Лига на Шампиони 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Malaga - Dortmund - 35:65
Според мене одличен двомеч не очекува тука. Повеќе шанси им давам на Дортмунд пред се поради тоа што мислам дека се подобар тим и дека се по воиграни од Малага. Но шпанците не се за потценување, играат неколку одлични фудбалери и сигурно ќе се борат до крај. :) Сепак мислам дека на Вестфален со победа од 2 разлика Дортмунд ќе осигура 1/2 финале.

Bayern - Juventus - 52:48
Тука пред време не би се осмелил да типувам ништо. Исто како на Реал - Манчестер. Ама кога би морал да одберам која екипа според мене има повеќе шанси би го одбрал Баерн. Како и да е, имаме 2 одлични екипи и единствено дерби на фудбалски гиганти во овогодинешните 1/4 финалиња. И Баерн и Јуве според мене се сигурни Шампиони во домашните првенства. Мал хендикеп кај Јувентус е тоа што немаат класа шпиц, ама тука се фудбалерите од средниот ред, заедно со Џовинко да надополнат. :) Едно е јасно, еден од фаворитите за титула испаѓа, а кој ќе видиме после (според мене) 2 одлични утакмици.

PSG - Barcelona - 30:70
Во овој дуел Барса е фаворит, нема дилема за тоа. Но од друга страна ПСЖ не смее да се отпише. Можеби нема да игра Ибра првиот меч, но ПСЖ има и други одлични фудбалери, кои ако се разиграт сигурен сум дека може да направат проблеми на било која екипа од Европа. А и Анчелоти е добар и докажан стручњак. Исто така сите заеме дека одбранта на Барса е и те како ранлива. Од друга страна тука е неверојатниот напад, предводен од Меси. Според мене овој меч пред се зависи од организираноста на ПСЖ, посебно во дефанзивата. (истото важи за секоја екипа што игра против Барса де :D). Можеби нема да поминат ни со одлична организираност, ама сигурно шансите ќе им се далеку поголеми ако се потрудат таму.

Real Madrid - Galatasaray - 80:20
Реал голем фаворит е тука, можеби најсигурен полуфиналист од сите други екипи. Сепак турците знаат да изиграт ептен со срце, посебно на домашен терен. Плус што земаа неколку квалитетни играчи Галата, па затоа еве не би ги отпишал скроз. :)
 
Уште плачите ? :facepalm:

Малага-Дортмунг 40-60

РМ-Галата 35-65 (РМ сигурно поминува но не така лесно,сепак не треба да се потцени тим со Дрогба,Бурак,Снајдер,Селчук,Ебуе,Муслера,,Мело и Терим )
Баерн-Јиве 50-50 скам Баерн
ПСЖ-Барса 35-65 (истото мислење како галата-рм )

Не плачам бе, искажувам мислење, и не видов нешто лошо во моето мислење. Иначе како што не треба да се потценува екипа како Галата не треба да се потценува и екипа како ПСЖ во тим со Бекам, Ибрахимовиќ, Моура, Пасторе, Силва и друштвото, зарем не?

Иначе еве и мои типови:

Малага - Дортмунд 40 - 60
Ќе биде тешко и во двата натпревари, во Шпанија и во Германија, но малце повеќе предност од мене има Дортмунд кои играат подобар фудбал од Малага, иако Малага не треба да се отпише. Ова е вториот најинтересен дуел од 1/4 финалните двојки, секако после тој на Баерн - Јуве

ПСЖ - Барселона 50:50
Шансите тука се 50/50. Барса можеби донекаде е фаворит но и тим како ПСЖ никогаш не смее да се отпише. Во натпреваров ќе навивам за ПСЖ и сакам секако тие да поминат и да го направат тоа што Милан неможеше против Барселона. Ибра нема да игра во првиот дуел, но затоа во вториот може да го постеле Лео Гдеси на земја.

Баерн - Јувентус 40 - 60

Уште еден тежок натпревар, но овде се разбира дека сакам Јувентус да влезе, не за друго туку за доброто на италијанскиот фудбал и да имаме претставник во 1/2 финале. Најинтересниот натпревар во 1/4 финалето е овој, ќе има вистинско јадење и во двата натпревари, ќе биде интересно да се гледа овој натпревар. И секако ќе кажам FORZA JUVENTUS, FORZA ITALIA!

Реал Мадрид - Галатасарај 80 - 20

Реал е благ фаворит во натпреваров, и очекува да ги раздупи Галата на Сантиаго Бернабеу. Во Мадрид турците според мене ќе примат 3 голови, а дадат 1. Тие 20% за Галатасарај ги давам ради Дрогба, Јилмаз и Снајдер од кој се очекува најмногу на утакмиците против Реал, но ни тие не помагаат!.
 
