LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
Зашто Mib е злото и тоа е поентата, да биде спречен да излезе од островот, што е чудното тука.

Спречен е од Џејкоб, нели? Џејкоб би требало да биде доброто, а MiB да биде злото. Ако е спречен од Џејкоб да го напушти островот, тогаш многу пати го видовме Џејкоб надвор од островот, што всушност е можност за MiB да го напушти остоврот. Многу логично, нели?

Според мене, не е само Џејкоб она што го држи MiB на островот. И Џејкоб сака да замине од островот, па затоа бара замени. Таа замена ќе треба да го чува злото на островот (со уште некој/нешто друг/о).
 
Сеа ја прегледав пак, и неколку заклучоци:

1. Жената што ја виде Ричард не беше Изабела туку беше MIB во нејзина форма, кој му ја наполна главата дека се во Пеколот за потоа лесно да го превари во тоа да го убие Џејкоб, мислејќи дека е Ѓаволот.

2. Не знам дали заприметивте, но шепотењата кои ги правеше Ричард кога му се приближи чадот, се всушност истите шепотења кои ги слушавме во прва, втора сезона.

3. Џејкоб е добриот, MIB е лошиот, иако за првиот малце е за сомнеж, со оглед на тоа што влечи нон стоп луѓе на островот, и нон стоп умираат, само за да му докажи на MIB нешто...

И уште нешто кое ме изнервира/потцени. Фактот што мораат да се убијаат двајцата пред да зборнат, а пред Бен да го убие Џејкоб си направија добар муабет... Мислам стварно безвеза...
 
Значи колку е островот тапа. :tv:

За зборењето пред убивање, веројатно се мисли на убиј го пред да ти објасни, а не како некој услов кој треба да се исполни за некој од нив да може да биде убиен.

Малце чудно е што Џејкоб толку лесно умре. Ако тој е суштество со посебни моќи не би требало да може да биде убиен од нож, како што видовме тој метод кај Флок не успеа.
 
Спречен е од Џејкоб, нели? Џејкоб би требало да биде доброто, а MiB да биде злото. Ако е спречен од Џејкоб да го напушти островот, тогаш многу пати го видовме Џејкоб надвор од островот, што всушност е можност за MiB да го напушти остоврот. Многу логично, нели?

Според мене, не е само Џејкоб она што го држи MiB на островот. И Џејкоб сака да замине од островот, па затоа бара замени. Таа замена ќе треба да го чува злото на островот (со уште некој/нешто друг/о).
Не сфаќај се буквално, не седи Џејкоб на граница со пиштол и го спречува да си оди. Џејкоб може да се движи кај сака од тоа што го видовме, сигурно има нешто што го спречува миб да си оди.

Сеа ја прегледав пак, и неколку заклучоци:

1. Жената што ја виде Ричард не беше Изабела туку беше MIB во нејзина форма, кој му ја наполна главата дека се во Пеколот за потоа лесно да го превари во тоа да го убие Џејкоб, мислејќи дека е Ѓаволот.
Многу јасно, исто како Алекс што му се појави на Бен. Истата цел ја имаше и за двајцата, да ги изманипулира да го убијат Џејкоб.

3. Џејкоб е добриот, MIB е лошиот, иако за првиот малце е за сомнеж, со оглед на тоа што влечи нон стоп луѓе на островот, и нон стоп умираат, само за да му докажи на MIB нешто...
Мене и двајцата не ми личат на добри, како да играат некоја болна игра на манипулација, кој повеќе ќе успее.

И уште нешто кое ме изнервира/потцени. Фактот што мораат да се убијаат двајцата пред да зборнат, а пред Бен да го убие Џејкоб си направија добар муабет... Мислам стварно безвеза...
Работата е тоа што кога ќе ти прозборат те премислуваат, не се создава некоја магија :) Џејкоб му рече на Бен дека има избор, со надеж дека ќе се премисли.


Него, после епизодава цел ден песнава ми се врти во глава :tv:
 
Работата е тоа што кога ќе ти прозборат те премислуваат, не се создава некоја магија :) Џејкоб му рече на Бен дека има избор, со надеж дека ќе се премисли.

Саид без думање му го брцна на MIB, па гајле немаше, а овај од едно ноже падна.

Значи затвореникот е бесмртен, а чуварот негов можи да умри од нож?
 
Саид без думање му го брцна на MIB, па гајле немаше, а овај од едно ноже падна.

Значи затвореникот е бесмртен, а чуварот негов можи да умри од нож?

Па така изгледа :) Затоа и се бара замена за Џејкоб, а не за Миб.

пс: Не барајте логика и правила во серијава пошо одамна нема, еден куп глупости се изнагледав до сега :)
 
Најголемата трагедија е Кристијан... Кој го имаше во античко време кога Лок падна во бунарот... А уште поголема трагедија е тоа што му рече на Лок да ги врати О6 (а пошо е очигледно дека Кристијан е дел од Смоуки, ТОА ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ МУ ОДГОВАРА, ПОШО ТИЕ СЕ ВСУШНОСТ КАНДИДАТИТЕ).

А бе, рапсодија во сино...
 
Прво, да кажам дека епизодава беше прејака, ме воодушеви. И малку ви се чудам, 5 години ја чекате епизодата за животот на Ричард и сега се буните нешто :) Ова беше од прилика што очекував: враќање во минатото и расчистување околу улогата на Ричард.

Патем, за тоа дека МиБ е зло кое сака да го напушти островот пишував уште одамна, не сум изненаден во тој поглед зошто многу пати јасно се покажа која страна е лоша и кој кого чува на островот.


Како може островот да е тапа што чува големо зло, пекол и слично, кога го мрдаа?
И како дрвениот брод ја сруши 200 метра високата цементна статуа?

:) Првото ти е обична метафора: островот е место кое спречува злото да излезе и да се прошири. Нема врска што го мрдале :)

За второто и јас се чудам...

Зошто Харли може да зборува со мртвите? Зборуваше со другар му од лудницата, зборуваше со Чарли, Ана Лусија, Еко, со Џејкоб и со жена му на Ричард.

Мене ме зачудува како Џејкоб може да оди надвор од островот, а МiB не може?

Една од работите кои ја напишаа во enhanced епизодите на АБЦ (со објаснувања) е дека Хуго е на островот баш поради неговата способност за зборува со мртви луѓе. Изгледа нема врска со островот тоа.

Околу заминувањето на МиБ, добив идеја кога тој рече дека „Џејкоб му го земал телото“, т.е. веројатно го претворил во Црн Дим. Ова е веројатно форма на затвор, затоа што црниот дим е веројатно врзан за островот, т.е. не може да егзистира надвор. „Дупката“ е во тоа што МиБ нашол начин да земе форма на човек (Лок) и сега може да го напушти островот како таков, ако најде превозно средство (авион, подморница...)

И уште нешто кое ме изнервира/потцени. Фактот што мораат да се убијаат двајцата пред да зборнат, а пред Бен да го убие Џејкоб си направија добар муабет... Мислам стварно безвеза...

Веројатно значењето на ова беше: ако го пуштиш да зборува може да те разубеди, многу е убедителен... а не дека физички не може да го убие. Ако беше така, Џејкоб не мораше да се бори со Ричард туку ќе го оставеше да го боцне да му помине меракот :)


Само некои размислување, којзнае дали сум на прав пат.

Отидов да гледам Интер...
 
Епизодава беше многу добра. Искрено очекував нешто повеќе но во никој случај не сум разочаран....

Само не знам зошто сите коментиране како се да ви е јасно и како сите правила на игра на островот ги имате на рака па сега.. зошто Бен вака...Зошто Саид така...зошто Џејкоб може да излезе од островот другиот не може и така натаму...има уште 7-8 епизоди.....Има уште многу за објаснување само треба да се стрпиме...

П.С. Сепак имаше некои не баш сјајни моменти ама не беа баш поврзани со приказната како целина. Пример стаутата и бродот.... и клинецот и Ричард...можеше со нозете ваљда да го земе.... :P

EDIT: Само што ми текна нешто... Што ако Џејкоб is dead forever(dead is dead), а веќе некој го заменал?Џек или некој друг од кандидатите?? Лапидус??
 
Лапидус :pos2:

За бродот, па бура беше... водата ги дигна... бродчето не е цвеќка, него бродиште и пол... и си падна статуетката. :) Не ми претставува мистерија тоа.
 
12120925.png

:back:
 
sepak ne sum ubedena deka MiB e losiot a Jacob dobriot ama odvaj cekam da ja gledam epizodata za nivnoto detstvo
 
Мислам дека Lost е само губење време и замарање на мозокот со глупави нереални работи, земете гледајте Доналд Трамп "The apprentice" да видите колку е интересно и 100% реално.
Секој
четврток 22:20h
и
недела 22:20h
на Телма.

А можеш да гледаш и „менувам жена“-море забеган еден, ако не ја разбираш не туку се мешај у муабет
 
sepak ne sum ubedena deka MiB e losiot a Jacob dobriot ama odvaj cekam da ja gledam epizodata za nivnoto detstvo

Што треба за да се убедиш? На којзнае колку начини кажаа предходниве епизоди. И двајцата се манипулатори и Џејкоб не е добар во онаа смисла на безгрешно добро и непогрешливо битие. Ама овој другиов е дефинитивно темната страна, тука не гледам повеќе дилеми...

А можеш да гледаш и „менувам жена“-море забеган еден, ако не ја разбираш не туку се мешај у муабет

А ти гледаш дека постот на „забеганиот“ e од 2007? :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom