Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

  • Креатор на темата Креатор на темата Morbidnio
  • Време на започнување Време на започнување
Не може да е ДВД-рип пред да излезе ДВД-то :)
Скринер е сигурно, ако немаш голем екран како Psyside ќе поминеш со тоа... ма да филмов е за кино.
 
Како ептен голем фан на LOTR трилогијата, мислам дека хобитов нема да биде подобар од господарот, може сум грешка може не, ама трилогијата беше перфектна, најдобро потрошени 9 часа од мојот живот! :love:
 
Така е, првиот дел е тука, кој ќе чека да поминат години за да испадне финалниот производ, ама за вакво нешто вреди да се чека... :vozbud:
 
Ако не прават големи паузи ќе дојде до презаситеност од едно те исто.
Затоа не гледам Бонд повеќе, некаде после 12-13 филмови ми дојде преку глава :)
 
Не бре каква презаситеност, 125 пати ги имам гледано сите 3 дела, и кога и да ги гледам исто како прв пат да ми е... :) Иначе како бе преку глава од Бонд you mad? :)
 
Не може да е ДВД-рип пред да излезе ДВД-то :)
Скринер е сигурно, ако немаш голем екран како Psyside ќе поминеш со тоа... ма да филмов е за кино.
Има копии, кои колку што знам се дадени на критичари и слично, уште пред пред-премиерата. Ако си ја гледал оваа копија, ќе видиш дека на сред екран пишува дека ова е таква копија, а потоа буквите (со името на примателот) се заматени.
Лапната е една од тие копии.
Знам дека у насловот пишуе скринер, али мене според квалитетот не ми делува како некој од скрин да го вадел...
 
Не може а да не се споредува The Hobbit со Lord of the Rings филмовите, сепак се работи за истиот свет од истиот автор и сега пресликан на филм од истиот режисер. Баш поради ова The Hobbit трпи голем број на негативни критики и разочара дел од LotR фановите кои го запознаа делото на Tolkien само преку филмската трилогијата. Сите очекуваат уште еден LotR филм од книга првенствено наменета за помладите. Вториот и третиот филм се очекува да бидат далеку посериозни, нешто налик на атмосферата која владее во LotR, и нормално како се доближуваат џуџињата до опасностите ќе има повеќе и повеќе акција.

Samurai Jack Се сложувам со тебе дека не е подобар од LotR, но јас би го анализирал и споредил само со првиот филм The Fellowship of the Ring. Сепак се работи за прв од трите чија задача е да не запознае со дел од големата дружина и нивната задача. The Hobbit е далеку поведар филм, неможе а да не биде кога во центарот е еден хобит опркужен со 13 откачени но храбри џуџиња (сети се на Gimli, секој кадар со него имаше хумор). Ок како и да е, An Unexpected Journey не подготвува за настаните кои следуваат во наредните два филма, борба на два фронта - иако книгата следи само едно дејствие а другото е само спомнато без да се влегува во детали. Овој пат со помош на додатоците (appendixes) кои Tolkien ги закачил на крајот на The Return of the King, сега можеме да уживаме во збогатена приказна на Bilbo Baggins и неговата авантура, и тоа повторно претставена од Peter Jackson!

Не влегувам во детали околу филмот, што би можело да биде подобро, што е добро доловено од книгата итн. Неоспорно е дека има фалинки, но не до толку големи да ми го расипат задоволството. За ова сигурно ќе следи дискусија подоцна кога повеќето ќе изгледаат филмот и ќе имаат свое мислење. Само сакам да кажам дека во случајот на The Hobbit, филмот ми е далеку поинтересен од самата книга. Ова е редкост. Обратен е случајот за LotR каде книгите ги преферирам во однос на филмската верзија на трилогијата (да не ме сватите погрешно LotR ми е #1 фантази филм).

Да резимирам. The Hobbit е добар, ако не и одличен, во секој случај верен на книгата и многу подобар од неа. LotR е врвот во жарнов и недостижен во секој аспект.

Со нестрпливост го очекувам вториот филм!
 
Хиер ви гоу уанс аген
"Дечки, ветивме дека ќе ве известиме штом добиеме информација поврзана со Хобит! Го очекуваме во Cineplexx...
Од 31 јануари ќе може да го погледнете кај нас.

Подетално информации наскоро...се гледаме во кино :)"
 
AAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA

ХОБИТ ОД 31ВИ ЈАНУАРИ ВО СИНЕПЛЕКС!!!!!!!!!!!!!!!!!!

ТАМАН ПОСЛЕ СЕСИЈАТА :drk::vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom