"Mакедонија во пламен"

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тргнав за Битола и велам ај да им се најдам на моите комшии Битолчани кога е зловреме затоа што се бараа доброволци за гасење пожар.Патот од Прилеп до Битола го поминувам скоро секојдневно некаде за пола саат ама вечерва патував скоро 3 саати затоа што требало да биде безбеден кога се враќаа манијаците за расчистување на Гвујовата кумова тајфа.Се разбира дека и возилата за противпожарна заштита не можеа да поминат покрај каскадерите што профрчија после долгото исчекуивање да помине свитата на премиерот наш.Како да си помогнеме во ваква катастрофа кога некој треба да се слика пред разгорените планини на Македонија?Иронијата да биде поголема со парите за пропагандната прошетка на премиерот можевме да платиме барем 100 добри пожарникари.Жално но бескорисно нели?:(
:pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:
Сигурен сум во тоа првото..ХАХХА ,само не сум сигурен како мислеше да гасниш пожар преку интернет!Иди види си ги логовите бе серко еден па продавај муда на луѓево.Греотка си жими се!:bip:

3 саати викаш си чекал а?фххах ман гив ми да факин брејк
Сраааамота е ова што го тераш,станува толку бедно и патетично,те прочита веќе цел форум а ти упорно едно те исто,а ова последнава реченица..фххахахххххххххаа каков финиш:tv: :blabla:

Толку луѓе без работа а тебе те плаќат за вакви глупости,дај барем нека вработат појќе:helou:

Ахх Јани Јани.....
 
T

The Blob

Гостин
со парите за пропагандната прошетка на премиерот можевме да платиме барем 100 добри пожарникари.Жално но бескорисно нели?:(
Аман бе што зборуваш. :tapp: Грујо со спејс шатл до Битола да не го носеа па со тие пари 100 пожарникари да се платат. Што потрошија од Ск до Бт и назад, освен бензин? Ако не дојдеше Грујо на местото на пожарот ти ќе беше првиот што ќе мелеше дека „Битола гори, Грујо се чешла“. Или пак ако мислиш дека се толку евтини пожарникарите, отвори си ти една приватна пожарникарска станица, сигурно ќе имаш работа во Македонија, па и пошироко. Така никој нема да ти биди крив дека Владата со бесплатниот интернет ти ја земала работата. И АБЦ сит, и министрите на број :pos2:
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Добро па на крај, не можете а некоја тема да не се направи политика...

Се УПМ фати Битола, 100 куќи изгореа, а на ТВ ја гледам онаа Бендевска, кажува приказни: Само СДСМ се организира акции за спречување на пожарот. Го гледам еден од ВМРО штабот во Битола: вика ги повикувам членовите на ВМРО ДПМНЕ да гаснат... ние од ДПМНЕ ќе го изгасниме пожарот... трети викаат: ние од НСДП, четврти велат: ВМРО народна ќе ве спаси од пожарот....

Море, ако зафатеше пожарот надоле, немаше да ги прескока куќите на СДСМ на ВМРО или на оние кои им е ску*чено да гласаат на избори оти само идиоти имаме политичари, кои и вакви времиња ги користат за политички маркеринг!!!! :uvo:

Овде на форум пак со истите приказни... АБЦ си тера по свое, Братот по свое, и сите не заборавате да критикувате, да се фалите колку сте големи партиски активисти....

:nenene: Место сложно во вакви моменти, пак го тупите сите!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Овде на форум пак со истите приказни... АБЦ си тера по свое, Братот по свое, и сите не заборавате да критикувате, да се фалите колку сте големи партиски активнисти....

:nenene: Место сложно во вакви моменти, пак го тупите сите!
Не сум партиски активист!
И не сум дал причина за да ме ставаш во ист кош со некој фанатик ко АБЦ,ниту отварам тема за партија или против,ниту промовирам партиски интереси!
Терам по свое кога некои критики се неиздржани и јасно прават политички маркетинг на форумот.
Токму таквите типови ко АБЦ заслепени од СДСМовската политика го прават раздорот меѓу луѓето!
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Без разлика... тоа што темава е во Политика и Вести не мора да ја правиме политичка како што прават нашиве политичари (без исклучок)

Тука да пишуваме како напредува гаснењето, што има ново од теренот, и слично:

Густ чад утрово високо се издига над Битола. Акцијата за гаснење на големиот пожар што започна утрово во три часот се уште трае.

Од Територијалната противпожарна единица информираат дека е локализиран пожарот над бензиската пумпа Лукоил кај месноста Билбил Камен, а останатиот дел до селото Крклино само се контролира, но не е изгаснат.
Од службата за итна медицинска помош во градот потврдија дека во текот на ноќта значително бил зголмен бројот на барања за итна медициснка помош. Бројот го зголемиле дојавите од страна на жителите кои живеат во опожарените или евакуираните места.

Општинскиот кризен штаб на вонредната седница одржана рано изутринава ги договори оперативните мерки и координацијата за гасењето на пожарот во Битола.

На седницата со која претседаваше премиерот Никола Груевски, а учествуваа и вицепремиерот Живко Јанкуловски, министерот за одбрана Лазе Еленовски, министерот Иво Ивановски, заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал Адил Газафер, директорот на Центарот за управување со кризи Панде Лазаревски, градоначалникот Владимир Талески и битолските пратеници од сите политички партии, е извршена координација за дејствување на локалнита и централната власт, војската, МВР, претставниците на шумските претпријатија, Црвениот крст како и Дирекцијата за заштита и спасување во услови на криза.

Премиерот Груевски по состанокот изјави дека се што е во доменот на државата, се е направено. Побарана е помош и од странство при што засега е сигурна помошта од Хрватска, Турција и Австрија, а најверојатно и од Словенија.

Побарана е дополнителна помош од АРМ, за што Кабинетот на претседателот Црвенковски синоќа соопшти дека поради се покритичната ситуација, тој веќе издал нова наредба за дополнително вклучување на нови единици на војската во гаснењето на пожарите.

Во Битола веќе се припадниците на охридскиот баталјон, кичевскиот корпус, пожарникари од Прилеп, како и од Лерин, Грција. Изутринава се очекува да се вклучат и останатите доброволци од земјава и од странство.
Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили на Армијата на Република Македонија Бранко Црвенковски, денеска ќе го посети реонот на Битола зафатен со пожар.

Како што изјави за МИА заменик-началникот на АРМ, генерал потполковник Адил Газафер, претседателот Црвенковски со хеликоптер на АРМ ќе го надлета од воздух кризното жариште, по што ќе заминe во обиколка на војниците кои се ангажирани во гаснењето на огнената стихија. Притоа ќе биде извршена проценка, и доколку е потребно, претседателот Црвенковски ќе издаде наредба и за ангажирање на дополнителни воени единици на АРМ.
Дополнително од барањето на Владата и од досега вклучените припадници на АРМ во гаснењето на пожарите, поради се покритичната ситуација во земјава, претседателот Црвенковски синоќа издаде нова наредба за дополнително вклучување на нови единици на АРМ во гаснењето на пожарите.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, активиран е комплетниот баталјон од Охрид и нови единици од гарнизонот во Кичево. Новите единици на АРМ интервентно се вклучуваат во битолското кризно жариште.
Заменик началникот Газафер изјави дека со посебни напори во текот на ноќта е оспособениот еден хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на АРМ, кој пред да се упати за Битола веќе е употребен за исфрлање вода над жариштата од пожарот во Катланово, Скопско, кој е локализиран, но се уште не е изгаснат. Во текот на денот се очекува да биде оспособен за летање уште еден хеликоптер на АРМ, кoј во зависност од потребата ќе биде ангажиран за гаснење на пожарите во Битола или во Катланово.

Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека пожарите во Братин Дол, село Сенгово и Велушина што избија во 13 часот и 30 минути од влезот на Братин Дол над патот Битола – Охрид и во село Снегово се обединија и се шират од северната страна на градот, од влезот на градот од страната на Ресен и Братин Дол по ридот над патот Прилеп – Охрид до влезот во градот од страната на Прилеп.

Во 4 часот и 30 минути пожарот кај пумпата Лукоил е локализиран, а под контрола се ставени и пожарите кај црквите Св. Архангел и Св. Архангел Михаил.

