Dear Lost,
ти должам извинување за сите критики околу финалето. Па теории,па ова требало, она требало... одговори немало, насоките се сменале, крајот бил без врска... од второ гледање, Dear Lost, ништо од тоа не беше важно. Еве до сега 4-5 пати те имам репризирано и секој пат е милина за очи и душа. Многу е полесно човек кога ќе ја погледне целата таа авантура одново, растоварен од теории и очекувања.
Исто така, Dear Lost, благодарен сум што за малку ги претрка денешните социјални мрежи и заврши во едно поинакво време. На твојот остров немаше место за сите, за среќа не можеа да го најдат и да го загадат. Беше и остана посебна.
Секогаш твој,
Ио.