"Mакедонија во пламен"

Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Чад блес Санадер фор д арајвл оф д Канадер(ЛОЛ има рима:))

Вчера гледав на вести Гбујо насмеан, ќе обезбедиме нови возила специјализирани за гасење на шумски пожари...ДУРИ 5. Па чекаа да се настане ваква ситуација за да им текне дека треба да го обноват возниот пар на пожарникарската служба? Како било, мило ми е што се смирува ситуацијата, барем во Битола за другите места не знам.


Едит:
Еве сеа што најдов

Се уште критично со пожарите во Македонија





Битолскиот пожар е целосно под контрола, а активни се десетина други од поголеми размери низ Македонија, соопшти претпладнево Центарот за справување со кризи.

Приоритетни локации на кои денеска ќе се гаси со хеликоптери и авиони се селата Смојмирово, беровско, Царевиќ кај Плетвар, Премка-Рбетино, кичевско и Ротинце, тетовско.

Повторно се разгоре пожарот кај скопското село Света Петка, а активен е пожарот и кај Катланово, што од Црн Врв во текот на ноќта помина кон селото Градманци и се префрла кон Свети Николе.

Пожарот кај Националниот парк „Јасен” е со променлив интензитет и се уште активен.

Мешана шума гори во Скопска Црна Гора, кај селото Раштак, додека пожарот кај Љуботен се префрли над селото.

Пожарот во Мала Река – Преслап „Китка” претпладнево стагнира, а можно е да се разгори со покачување на дневните температури.

Делумно е активен пожарот во атарот на скопското село Раовиќ, додека пожарот кон викендичките на Горна Матка е ставен под контрола.

Битолскиот пожар, кај месноста Билбил камен, претпладнево целосно е под контрола, со интервенција на екипите на терен и помошта на „канадерот“ од Хрватска.

Поради неповолниот терен, висока температура и ветер надвор од контрола е пожарот кај село Бучин, Крушево.

Пожарот во реонот на струмичкото село Сушево е се уште е активен, и се шири во правец на брана Туркија. Горат околу 10 хектари мешана шума претежно даб.

Со масовно ангажирање на локалното население спречено е пожарот да го зафати велешкото село Богомила, а огнената стихија е под контрола. Другите два крака од овој пожар од големи размери, кон селата Бистрица и Црешнево, се уште се активни.

Не е под контрола пожарот во општина Гевгелија, кај селото Давидово. Гори површина од околу 600 хектари нискостеблеста шума.

Пожар се прошири во реонот на Пуста кула, по автопатот, каде војници повторно се ангажирани за гаснење. Пожарот бргу се проширил и навлегол во лозјата под автопатот Велес-Скопје.

Околу 100 војници учествуваа во гаснењето на пожарот на потегот на с.Рудник по должината на автопатот Велес-Скопје. Пожарот е локализиран, а поради силниот ветер се активира на повеќе места.

Пожарот во реонот на Борула што излезе од контрола се прошири кон борова шума и се движи кон општината Велес. Опожарена е површина од 100 хектари.

Во тетовско, пожарот помеѓу селата Туденци и Сирачино, се уште не е локализиран. Зафатена е голема површина сува трева, ниско и високастеблеста шума. Во гаснењето се вклучени локалните жители и војници.

Нов пожар во тетовскиот крај е регистриран кај Челопек кон селото Речица, а засега е под контрола. Пожарот кај селото Лешок е локализиран и под контрола.

Пожарот кај селото Света, Демир Хисар се уште е активен и се движи кон село Вардино.За еден ден изгореа 30 хектари шума и трева.

Во кумановскиот крај, пожарот кај селото.Гошинци се шири на косовска страна. Зафатена е површина со ретка исечена шума од 20 хектари, а гаснење на пожарот од земја не е можно поради непристапност на теренот.

Во гаснење на пожарите низ Македонија од денеска се очекува да се вклучат и специјализирани авиони, помош од Турција, Австрија и Швајцарија.


извор
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Како што гледам се излегува од контрола може само да седиме и гледаме и да се молиме да падне дожд
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Paaaa...neznam dali nekoj mu spomnal na Gruevski...nekoj indijanski vrac dozdovnik???????.....i taka negde procitav deka nekoi indijanki od nekoe pleme lovci na glavi od Texas ke dosle da uvezbuvaat policajci za na granica......pa koga sme veka kaj indijancite.....moze malku vezba za dozdoven tanc:):)! Baska se poevtini od Samak i Taskovic:)!! A dozdovni luge vo MKD kolku sakas...:)
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
temperaturite se namaluvaat od denes pa da se nadevame deka pozarite ke izgubat na intenzitet pa vlatite ke se spravat podobro i pobrzo. RToa sto ostanuva na nas e pomegju sekojdnevniot chit chat i po nekoj stap za mnogute sto gi podmetnuvaat istive pozari. Ne e fer sega da se govori no definitivno imame problem so coveckata scest vo RM. Slusnete (procitajte gi ) vestite uste ednas i ke vidite kolku od pozarite se pojavija "docna" vo nokta :(
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Еден до два Канадери ќе ја решеа целата работа,само кому тоа да му текне кога имаме министер како Трајко кој бега од седница штом ќе го прашаш за трошоци кој се издвојуваат за неговите "настрани" колеги што требаше да носат инвеститори,ама не донесоа практично ни еден за една година.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
ПРИТВОРЕНИ ОСОМНИЧЕНИТЕ ПОТПАЛУВАЧИ НА ПОЖАРИ

