Maкедонија - Словенија, 10.09, 17:00

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Шо чекаш, србите да речат браво Македонија, браво македонци. Па тие отсекогаш на нас гледале со омаловажување Нинџо славна. само ние сме имале (а за жал и сеуште ги имаме) своеврсни будали кој на гостувања на нивните фудбалски клубови во мечовите против ВАРДАР во скопје, доаѓале на стадион да навиваат за ЦЗ и Партизан...
Дајте бре ајде што се запнавте, те вие не мразеле те оние не мразеле. Да немат друга работа они како нас тука ќе седат и ќе мразат. Им е гајле на Хрватите и Словенците за успесите на Македонија. Всушност, мнозинството честитаат и се пријатно изненадени. Настрана тоа што ние сме ептен потресени што ќе напишат, пошо гледам нас повеќе не интересира што ќе кажат отколку нашиот успех да си го славиме меѓу нас. Цела историја гледаме што другите мислат за нас, а не она што треба да гледаме.

И дај изгледај, постирано беше предходно, ќе постирам линк пак да видиш дали не мразат.
http://www.youtube.com/watch?v=t7K9UeVRsPw
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Продолжуваме да си газиме :)
Инаку, некои ако ја знаат страната omegle, овие денови кога ме прашаат од каде сум и и кажам Македонија, знаат кои сме. :icon_lol:
:pos::pos:
E da nam je Bo umesto propalog Teodosića.


 
Член од
8 септември 2011
Мислења
35
Поени од реакции
16
Шо чекаш, србите да речат браво Македонија, браво македонци. Па тие отсекогаш на нас гледале со омаловажување Нинџо славна. само ние сме имале (а за жал и сеуште ги имаме) своеврсни будали кој на гостувања на нивните фудбалски клубови во мечовите против ВАРДАР во скопје, доаѓале на стадион да навиваат за ЦЗ и Партизан...[/quote]

Ај ние да си продолжиме со ваква позитивна енергија како оваа што деновиве ја имаат нашиве кошаркари (и Бо си е за сега наш)...а за тоа што ни мислат и како им е сега на словенците и србите, арно рече...нека ни струг.. со џамче. Дај ние да ги гледаме тие што се подобри и од нив и од нас и да одиме по нивниот пат...Не мора да ги стасаме Чесите, Германците, Англичаните, Холанѓаните и тн, ама во тоа што се подобри (а се во мн нешта) едноставно да се трудиме да ги копираме, или ајде поубаво е да речам да учиме од нив...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Ќе стегне Тоше 5-6 ж’ти кавадаречки за дезинфекција и нема гајле... :)
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Ај ние да си продолжиме со ваква позитивна енергија како оваа што деновиве ја имаат нашиве кошаркари (и Бо си е за сега наш)...а за тоа што ни мислат и како им е сега на словенците и србите, арно рече...нека ни струг.. со џамче. Дај ние да ги гледаме тие што се подобри и од нив и од нас и да одиме по нивниот пат...Не мора да ги стасаме Чесите, Германците, Англичаните, Холанѓаните и тн, ама во тоа што се подобри (а се во мн нешта) едноставно да се трудиме да ги копираме, или ајде поубаво е да речам да учиме од нив...
Аристотел-Да бидам искрен и непристрасен,мислам дека од државите од бивши југо единствена е Словенија која не не мражи.Тру стори-Еве живеам во Словенија веќе подолг период,на Македонците гледаат секогаш со голем респект.Најомразена држава им е секако Хрватска.Досега гледам Еуробаскет на Словенската тв и да бидам искрен,коментаторите во изминативе денови против било кој противник(со исклучок на Словенија нормално) се осеќаше како пристрасно навиваат за нас.За другите држави не знам али Словенија е една од државите која на Македонија гледа со респект и со почит. Поз
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Браво дечки ..иако ме зафркнаа на сите ливчиња ..сепак не жалам за фрлените пари колку што се радувам на оваа победа(иако не многу битна) ...победа си е победа каква и да е..не го гледав натпреварот но пријатно ме изненадија бидејќи игравме против реноминирана репрезентација во европската кошарка и екипа каде што е составена од играчи кои играат во врвните европски клубови!
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
35
Поени од реакции
16
Дајте бре ајде што се запнавте, те вие не мразеле те оние не мразеле. Да немат друга работа они како нас тука ќе седат и ќе мразат. Им е гајле на Хрватите и Словенците за успесите на Македонија. Всушност, мнозинството честитаат и се пријатно изненадени. Настрана тоа што ние сме ептен потресени што ќе напишат, пошо гледам нас повеќе не интересира што ќе кажат отколку нашиот успех да си го славиме меѓу нас. Цела историја гледаме што другите мислат за нас, а не она што треба да гледаме.

И дај изгледај, постирано беше предходно, ќе постирам линк пак да видиш дали не мразат.
http://www.youtube.com/watch?v=t7K9UeVRsPw[/quote]

....Така е пријателе. Фала за линкот на кој со задоволство го исслушав и изгледав овој сосема коректен коментар од завршницата на оваа слатка спортска победа на Македонија над Словенија..
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Браво за момците! Ова е тоа што требаше да се прикаже! И кога не мораме, можеме!
Сега Русиве ги гледам не се ништо супериорни против ГрчишЧава... имаме шанса дефинитивно со многу добра одбрана и против нив!
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
35
Поени од реакции
16
Аристотел-Да бидам искрен и непристрасен,мислам дека од државите од бивши југо единствена е Словенија која не не мражи.Тру стори-Еве живеам во Словенија веќе подолг период,на Македонците гледаат секогаш со голем респект.Најомразена држава им е секако Хрватска.Досега гледам Еуробаскет на Словенската тв и да бидам искрен,коментаторите во изминативе денови против било кој противник(со исклучок на Словенија нормално) се осеќаше како пристрасно навиваат за нас.За другите држави не знам али Словенија е една од државите која на Македонија гледа со респект и со почит. Поз
Е, пази сега БРЕАКЕР777, јас не реков и не велам дека не мразат. Јас само сакам да кажам дека на нас од секогаш гледале и гледаат како на народ кој е на своевиден начин во секој поглед „на пониско скалило“ од нив (имам многу факти за тоа). Но ајде да не не караат пријателиве од форумов да ја баталиме оваа тема и да си се радуваме на овој национален спортски успех. Добри ни се сите комшии и Срби и Босанци, и Албанци и оние погоре, Хрвати и Словенци, нека ни се живи и здрави сите па и ние. Германците велат Wenn es ein gutes Ende ist, ist alles gut! Поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom