- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
Чад блес Санадер фор д арајвл оф д Канадер(ЛОЛ има рима
)
Вчера гледав на вести Гбујо насмеан, ќе обезбедиме нови возила специјализирани за гасење на шумски пожари...ДУРИ 5. Па чекаа да се настане ваква ситуација за да им текне дека треба да го обноват возниот пар на пожарникарската служба? Како било, мило ми е што се смирува ситуацијата, барем во Битола за другите места не знам.
Едит:
Еве сеа што најдов
Се уште критично со пожарите во Македонија
Битолскиот пожар е целосно под контрола, а активни се десетина други од поголеми размери низ Македонија, соопшти претпладнево Центарот за справување со кризи.
Приоритетни локации на кои денеска ќе се гаси со хеликоптери и авиони се селата Смојмирово, беровско, Царевиќ кај Плетвар, Премка-Рбетино, кичевско и Ротинце, тетовско.
Повторно се разгоре пожарот кај скопското село Света Петка, а активен е пожарот и кај Катланово, што од Црн Врв во текот на ноќта помина кон селото Градманци и се префрла кон Свети Николе.
Пожарот кај Националниот парк „Јасен” е со променлив интензитет и се уште активен.
Мешана шума гори во Скопска Црна Гора, кај селото Раштак, додека пожарот кај Љуботен се префрли над селото.
Пожарот во Мала Река – Преслап „Китка” претпладнево стагнира, а можно е да се разгори со покачување на дневните температури.
Делумно е активен пожарот во атарот на скопското село Раовиќ, додека пожарот кон викендичките на Горна Матка е ставен под контрола.
Битолскиот пожар, кај месноста Билбил камен, претпладнево целосно е под контрола, со интервенција на екипите на терен и помошта на „канадерот“ од Хрватска.
Поради неповолниот терен, висока температура и ветер надвор од контрола е пожарот кај село Бучин, Крушево.
Пожарот во реонот на струмичкото село Сушево е се уште е активен, и се шири во правец на брана Туркија. Горат околу 10 хектари мешана шума претежно даб.
Со масовно ангажирање на локалното население спречено е пожарот да го зафати велешкото село Богомила, а огнената стихија е под контрола. Другите два крака од овој пожар од големи размери, кон селата Бистрица и Црешнево, се уште се активни.
Не е под контрола пожарот во општина Гевгелија, кај селото Давидово. Гори површина од околу 600 хектари нискостеблеста шума.
Пожар се прошири во реонот на Пуста кула, по автопатот, каде војници повторно се ангажирани за гаснење. Пожарот бргу се проширил и навлегол во лозјата под автопатот Велес-Скопје.
Околу 100 војници учествуваа во гаснењето на пожарот на потегот на с.Рудник по должината на автопатот Велес-Скопје. Пожарот е локализиран, а поради силниот ветер се активира на повеќе места.
Пожарот во реонот на Борула што излезе од контрола се прошири кон борова шума и се движи кон општината Велес. Опожарена е површина од 100 хектари.
Во тетовско, пожарот помеѓу селата Туденци и Сирачино, се уште не е локализиран. Зафатена е голема површина сува трева, ниско и високастеблеста шума. Во гаснењето се вклучени локалните жители и војници.
Нов пожар во тетовскиот крај е регистриран кај Челопек кон селото Речица, а засега е под контрола. Пожарот кај селото Лешок е локализиран и под контрола.
Пожарот кај селото Света, Демир Хисар се уште е активен и се движи кон село Вардино.За еден ден изгореа 30 хектари шума и трева.
Во кумановскиот крај, пожарот кај селото.Гошинци се шири на косовска страна. Зафатена е површина со ретка исечена шума од 20 хектари, а гаснење на пожарот од земја не е можно поради непристапност на теренот.
Во гаснење на пожарите низ Македонија од денеска се очекува да се вклучат и специјализирани авиони, помош од Турција, Австрија и Швајцарија.
извор