Триесет дневен притвор заработија првите тројца осомничени за потпалување на пожарот во катлановско. Бобан Ѓорѓиев, Асим Меаки и Ѓоко Тодоровски по четири часа поминати пред истражен судија во скопска единица заминаа во Шутка. Тројцата работеле во во јавното претпријатие Комунална Хигиена од Петровец. Осомничени се дека минатата недела кога избувна пожарот во катлановско со камион на претпријатието на дива депонија кај местото викано Дренки во атарот на село Бадар, истуриле поголема количина смет и го запалиле. Сомненијата се дека од запаленото ѓубре бил предизвикан пожарот во катлановско. Судијата ги сослуша претставниците од македонски шуми и МВР и сведоците на настанот. Адвокатот на обвинетите тврди дека нема докази за делото за кое се товарат.
МВР, со спротивни тврдења, тие се подметнувачи на пожарот во катлановско и најстрого ќе бидат санкционирани исто како и сите други подметнувачи на пожари кои ќе ги открие полицијата.
Инаку денеска во Владата заседаваше кризниот штаб. Состојбата со пожарите во земјава е сеуште критична. Покрај канадерот од Хрватска кој пристигна вчера, денеска стигнал уште еден од Турција. На терен се и по еден хеликоптер од Словенија и Турција, а се очекува пристигање на уште два од Германскиот контингент на КФОР. Во гасењето на пожарите се вклучени и двата хеликоптери на АРМ, а бил повлечен и еден македонски товарен хеликоптер од мисијата во Босна. И 900 војници и специјалци помагаат во локализирањето на пожарите.
Владата веќе донесе одлука за набавување на пет нови противпожарни возила. Едно специјално со цистерна од 20 тони, две набавни и 2 за гасење на шумски пожар. Со нив се очекува подобрување на способноста за побрза и поефеикасна интервенција на противпожарните служби.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Како ли стигнале обвинетиве да запалат по некое ѓубре низ цела Македонија ќе остане енигма за Македонските граѓани.
 
Член од
5 јули 2006
Мислења
82
Поени од реакции
2
Paaaa...neznam dali nekoj mu spomnal na Gruevski...nekoj indijanski vrac dozdovnik???????.....i taka negde procitav deka nekoi indijanki od nekoe pleme lovci na glavi od Texas ke dosle da uvezbuvaat policajci za na granica......pa koga sme veka kaj indijancite.....moze malku vezba za dozdoven tanc:):)! Baska se poevtini od Samak i Taskovic:)!! A dozdovni luge vo MKD kolku sakas...:)
Не ни требаат индијанци, имаме технологија за вештачки дожд. Само не ми е јасно зашто не се користи.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Најново во Кичево на десет места истовремено се појавил пожар некој си игра со државата
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
и во струга има 2 пожари ... ц ц ц ова е недај боже :S
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
За максимум недела дена очекувам да дојдет пироманите накај Охрид...
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Шума гори кај Ќафасан. Пожар во полето крај Струга
Огнените стихии во Македонија како да „решиле“ се` да изгорат. После огромниот пожар во битолско кој е донекаде стопиран, на „ред“ дојдоа и струшкиот регион и Ќафасан. Околу 100 хектари дабова и борова шума, непосредно до граничниот премин со Албанија горат, а ветерот кој го менува правецот секој момент сесрдно „помага“ во ширењето на пожарите. Пожарникари од Струга и Охрид, потпомогнати од работници во шумските претпријатија, се борат да го локализираат огнот што кај Ќафасан е веќе стигнат до патот. Но, од она што го видовме на терен, недостига и механизација и опрема, но и луѓе за гасење на пожарите. Градоначалникот Мерко изјави дека нема опасност пожарот да ја префрли планината и да „тргне“ кон селото Радожда и хотелите „Изгрев“ и „Бисер“


Гори половина планина. Ќафасан



Само еден пожарникар на илјадници квадрати пожар


Пожарот „слезе“ до патот Струга - Ќафасан

Додека градоначалникот Мерко ангажира луѓе и ресурси кај Ќафасан (тој и беше на лице место), пожар од големи размери го зафати и струшкото поле, во близина на селото Враништа. Луѓето од крајпатните фабрики и деловни објекти сами се бореа со стихијата, огнот и густиот чад. Нешто подоцна околу 14.30 на делот зафатен со пожар, од патот гасеше пожарникарен камион. Патот Струга - Дебар беше затворен. Од далечина можеше да се види дека пожарите се шират со голема брзина и спрема селата Враништа и Мороишта.


Храбар човек гаси сам на патот Струга - Дебар

Ако не се ангажираат повеќе луѓе, односно ако Општината Струга не добие реална помош во гаснењето на пожарите, и` следува драма како на Битола.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Пожарот над радожда е изгаснат сабајлето со авион канадер
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Гего имате вие предност пошто со подолги црева и со пумпи има пристапност директно кон поголеми водени количества.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Сепак треба мажи да "пумпаат" за да се справат со стихијата.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom