LOST

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    286
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.544
Поени од реакции
6.217
Ете, после долги години оставена на сред пат и дојде редот и денес ја изгледав цела.

На времето ми беше гледана до некаде 3та сезона и на крај памет не ми доаѓаше дека ќе оди во тој правец серијата.

Ликовите во серијата беа разработени до перфекција, се поврзуваш со нив како да ти се пријатели. Џек од Лост, Нејтан од Сикс фит андер, Хајзенберг, Скофилд.. тие се.

Серијата почна да ми губи шмек кога на островот пристигнаа видморовите. Сепак со врајќањето во Дарма периодот доби некој вајб од првите сезони.

Од крајот не сум разочаран како некои но сметам дека требаше да разјаснат повеќе работи. И собирот во црквата на крај, како да сакале да предизвикат некоја носталгија кај гледачите, нешто слично како во сикс фит.

Од ликовите дефинитивно Соер омилен. Од другите Дезмонд, Бен, Саид, Џулиет...абе сите. :D Др. Ченг исто ми беше ептен лајкбл. Штета што го немаше повеќе.

Серијата ми е една од подобрите кој сум ги гледал, ја ставам во друштво на ББ, ГОТ, Вајр, 6 фит андер итн. но сепак сметам дека топ 1 на кајгана листата и е премногу. :D
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.475
Поени од реакции
58.712
Во врска со LOST и Мира Фурлан, прочитав дека за месец дена ќе има 16 години и 5 месеци од пилотот... точно колку што се вртеше снимката на Даниеле Русо, a.k.a. The French Woman :(


Инаку починала од западно-нилска треска. Нека и е лесна земја...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.606
Поени од реакции
43.434
Како ми фали...
Доаѓа 8-9 навечер четврток, симнуваш епизода од емуле, имаш пеколни неколку минути на неизвесност дур проверуваш да не е геј порка место епизода од Лост, се увериваш дека е новата епизода од Лост, пушташ некое мини светло у соба чисто да не е фул темница, затвараш прозори, шалони све, им викаш на твоите дека не постоиш добри 2 саати а можда и повеќе така да на крај им викаш ќе се видиме утре, си ставаш од чипсот или нарачуеш пица, мезиш и тлееш 40 минути. Завршува епизодата, одиш горе по табовите да си ги најдеш тие 4-5 букмаркс што ги имаш од блогови и форуми стриктно за ЛОСТ што се и листаш од првиот букмарк со блоговите па на крај завршуваш со коментарите на форумите.

Многу едноставни и убави времиња, неповторилви, неверојатна беше нет лост заедницата морам да признаам, тргам на страна за серијава дали била ваква или онаква, тоа што го изнуди тогаш беше едно уникатно и неповторливо искуство кое цел живот ќе ми остане во добро сеќавање. 200 пати сум го повторил муабетов ама увек а дојдам тука и начекам некој ваков коментар, ми ги буди овие спомени, ко вчера да беше ej, a поминати се повеќе од 10 години од последната епизода.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.706
Поени од реакции
27.667
Ја само се сеќавам дека бев тотален нуб за интернет и пиратерија итн. и чекав на ДАЉО од ЃОРЧЕ што доаѓаше во ПОРТА ВЛАЕ во интернет кафето ЛУЦИФЕР.

„Ги имам на цеде, ќе ти ги дадам“ - ми рече Даљо.
Бев пресреќен.
Даљо беше многу океј и мирен момак, сигурен бев дека ќе ми ги даде.
После неколку дена доаѓа Даљо во Луцифер
„Даљо, ми ги носиш?“
- еј брат, заборавив, следен пат.

И ова се деси буквално повеќе од 5 пати. Значи стварно не знам што му беше фората, не знам зошто упорно и упорно не ми ги донесе, ама толку го молев и секогаш беше „ќе ти ги донесам бе, не те лажам, ги имам“.
Најнајнавистина не знам зошто не ми ги донесе и зошто вака ме заеба. Навистина беше океј и мирен момак.

Изгледа дека од Ѓорче...
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Не бев од екипава пошто не бев тогаш на форумот, али паралелно имав друго бизарно искуство.

Пошто бев негде околу 6-7 одделние коа идеше, имав другар шо прв од маало ја гледал новата сезона, не ми текнува дали беше така пошто не се емитуваше уште на А1 или слично а он демек нашол цеде. Нејсе, ова беше коа заврши првата сезона, се собиравме кај него да ни раскажува што ќе се дешава.

Причата беше бизарна. На островот има диносауруси и мини-диносауруси. Харли ќе се тепа со еден мини-диносаурус и ќе биде изеден, Џин бил психопат што ќе си ја удави жената и после ќе го најдат обесен у шумата, а Лок коа ќе успее да го отвори окното ќе биде повлечен од јак магнет внатре (не знам како стварно погоди дека ќе има магнет, алал да му е за тоа) пошто ќе имал многу штрафцигери на него и така ќе умрел.

Имаше и некои други бизарни моменти што ни ги кажа демек што ќе се десиле. Братот уствари не издупи сите, нит цеде имал од новата сезона нит ништо.

Едвај чекав да глеам како ќе се деси на екран тоа што ни го раскажа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom