Lyoness

Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Па се подразбира дека не. Сепак е тоа корпорација, и има газда :) . Ама компанијата излегува на берза, со 1000 евра инвестирани сеа преку нивниот бенефит ваучер, ќе добиеш 3000 потенцијални акции. Тие 1000 евра треба да ги потрошиш до 2023, Август, за потенцијалните 3000 акции да ги добиеш како акции кога ќе излезе на берза во 2023 Август. Па нека излезе и со почетна цена од 10 долари на берза, направи си ја ти математиката. А штом е веќе на берза, секако ќе има други институционални и останати инвеститори..А и да не добиеш акции, пак не си ги изгубил парите, бидејќи ти си ги трошиш за твои потреби
1. Зошто би купил акции во пирамидална шема?
2. Што е поверојатно:
-ова да е легитимно нешто или
-ова да е уште една превара како соработката со Мастеркард, облачињата, криптовалутата и наемнините од Германија, следствено на датумот „август 2023“?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947

Им се восхитувам колку добро ја имаат организирано пирамидата, гарант имаат цели тимови на експерти (математичари/економисти/статистичари), дополнително и вадат максимум на ИТ делот.
Во 2023та ќе им направат друго комбо, т.е ќе им кажат парите од акциите сега ќе се ре-инвестираат во некој друг клауд/фирма сестра на оваа со што ќе обичните смртници ќе се радуваат дека некаде имаат нешто.
Уствари целото време само им ги играат нивните пари, пирамидата ја хранат со пикање на нови членови и фирми, а печалат само тие најгоре.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.845
Поени од реакции
7.644
Нема што јас и ти да ја правиме математиката, таму веќе ти ја имаат направено и сум повеќе од сигурен дека пари нема да видиш.
Немој така ќе ти рече како не си амбициозен и не успеваш да ја согледаш можноста.
 
Член од
17 ноември 2017
Мислења
53
Поени од реакции
23
Не ми ја има направено никој. Ниту пак сум влезен сеуште во тоа. Ама те молам, дади некои подобри контра аргументи зошто не чини, и како нема да видиш пари од акциите? Прашање е што ако не добиеш акции, да, се согласувам, ама како нема да видиш пари од акциите на берза ?
 
Прво, кој воопшто ќе им дозволи на овие тргување на берза кога низ цела Европа ги тужат? Второ, акциите одат само нагоре? Нема шанси некоја акција да падне? Трето, зошто Лајонес наспроти малиот милион легитимни акции кои ти се достапни моментално?
Автоматски споено мислење:

Им се восхитувам колку добро ја имаат организирано пирамидата, гарант имаат цели тимови на експерти (математичари/економисти/статистичари), дополнително и вадат максимум на ИТ делот.
Во 2023та ќе им направат друго комбо, т.е ќе им кажат парите од акциите сега ќе се ре-инвестираат во некој друг клауд/фирма сестра на оваа со што ќе обичните смртници ќе се радуваат дека некаде имаат нешто.
Уствари целото време само им ги играат нивните пари, пирамидата ја хранат со пикање на нови членови и фирми, а печалат само тие најгоре.
Ваљда следно им е некој проект за вселенски туризам? Уште само тоа им остана :pos:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Прво, кој воопшто ќе им дозволи на овие тргување на берза кога низ цела Европа ги тужат? Второ, акциите одат само нагоре? Нема шанси некоја акција да падне? Трето, зошто Лајонес наспроти малиот милион легитимни акции кои ти се достапни моментално?
Автоматски споено мислење:

Ваљда следно им е некој проект за вселенски туризам? Уште само тоа им остана :pos:
Мислам дека следно ќе играат со крипто, ваљда ќе извадат некоја нивната крипто валута и ќе им ги префрлат „парите таму“ (токени или нешо такво).
 
