Колку и да зборат дека е превара, легален е. Да не беше/беа, ќе лежеа затвори. Затоа и оди по емисии, си има добри адвокати кои знаат што направиле, нема на која основа да одговар.
Проблемот е што имаме неуки луѓе па паѓаат на ваква фора (не само во Македонија, туку општо).
Конти или слични како него, за парите вложени даваа воздух т.е беа класична пирамида каде наплатата од првиот оди како заработка за вториот и така во круг, без никаква позадинска структура.
Во Лајонес имаат добро смислена шема која системски и правно ја решиле: Се уплаќаат пари за „членство“ кое ти дозволува да добиваш кеш бек во одреден % во зависност од потрошеното - на места со кои соработуваат т.е кои се партнери.
Ова, можеби и не звучи така лошо бидејќи како што и он сам вика, годишно сите трошиме пари за гориво (фиксно), па зошто да не сме у некаков ќар.
Но... Проблемот е од другата страна, маркетингот/промоцијата на бизнисот.
Ова што го спомнав погоре со кешбекот, не пали кај луѓе. Не можеш маса на луѓе да добиеш и од тоа да заработува цела организација. Ама затоа можеш преку други потрчковци да рашириш муабет дека се заработуваат илјадници евра со "X" учество... и на ваков муабет ќе најдеш 100.000 кои ќе се запалат дека ќе добијат брзи пари... а всушност, воопшто не знаат каде уложиле, во што уложиле и како би можеле да ги „играат“ парите. Чекале со години да заработат... и дочекале...