Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 5.082
- Поени од реакции
- 16.742
Гледам нема тема за ова па малку да разиеме дискусија. Фирмава како што приметувам почнува да зима се поголем замав, па мислам дека вреди и форумски да биде разгледано нејзиното постоење. Како краен скептик на вакви мултилевел, пирамидални заебанции мене ова ми е крајно сумљива и непроверена работа и покрај тоа што од друга страна сериозни фирми членуваат а и некои другари ми се пофалија дека од сето ова имало бенефит. Како што ми објаснија станува збор за некакви си попусти што фирмите членки ги даваат на потрошувачите членови ама тие не добиваат попуст директно него сето тоа ти одело во некоја наводна твоја сметка во Лајонес а дел оди и за агентот кој те препорачал а друг дел за фирмата, па откога ќе собереш извесен број на единици е тек тогаш на сметка ти стигнуваат реални пари, значи или јас сум нешто глуп или се тресат глупости од ракав, битно цело оваа шема мене лично ми делува крајно несериозно, да не бидам и подрзок во описите. Дали има некој искуство со оваа пирамида и како функционира? Особено од корист би биле мислења од некој што ја разбира шемата.