Пожарот кај тунелот на патот Прилеп – Ресен и наспроти селото Братин Дол на патот кон село Снегово е се уште активен. Зафатена е површина од околу 300 хектари шума. За негово гаснење ноќеска се испратени 90 војници од охридската касарна и 300 од скопската касарна Илинден. Во гаснењето се вклучени ТППЕ – Битола, АРМ, ДЗС, РЕК Битола, екипи од јавните претпријатија во градот и доброволци од месното население. На терен се и екипи од брзата помош. Околу два часот и 30 минути на апел на градоначалникот се пријавиле 200 доброволци кои веднаш заминале на гаснење на пожарот.

Во утринските часови во гаснењето се вклучија и три авиони. Со пожарот се загрозени и селата Раштани и Крклино. Се исклучува струјата од далекуводите од загрозените подрачја, пренасочен е сообраќајот од патниот правец Ресен – Битола по стариот пат. Итната помош доби известување дека во 20 часот и 30 минути е донесено едно починато лице во вила во село Раштани кое потоа е однесено во клиничка болница на обдукција.

Пожарот кај Катланово веќе четири дена е активен. Во неговото гаснење учествуваат 100 припадници на АРМ и ШС „Караџица“ со 12 коли и преку 60 луѓе. Според првичните проценки, со пожарот се зафатени над 250 хектари мешана шума.

Состојбата со пожарот кај Горна Матка и Ивање се менува секој момент, зависно од правецот на ветрот. Огнот се префрла од Горна Матка кон Ивање и обратно. Покрај вработените во националниот парк „Јасен“ на испомош се дојдени 30 припадници на АРМ и четири екипи на БППЗ со околу 20 луѓе. Огнот го држат на линија на патот за да не помине преку оградата во ловиштето.

Пожарот што се шири кон хидроцентралата „Козјак“ сега е на околу 300 метри. Вработените направија бедем кон линијата на пожарот. Директорот на ХЦ „Козјак“ информира дека дел од пожарот се движи и кон далноводот. Евентуална хаварија на централата не би предизвикала какви било последици за Скопје зашто се користи како испомош на главниот вод за градот во ситуација кога е преоптоварен.

Пожарите на подрачјето на општина Тетово се уште се актуелни. Оној во селата Еребино, Мерово, Луковица, Горна и Долна Лешница е ставен под контрола од Македонски шуми, пожариот од село Желино оди кон село Стримница. Во негово локализирање и гаснење учествуваат околу 100 лица од месното население. Командирот на Шумската полиција пријавил пожар во близина на село Нов Лисец.

Шумски пожар изби и во реонот на Врањанце – Ново Село. Стихијата што зафати околу шест хектари е ставена под контрола.

Пожарот кај месноста Лакавица е вон контрола, зафаќа околу 100 хектари со тенденција за проширување поради силниот ветар. На терен има околу 40 луѓе од ШС, ТППЕ и месното население.

Пожарот во атарот на крушевското село Бучин е се уште активен и од страната на Демир Хисар. Во гаснењето се вклучени 23 војници, ТППЕ Крушево и 10 лица од ЈП „Липа“ Крушево. Се очекува во акцијата да се приклучат и ДЗС – Крушево, ДЗС – Демир Хисар, ТППЕ – Демир Хисар, 20 – 30 луѓе од ШС – Демир Хисар. Војската е пратена во Битола за гасење на пожарот.

Пожарот на потегот Јаболце – Држилово е насочен кон долот меѓу двете села каде е угасен во 18.30 часот.
Пожар што избувна на Пепељак и зафати 5 хектари ливади и три хектари висока елова шума, е локализиран во 19.00 часот. Локализиран е и пожарот кај село Долно Свиларе каде горела борова шума на површина од два хектари.

Вечер се очекува да биде локализиран шумскиот пожар во село Чајлане. За негово гаснење синоќа се испратени 30 војници од тетовската касарна.

Пожар е регистриран и во општина Гевгелија кај село Давидово, покрај железничката пруга Гевгелија – Скопје. Опожарени се околу 150 хектари нискостеблеста шума (даб, габер).

Пожарот кај село Премка повторно избувнал и се проширил кон село Рабетино. Во гаснењето се ангажирани 10 вработени од ШС „Лопушник“ и 6 лица од месното население. Опожарена се околу 130 хектари дабова шума и пасишта.

