Прво, да кажам дека епизодава беше прејака, ме воодушеви. И малку ви се чудам, 5 години ја чекате епизодата за животот на Ричард и сега се буните нешто

Ова беше од прилика што очекував: враќање во минатото и расчистување околу улогата на Ричард.
Патем, за тоа дека МиБ е зло кое сака да го напушти островот пишував уште одамна, не сум изненаден во тој поглед зошто многу пати јасно се покажа која страна е лоша и кој кого чува на островот.
Како може островот да е тапа што чува големо зло, пекол и слично, кога го мрдаа?
И како дрвениот брод ја сруши 200 метра високата цементна статуа?

Првото ти е обична метафора: островот е место кое спречува злото да излезе и да се прошири. Нема врска што го мрдале
За второто и јас се чудам...
Зошто Харли може да зборува со мртвите? Зборуваше со другар му од лудницата, зборуваше со Чарли, Ана Лусија, Еко, со Џејкоб и со жена му на Ричард.
Мене ме зачудува како Џејкоб може да оди надвор од островот, а МiB не може?
Една од работите кои ја напишаа во enhanced епизодите на АБЦ (со објаснувања) е дека Хуго е на островот баш поради неговата способност за зборува со мртви луѓе. Изгледа нема врска со островот тоа.
Околу заминувањето на МиБ, добив идеја кога тој рече дека „Џејкоб му го земал телото“, т.е. веројатно го претворил во Црн Дим. Ова е веројатно форма на затвор, затоа што црниот дим е веројатно врзан за островот, т.е. не може да егзистира надвор. „Дупката“ е во тоа што МиБ нашол начин да земе форма на човек (Лок) и сега може да го напушти островот како таков, ако најде превозно средство (авион, подморница...)
И уште нешто кое ме изнервира/потцени. Фактот што мораат да се убијаат двајцата пред да зборнат, а пред Бен да го убие Џејкоб си направија добар муабет... Мислам стварно безвеза...
Веројатно значењето на ова беше: ако го пуштиш да зборува може да те разубеди, многу е убедителен... а не дека физички не може да го убие. Ако беше така, Џејкоб не мораше да се бори со Ричард туку ќе го оставеше да го боцне да му помине меракот
Само некои размислување, којзнае дали сум на прав пат.
Отидов да гледам Интер...