Шо ми е мака мене...умммм...не знам.Шо може да ми биде на пример?Мака ми е шо неможам да правам муабет по телефон со тебе,извини,ама стварно неможам сеа...немам волја за тоа,ама баш никаква.
Мака ми е...шо два дена по ред не зборувам со татко ми,знаев дека ке ми биде мака после сите тие зборови шо му ги изнареков.
Мака ми е што ја лажам мајка ми,колку само ми тежи вистината во мене,некој ден,не знам...ке ме убие.Ако,подобро мене отколку неа.
Мака ми е...што нема емоции во мене.Има,ама знам,осекам дека не е она вистинското.Премногу се лесни за контрола.Неможат да ме преплават,неможат да го извадат најдоброто од мене,ја немаат онаа грандиозна сила,која може да ме дигне тооолку високо,да направи да летам,да ме направи бог,бог на секоја моја клетка,секое најситно делче од моето тело...
Мака ми е за се што се случуваше.Не се каам,ама глупо се осекам.Не требаше да се однесувам така препотентно,посебно не спрема некои луге кои ми се толку блиски.Ми беа...знаев,знаев дека имаат проблеми,знаев дека им е тешко,знаев дека они се надеваат во мене да го најдат оној кој ке ги ислуша,можеби ке им даде совет,можеби ке им помогне некако...ма не,доволно ке беше само да ги ислушам.А шо напраив ја?Им го свртев грбот.Ми биле досадни.Толку лесно,без никакво размислување.
Мака ми е што некогаш ги одбивам сите од мене.Едноставно,кога сум со други,сакам да сум сам.На моменти се повлекувам во школка,во мојата имагинација,бегам од овој свет и се повлекувам во мојот.Таму сум безбеден,да,ама што останува тука,во реалноста?Две раци,нози и глава и капа на неа.Само тело.Без дух во него.Само обична фигура што постои и се гледа,додека нејзината енергија е тооолку далеку.А не треба така.Потребен ми е овој свет.Зошто бегам?Од што се плашам?Што ми недостига?