мака ми е оти детството цело ми се поеба. уште во 6 одд се разболев од ебан улцерозен колит ( чир на дебело црево ) и од тогаш раат немам видено. секоја година барем по 2 пати се разболувам. лежев по најмалце месец дена во болница уште од кога се разболев, во континуитет од 4 ебани години, во кои ја осетив суровоста на ебаниов живот. сега сум 4 год и уште се разболувам. не им кажувам на моите дома за да не се секираат и за да не ме пратат во болница пак оти веќе таму не ми се оди. попрво би умрел одколку таму да одам пак. имам размислувано за да ги скратам маките на овој или оној начин, но си реков дека сакам да видам до колку ќе терам вака. си реков ако некогаш стварно ми се умира, ќе го сторам тоа на вистински начин.
мака ми е што болеста ме направи некако нечувствителен.јас веќе не се заљубувам,не се приврзувам кон ништо,не сум едноставно веќе истиот оној кој што бев. сега се трудам да мислам позитивно и до некаде успевам ама не помага баш. од надвор се смеам од внатре се рушам. водам војна со некој а не знам со кој. и најлошото е што не знам како да си помогнам. имам фамилија и роднини што ме сакат. имам и другари кои ме сакат ( барем така мислам ). јас би сторил се за нив, би им помогнал во се, но сепак се отуѓувам од нив, се одалечувам од се она што порано ми значеше.
имам некое чудно чуство дека нема уште многу да поживеам и дека сум предодреден да направам нешто големо за да после ме памтат, ама уште не сум открил што е тоа. сите ми велат дека сум капацитет за знаења, а и самиот тоа го знам. многу читам, од разни области, секакви работи, но не сум бубалица која се учи на памет само за добри оцени. се трудам дека некогаш конечно ќе оздравам но некако тоа позитивно мислење полека ме напушта. сакам да најдам нешто добро во сите луѓе, оти знам дека го има во секој, но резултатите се сосема други. не ја покажуваат добрината секогаш сите.
мисламдека е доволно. има уште ама ај друг пат. се набив во земја со ова. а сепак полесно ми е