Муабетот беше дека бунтот и протестот го водат жанрот напред. Е сега, проблемот е што често бунт и протест се гледаат како политички работи а постојат бунт и протест кои не се поврзани со политиката и не се конкретно насочени кон било што. Бендовите протестираат против човечката природа, некои внатрешни конфликти, смртта, непостојаноста, ограничувањата на физичкиот свет, отсуство на комуникација итн итн... теми има колку сакаш. Сепак жанрот немаше воопшто да се издвои ако не беше бунтовен или ако не предизвикуваше внимание со гласноста, екстремноста, имиџот итн. Музиката е производ на идејата дека треба да се направи нешто што ќе предизвика внимание а не обратно. Сигурен сум дека Black Sabbath на почеток не заклучиле „еј колку гласно свириме, ај сеа да смислиме соодветни стихови за ова“, туку најверојатно било обратно. Истото важи и за секоја наредна генерација, јас лично не знам битен метал бенд од 80-тите или 90-тите кој пее за цвеќиња и колку е светот убав и шарен, колку владите и лидерите се кул фаци? Барем не такви што учествувале во формирање на жанрот. Дури и Tankard кои претежно се бават со алкохол на секој албум имаат сериозни критики за светот во кој живеат.