Srcee
Unforgettable
- Член од
- 29 април 2008
- Мислења
- 5.275
- Поени од реакции
- 3.496
Не верувам Џејкоб да е оној '' лошиот '' од проста причина што на крајот од петата сезона тој е оној кој веруваше во доброто кај луѓето, Флок беше оној кој рече, сите се исти и оној на кој очигледно преку к*р му е дојдено од островот и бараше начин да замине односно да го убие Џејкоб преку оној лупхол ( дупка во законот, дупка која се испостави дека е Лок ).
Се поизвесно е и дека Џек ке биде главниот кандидат на Џејкоб, а Хуго врската Џејкоб - Џек.
Да, и мислам дека многу е јасно дека Џејкоб е добар а Флок е лош, не знам зошто уште има двоумење околу тоа.