Мака ми е што не сфатив на време кои ми се вистински другарки,мака ми е за Марија...Мака ми е од човековата злоба и љубомора,мака ми е што секогаш одам по најтешкиот пат,секогаш сум на работ да се откажам,последните сили секогаш ги цедам.Мака ми е од лицемери...
*Мила* верувај ми кој последно се смее,најслатко се смее и верувај ми на никој никогаш му немам вратено за ништо,ама овој пат ќе наплатам за сите,а ти ќе бидеш жртвата.Те сакав како сестра,те бранев пред сите,ги изубив вистинските луѓе поради тебе,а сега ти најде да се ситиш на мојата болка и тоа без срам и отворено,ми се изнасмеа во точката каде буквално се ми се срони како да е од песок.*Драга* ќе сфатиш што направи,со душа го чекам моментот кога ќе те видам здробена од болка,баш ми е жал што си емотивно осакатена,но не си ти крива,кога ми збореше најсветлиот човек од мојот живот за тебе,јас не верував.Знаеш,среќна сум за тебе што не ме послуша,а ќе тераш по свое,ќе го направиш најпогрешниот избор во животот за кој ќе се каеш веднаш потоа и замисли за прв пат сум среќна за ова,а мене ме болела некогаш помислата за тоа.Мака ми е од ТЕБЕ!!!Мака ми е што мразам некој што сакав!!!!Јас не мразев...