Член од
20 јануари 2021
Мислења
401
Поени од реакции
4.411
И тоа не било каква крипто...Туку баш онаа што ќе ја користи цел свет
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Мислам дека следно ќе играат со крипто, ваљда ќе извадат некоја нивната крипто валута и ќе им ги префрлат „парите таму“ (токени или нешо такво).
Еее, веќе се распродадени сите парички од нивното крипто, луѓето веќе чекаат поврат од „биткоините нивни“ :icon_lol:

Мислам дека ова беше видеото
 
Член од
17 ноември 2017
Мислења
53
Поени од реакции
23
Валидни се сите ваши мислења. Не сум некој што удира во ѕид, само покренувам дискусија, и сигурен сум дека има поискусни и попаметни од мене, секое мислење е добредојдено.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Валидни се сите ваши мислења. Не сум некој што удира во ѕид, само покренувам дискусија, и сигурен сум дека има поискусни и попаметни од мене, секое мислење е добредојдено.
Еве ти од мене едно. Јас ги пројдов повеќето превари од последниве 5 години (не сум влегол туку сум ги прател како се движат и луѓето кои влагаат).

Значи: OneCoin, Davor Coin, JollyCoin, BitConnect (за крипто зборам).

Сите до еден биле исти, освен овој Битконект каде беа премногу пари у игра со многу појака шема од другиве. Ако сакаш у нешто да уложиш, прво разгуглај, види другите што мислат, дали има логика тоа што го нудат, дали може да издржи, дали има иднина, дали има познати инвеститори, и најбитно, кој е тимот, кој е тој што го нуди ова.

И да не си сигурен, и да мислиш дека е превара, ама сепак сакаш да пробаш, пробај се, од кај знаеш може ќе ти грмне нешто (али не биди алчен и пробај се со скромна сума што нема да ти биде жал утре). Биткоин кога излегол сигурно и за него се зборело глупости, па сеа ако има некој што купил во 2009 за 100 долари, има милиони.

Секоја комбинација која зависи од тој под тебе, е 99% шема која неможе да издржи или издржува со тоа што се храни од друга поврзана шема. Ова е факт. 1% оставам зошто има шеми, пример со реферали од казино/коцкање па функционираат ако тој под тебе ако се коцка. Ама ова функционира дека увек тој под тебе троши пари, па тие под него исто трошат.... т.е увек се полни касата а казиното двои % од својот ќар да ти го даде тебе како едно фала.

Е сеа, шеми каде ти викаат уложи еднаш и за 2/3 год. ќе направиш пари се сумљливи.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.845
Поени од реакции
7.644
Со Џоли Коин пола Прилеп заглави по лихвари. Сеуште не ми е јасно како успеа толку брзо да се прошири и толку многу народ да поверува на екстремно глупа приказна.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Луѓенца, не треба да очекуваме дека некој ќе не фати за раче и ќе ни каже „дојди чичин да правиме пари“.
Освен ако нормално он не планира да профитира од нас. Мислам дека на сите тоа ни е веќе повеќе од јасно.

А за овие шеми што ги фураат вложи волку ќе земеш толку и така натаму, не сум баш запознаен, само ме интересира од каде би земал ја Х сума на пари ако вложам?

Едино нешо од Лајонесот што „држеше“ вода беше првата шема, каде што ти даваа картичка, собираш поени и имаш некој попуст (ако не се лажам). Е сеа ако некој ја земал за да си „Штеди“ пеки, нели и рептил, тинекс, веро, еурофарм итн си имаат свој картички за поени. Се друго над тоа ми е тешка превара, губење пријатели и преголемо замарање за мала пара.
Колку добар манипулатор треба да си за ваква шема да разработиш човече...
 
Член од
8 ноември 2009
Мислења
263
Поени од реакции
146
https://futureoption.net/mk/blog/budikengur-od-makedonija-do-avstralija-naseto-iskustvo-za-zaminuvanje-vo-avstralija?fbclid=IwAR2dF4vCX3qAeS3XK6ueGkPFOhuMeI51W_5IJxh5zvVCvChXePWIYDB650Y Сликиве кажуваа дека заработуваат,лево 15000 евра месечно (славна Кариера 7), а десно по 5000 евра месечно.А, се отселија од Македонија и отишле во Австралија за плата од 2000-3000 долари. Некој-а тука мнооооогу лаже!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom