LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
А бе тие рекоа многу работи, едно време се колнеа дека се ќе одговореле. Па тврдеа како воделе картотеки хронолошки за да не направеле некоја дупка... а сега дупките ко швајцарско сирење... Едноставно ја покакаа... Имам чувство дека ова не е тоа што го намераваа и дека променија правец нагло. И шо па вие се буните, мора ли ја да кажам дека ми се допаѓа крајот кога не ми се допаѓа?


E кои се тие дупки ко швајцарско сирење?


Крајот стварно беше mindfuck. Јес да се појави уште меѓу првите теории, јес да сценаристиве рекоа дека нема така да заврши, па и ради тоа беше толку неочекуван.

--- надополнето ---

@dexter09 Темава нема да се заклучи!! И Prison Break заврши па темата седи!
 
Мислев Призон Брејк ќе биди најглупата серија шо сум ја гледал, ама Лост нема шанси некоја да ја надмини. Поглупа серија немам во живото гледано, случајни работи без никаква замисла расфрлани и очаен неуспешен обид за длабок филозофски крај. Со два збора, неуспешно нискоинтелегентно СРАЊЕ.
 
Прегледај го крајот. Алт мислевме дека не постои и не е важна, или дека некако ќе се реализира истата и сите ќе се среќни.
Алт ти е расплетот. Каде сите се умрени.

Алт никако не е расплетот, расплетот се случи на островот. Убивање на миб, спасување на островот. Алтот е проста утеха за да се добие филинг дека нема трагичен крај и дека колку и да страдаа пак се среќни после тоа.

Точно така, расплетот е на островот, а АЛТ-от е вишок. Се можеше да стои и без АЛТ-от. И кога ова го прогнозирав на почеток од сезоната сите викавте аман само тоа не... а сега викате добро било. Алт-от беше безначаен за серијата.

E кои се тие дупки ко швајцарско сирење?


Крајот стварно беше mindfuck. Јес да се појави уште меѓу првите теории, јес да сценаристиве рекоа дека нема така да заврши, па и ради тоа беше толку неочекуван.

--- надополнето ---

@dexter09 Темава нема да се заклучи!! И Prison Break заврши па темата седи!

За дупките што ги оставија кога ќе имам повеќе време.

Зошто ме зезате сите дека ова било mindfuck? Sixth Sense беше mindfuck. Брус Вилис низ останатите и до крај никој не сваќа дека е мртов. Ова дека е можно да се мртви го спомнувавме од бомбата на Џулиет наваму. Дури и уфрлаа бесмислени работи како синот на Џек кој фактички не постои.

Последнава епизода беше убава романтична завршница со троа спиритуални глупости. Ништо повеќе.
 
Точно така, расплетот е на островот, а АЛТ-от е вишок. Се можеше да стои и без АЛТ-от. И кога ова го прогнозирав на почеток од сезоната сите викавте аман само тоа не... а сега викате добро било. Алт-от беше безначаен за серијата.

Јас уште ти кога ја напиша твојата теорија реков дека ми се допаѓа и мислев дека тоа би било најдобар крај. Дури и сега мислам дека така подобро ќе беше да завршеше. Не знам зошто сите сте се молеле да не заврши така.

Али сум многу задоволна од крајот. Беше мајндфак. Што, зарем кога Џек влезе во црквата ти знаеше дека е мртов? Не, сите мислевме дека ќе заврши романтично, секој се заљуби во некој и толку. Ама не, Лост не остави и после неговиот крај да разглабаме теории (зошто деца неможат да се раѓаат на островот). Повторувам, ништо не се објасни во последнава епизода. Ништо, ниту една мистерија. Барем името на МИБ да го кажеа :) Али мене лично ми се допадна. Ме остави со отворена уста.
 
Барем името на МИБ да го кажеа :) Али мене лично ми се допадна. Ме остави со отворена уста.
Во сценариото името на MIB било Самуел... ништо посебно :) Нели е позанимливо тоа што не му го кажаа името воопшто :)
 
Многу убо си заврши последната епизода . само што и ја се согласувам со IOsonoINTERISTA . дека алтот немаше никакво значење.
многу глупо што не одговорија на сите прашања .
Можеше да се ставит одговор на сите прашања буквално на сите .
што е островот , што е чадон , што е светлината .
Па мене ми дојдоа многу интересни идеи за сиве прашања (за островот , светлината , чадон , статуана ) што можат буквално да се одговорат од темел .
Уствари уште можат да се одговорат ако се направи сезона 7 или уште неколку дополнителни епизоди .
 
@Mac)):

Како и да го вртиш, дали страдале дали плачеле, дали каснеле месечни циклуси на крај пак се среќни и заедно.

Да не беше алтот и да завршеше со смртта на Џек би бил тажен крај. Ова на крај беше оноа американците што го викаат closure.

