Не може а да не се споредува The Hobbit со Lord of the Rings филмовите, сепак се работи за истиот свет од истиот автор и сега пресликан на филм од истиот режисер. Баш поради ова The Hobbit трпи голем број на негативни критики и разочара дел од LotR фановите кои го запознаа делото на Tolkien само преку филмската трилогијата. Сите очекуваат уште еден LotR филм од книга првенствено наменета за помладите. Вториот и третиот филм се очекува да бидат далеку посериозни, нешто налик на атмосферата која владее во LotR, и нормално како се доближуваат џуџињата до опасностите ќе има повеќе и повеќе акција.
Samurai Jack Се сложувам со тебе дека не е подобар од LotR, но јас би го анализирал и споредил само со првиот филм The Fellowship of the Ring. Сепак се работи за прв од трите чија задача е да не запознае со дел од големата дружина и нивната задача. The Hobbit е далеку поведар филм, неможе а да не биде кога во центарот е еден хобит опркужен со 13 откачени но храбри џуџиња (сети се на Gimli, секој кадар со него имаше хумор). Ок како и да е, An Unexpected Journey не подготвува за настаните кои следуваат во наредните два филма, борба на два фронта - иако книгата следи само едно дејствие а другото е само спомнато без да се влегува во детали. Овој пат со помош на додатоците (appendixes) кои Tolkien ги закачил на крајот на The Return of the King, сега можеме да уживаме во збогатена приказна на Bilbo Baggins и неговата авантура, и тоа повторно претставена од Peter Jackson!
Не влегувам во детали околу филмот, што би можело да биде подобро, што е добро доловено од книгата итн. Неоспорно е дека има фалинки, но не до толку големи да ми го расипат задоволството. За ова сигурно ќе следи дискусија подоцна кога повеќето ќе изгледаат филмот и ќе имаат свое мислење. Само сакам да кажам дека во случајот на The Hobbit, филмот ми е далеку поинтересен од самата книга. Ова е редкост. Обратен е случајот за LotR каде книгите ги преферирам во однос на филмската верзија на трилогијата (да не ме сватите погрешно LotR ми е #1 фантази филм).
Да резимирам. The Hobbit е добар, ако не и одличен, во секој случај верен на книгата и многу подобар од неа. LotR е врвот во жарнов и недостижен во секој аспект.
Со нестрпливост го очекувам вториот филм!