Моментално најдобар сајт за заработување на интернет е Adsense на Google и
http://www.pickydomains.com. Гарантирана заработувачка доколку имате доволно кликови на вашиот сајт и рекламите. Комшија мој на својата страна за фирмата работи со Adsense веќе скоро една година и ептен е задоволен. Баш пред некој ден доби чек со 110 евра заработувачка за овој месец. Тој ме убеди да почнам и јас со Adsense и затоа отворив блог бидејќи немам моја страна и сега засега е добро, 4 дена откако почнаа рекламите да вртат на блогот и веќе имам заработено близу 5 евра. А вторава страна е страна на која фирми или поединци бараат од вас да им предложите домејни за нивните веб страни. Доколку огласувачот одбере некој од вашите предложени домејни ви плаќа 20$. Три домејни да ви одберат во текот на еден месец тоа ви е заработка од 60$, а како ви одбираат повеќе домејни така качувате и поголем ранк и со тоа добивате поголеми шанси за да се купуваат вашите предложени домејни. Единствена пречка на оваа страна е тоа што мора да имате PayPal акаунт за да можат да ви ја исплатат вашата заработувачка. Значи се на се јас сум задоволен од овие две страни. Ги користам неколку дена ама гледам дека има многу поголема заработка од некои други сајтови.