Да го цитирам Валдано за играта на Мурињо: Shit on a stick :tv:

312v8tl.jpg
 
Јас серијава ја гледав заради мистериозните моменти,статуата,Храмовите,хиреоглифите,time-travel,ДАРМА,а не заради односите меѓу ликовите.Ако сакав да гледам драма ќе си гледав Очајни Домаќинки.И затоа сум разочаран од серијава.
Пазите до 5 сезона не наведуваа на мистерии,на храмови,статуи и последнава сезона очеквиш ќе разјаснат се кога тие се фокусираат на ликовите.
 
@Mac)):

Како и да го вртиш, дали страдале дали плачеле, дали каснеле месечни циклуси на крај пак се среќни и заедно.

Да не беше алтот и да завршеше со смртта на Џек би бил тажен крај. Ова на крај беше оноа американците што го викаат closure.

Да го цитирам Валдано за играта на Мурињо: Shit on a stick :tv:

312v8tl.jpg

Научи да тагуваш бе. :devil3:

Него, да завршеше како Prison Break, онака финтаџиски глупо, ќе бевме понезадоволни. Овој крај освен тој closure, кој ипак за мене не е среќен ебате, освен Дезмонд, никој друг не го изживеа животот со љубената - крајов ни овозможи да видиме дека Hugo бил добар заштитник, имале авантури со Бен, значи приказната продолжила...понатаму се е оставено на нашата фантазија, да си ја пополниме таа огромна празнина. Убаво пиша некој овде (ваљда овде беше), добивме емоционално исполнувачки крај, но не и интелектуално.
И како започна сезонава, требаше некој ептен да е наивен за да очекува дека ќе се објаснат мистериите...едноставно тргна во тој правец, каде побитно беше да се објаснат новите работи (КИНЕЗОТ; ЕБАТЕ) него старите и добри мистерии.
Разочаран секако дека сум, ама крајот ми се свиѓаше, мислев ќе биде даааааааалеку полош.
 
А зашто Бен, Алекс, Даниеле, Мајкл, синот на Мајкл, Роз и маж и, Ана Лусија и сигурно има уште неколку лика не се појавија во црквата? И не продолжија понатаму.

Од една страна од Лост не ни очекував некој поинаков крај со кој се ќе се разреши.
Но од друга страна кога гледаш една серија очекуваш крајот да е значи крај. Овде крајот е само почеток на теории што, зашто, како и да може да си фантазираш до бескрај, без притоа никогаш да не дознаеш 100% што е точно од тие теории.
Ако некој сака ваков крај каде ќе те остават во прашалници, ќе те збунат и ќе те остават цел живот да си фантазираш за Лост, јас сепак посакував вистински крај, со разрешување на многу работи. Така да Лост на некој начин не ни заврши, нема ни да заврши никогаш. Изгубени сме сега ние гледачите :)
 
А зашто Бен, Алекс, Даниеле, Мајкл, синот на Мајкл, Роз и маж и, Ана Лусија и сигурно има уште неколку лика не се појавија во црквата? И не продолжија понатаму.

Тоа е едно од многуте прашања кои ќе останат неодговорени.
 
А зашто Бен, Алекс, Даниеле, Мајкл, синот на Мајкл, Роз и маж и, Ана Лусија и сигурно има уште неколку лика не се појавија во црквата? И не продолжија понатаму.

Епа (ова е целосно мое мислење, воопшто не значи дека е точно), финтата на алтот беше да се присетат на најубавите моменти од островот и на оние со кои ги поминале најубавите моменти, на личностите кои најмногу им значеле. А Мајкл и Волт (освен еден на друг), Русо и Алекс (освен на Бен), Ана Лусија, Волт, Наоми, рака на срце, на никому не му значеа онолку колку што им беше Кејт, Соер, Џек, Лок, Хуго. Е сеа јес да Бун врска немам што бараше во црквата, и овој што беше во алт полицаец, партнерот на Соер, зошто го немаше, не знам. Којзнае што била финтата. Во тоа и е убавината, да се чудиме :)
 

warning: Дополнително може да ве изнервира видеово...
 
Тоа е едно од многуте прашања кои ќе останат неодговорени.

Лесен е одговорот: собрале се што можеле да соберат од актерите кои се појавија во серијата. Некои ги одбиле па ги немаше. Мр.Еко на пример...
 
Лесен е одговорот: собрале се што можеле да соберат од актерите кои се појавија во серијата. Некои ги одбиле па ги немаше. Мр.Еко на пример...

Имаш право за ова.
Туку на момент како се штрекнав кога се појави Бун. Скрос имав заборавено дека го глуми Ian Somerhalder, кој е еден од главните ликови во The Vampire Diaries. А дека ептен се заразив со таа, ко го видов на момент си реков што к*р бара Дејмон во Лост.:pos::pos: 4 сабалје беше јебига.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom