака ми е и што секој нов ден се повеќе со соочувам со огромната омраза која владее во оваа наша држава! Не пишувам во политика, за да не изнудувам незрели реплики, па затоа тука ќе си се олеснам малку.
Си играат курташак сосем десетти лица, ќе кажат испревртени приказни на вести, па ајде простава маса ќе се мрази и коле ...
Мака ми е што луѓево се направени толку лоши, што не ги делат останатите на добри и лоши, што секој секому побрзо би му направил лошо отколку воопшто ништо да не му направи.
Мака ми е и од сите лицемерија на истите овие "луѓе" ... седат пијат кафе заедно, се смееат и се поздравуваат, за после тоа, зад грб да си кажат "куршум в чело за Албанците", "умрете каури", "се гадам кога ќе ми прозбори некој албански", "да ти ја ебам сестрата каурска" ...:uvo:
И ај тоа добро, туку кога ја слушам и читам омразата на македонците меѓусебно, само затоа што се ослепени веќе од таа е*ана политика? Незнам ... незнам до кога може Господ да толерира ваква хаварија.
Мака ми е што сите живеат во минатото, никој не може да мрдне напред со тоа, заостаната земја сме со такви луѓе и срам ми е дури! Да седам да се*ам глупости по форуми, да се ситам на туѓи несреќи наместо да си го гледам животот, да си поминувам убаво со сите блиски и да правам добри нешта ... треба да сум ретардирана за тоа ... ретардирана.
Само три дена беа добри сите ... тие три дена кога ширеа љубов во името на Тоше ... кое болно лицемерие.
Мака ми е бе ... толку ми е мака што почнувам да сакам да се иселам од тука и од меморија да избришам се`!
Не се замарав до скоро со овие работи, но почнуваат да ме гушат од што се насекаде! Просто невозможно е да ги одбегнеш. Е*ате државата, е*ате.
Ајт.