Пожарот кај прилепското село Царевиќ што зафати 80 хектари во попладневните часови е ставен под контрола.
Во село Кошино пожарот е се уште активен и зафати нискостеблеста шума. Дел од огнот оди во правец на Македонски Брод.

Пожарот кај Борула е под контрола иако на некои места сеуште има активни жаришта. Стихијата зафати млада сеча од бука и даб. Во гаснењето беа ангажирани 10 вработени од ЈП Македонски шуми и шест лица од шумската полиција.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Треба малку сите да почнат да размислуваат со своја глава, а не со партиска. :pop: Луѓето навиваат повеќе за Партиски натпревари отколку за фудбалски... лудо е. :lud:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Село гори АБЦ и останати слични на него тераат политика.

ABC што мајка бараш битола кога и во прилепско гори
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Македонија немаше да биде во пламен ако имавне добра опрема и ако нашите пожарникари дејствуваат малце побрзо а не се влечат по улици како ништо да не е, а има животи во прашање!!!!!!
 

Slatka mala

*** unique ***
Член од
10 јули 2007
Мислења
652
Поени од реакции
2
Македонија немаше да биде во пламен ако имавне добра опрема и ако нашите пожарникари дејствуваат малце побрзо а не се влечат по улици како ништо да не е, а има животи во прашање!!!!!!
Idi ti n gorestinive od 40 stepeni da gasnes pozar vo planina. A nemase da ima pozari ako bea posovesni
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Пожар настанува од обично шише пластика фрлено низ прозор. Уште пострашно, обично стаклено шише. За нецела минута може да настане пожар... Ама не, тешко ни е да чуваме ѓубре во кола...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Grcija e Grcija , kaj nas e nas problem. I ne sakam da popuvam vo vakvi momenti , ama imam vpecatok deka kaj nas nema strucni za gasenje na vakvi pozari. Ova veke ne e igracka.......mora da se baraat avioni ...no vistinski avioni za ovaa namena, a ne ova komarcive so 800 litri voda koi poveke gorivo ke potrosat od sto voda ke odnesat i da se cistat preventivno prostori i da se deluva so eksplozii itn.itn. A helikopterite na ARM so vrekite za voda koi realno mozat da srabotat nesto.....se prizemjeni...od poznati partiski ili neznam kakvi na-tigo-dajmi-go pricini....,ako treba neka preletuvaat Canaderi i od preku okean vo naem od edno dve nedeli ili neka se bara termin za hrvatskite...mozat da doletaat, da polnat vo Ohrid ili Prespa i da se vratat nazad vo Hrvatska.....i onaka ni dolzat nesto...edinstveno tie gi sobraa ex YU Canaderite.....samo avioni mozat ova da go stavat vo red.....i mnogu poedinci so brentaci na grb za gasenje na zarcinjata.....i mnogu pamet..zosto toa vivnuva vo del od sekunda....
Vo vakvi momenti se gleda kolku se glupavi partiskite i drugi prepukuvanja, a koga se zaborava ZAEDNICKIOT INTERES NA MAKEDONIJA....aj sega nekoe zestoko VETUVANJE ...od bilo cija predizborna kampanja neka gi izgasne pozarive....., a kako trgnalo drvo nema da ostane...zosto vo naredniot mesec uste potoplo ke bide.....
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Истиот проблем и денес кога тргнавме за Битола да гаснеме јас и 4ца пријатели бевме спречени затоа што морало да го почекаме некое лице Б.Ц. да помине да ги посети опожарените територии.Инаку во Шпанија кога кралот Хуан Карлос поминуваше пред моите очи па не го чекавме по 2-3 саати да помине со свитата.Овде се работи за спречување на оние кој сакаат навистина да помогнат од страна на политичките глаучи како Гвујо,Б.Ц. и други кој ни го одземаат драгоценото време и ги кинат нашите нерви па да оставиме се да гори.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
ABC ШТО МАЈКА БАРШ БИТОЛА КОГА ПЛЕТВАР ТИ ГОРИ
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Ова се 100 % подметнати пожари некој ги подметнува организирано па нели пред некој ден кај Кондово беа нашле трактор со 3 канти бензин за жал им побегнале извршителите
 

Kajgana Shop

На врв Bottom