Не плачам бе, искажувам мислење, и не видов нешто лошо во моето мислење. Иначе како што не треба да се потценува екипа како Галата не треба да се потценува и екипа како ПСЖ во тим со Бекам, Ибрахимовиќ, Моура, Пасторе, Силва и друштвото, зарем не?
Плачеш,плачеш,ќе боли уште :place:
Иначе,еве јас што напишав : ПСЖ-Барса 35-65 (истото мислење како галата-рм ) Тоа значи дека треба да читаш што имам напишано за галата-рм
 
Дортмунд ќе ја расплаче Малага на двата натпревари верувајте, јасно Клоп кажа уште одамна дека ЛШ им е топ приоритет сезонава и ваква шанса кога им се падна најслабиот тим од сите тимови во 1/4 финалето да не ја искористат чисто сумњам. Речиси перфектно изиграа годинава и еден Реал и Сити се спасуваа во 90~ минути за да им извадат нерешено по групите и со Шахтјор изиграа солидно посебно на домашен терен. Од друга страна Малага некако на сила се избутка во 1/4 финалево и не ми изгледаат уопште убедливо за да верувам дека има шанси да направат нешто повеќе со Дортмунд, по групите може беа прво место но во релативно слаба група плус Милан во лоша форма и минимални победи.. со Порто ни они незнаат како си поминаа само со 1-0 кај нив и четвртфиналистиве имаа само 1 шут кон гол, и дома не изиграа којзнае како многу млитаво според мене барем единствено црвениот што им даде доста предност а и Порто дури и со играч помалце им парираше одлично и правеше сериозни шанси кои за жал не ги искористија што не верувам дека ќе биде случај и со Борусија Дортмунд.

Така да 20/80% шансите им се во дуелов според мене, од другите 40/60 кај ПСЖ - Барселона чисто ради Анџелоти, арапските пари и добрите засилувања кои според мене допрва ќе се покажуват. 75/25 Реал - Галатасарај мислам јасно е тука зошто Реал се фаворити а последниов дуел е најитересниот според мене и се е можно но сепак на Јувентус му давам минимална предност.
 
Јуве, Барса, Дортмунд, Реал.
Арсенал покажа дека Баерн сеуште го нема искоренето оној лузерски менталитет од последните финалиња.
Среќно!
 
Ќе гледам да уживам во фудбалот кој ќе биде прикажан на натпреварите што следат. Ниеден не е за потценување и сите ќе бидат интересни.

Мојот тим испадна па понатака нека освои оној со најголем ксмет па среќно и од мене :)
 
Баерн - Јуве Се може да се деси овде,Баерн е фаворит али Јувентус со фул состав во одбрана и средина можат и тоа како да се надеваат на пласман
Малага - Дортмунд Дортмунд се фаворити али јеботе богови ги напраивте,лани со ист тим го јадеа од екипи ко Олимпијакос,им иде сезонава играат добар фудбал али не е ни Малага фк Влазрими
Реал - Галата каква сакаат атмосфера нека прават,едноставно неможам да си замислам дека ќе успеат да го поминат Реал
Псж - Барса Псж имаат и боље тим,и подобар тренер од Милан,не гледам причина зошто да се отпишат уште пред почната утакмица

За Дортмунд пријател си во право, сличен тим е ама ете знајш како е со млади играчи, напреднаа многу а и добија плус искуство. Повеќето од нив лани ја играа првата година ЛШ и и после повеќето од нив и ЕП. Со тоа добија многу плус искуство кој лани има фалеше. Лани ако видиш утакмиците на повеќето беа и подобро ама поради лошото искуство на крај одпаднаа. Ја не ги величам толку Дортмунд иако навивам за нив, видов и многу лоши утакмици годинава од тимот ама за во ЛШ неможам лош збор да кажам, тука формата им е екстремно добра. Ако ја задржат мотивацијата можат да го поминат Малага, само не смеат да ја повторат грешката да го подценат противникот. Ја лично не верувам во тоа оти тимот е екстремно мотивиран да оди далеку во ЛШ и секако дека се гладни за успех. За во Бундеслигата мислам, не дека е во ред, ама нормално е после 3 титули малце да се заситнати.
 
Реално Баерн на хартија има боље тим , од другата страна it's Juventus guy's wake up :) све може да рушат момците :D
 
сите потајно знаат дека Јувентус може сите да ги помине.
ТУКУ ДАЈ БЕ КАКО СЕ ПАЃААТ во 1/2 финале. Јуве/Баерн со победникот од Барса/ПСЖ ли е ?!
незнам веќе која страна не ја отворив а ждрепката не ја гледав во живо.
и што е ова со процентиве бе хахаха ама сте смешни, имате таму за пролаз во кладилница што тропате глупости, а јас сега да пишам јуве 99,9% .. ПСЖ 88% Галата 66% и Малага 55% хахахахахаха
 
сите потајно знаат дека Јувентус може сите да ги помине.
ТУКУ ДАЈ БЕ КАКО СЕ ПАЃААТ во 1/2 финале. Јуве/Баерн со победникот од Барса/ПСЖ ли е ?!
незнам веќе која страна не ја отворив а ждрепката не ја гледав во живо.
и што е ова со процентиве бе хахаха ама сте смешни, имате таму за пролаз во кладилница што тропате глупости, а јас сега да пишам јуве 99,9% .. ПСЖ 88% Галата 66% и Малага 55% хахахахахаха
Ќе има пак влечејне следна рунда.
 
Уште плачите ? :facepalm:

Малага-Дортмунг 40-60

РМ-Галата 35-65 (РМ сигурно поминува но не така лесно,сепак не треба да се потцени тим со Дрогба,Бурак,Снајдер,Селчук,Ебуе,Муслера,,Мело и Терим )
Баерн-Јиве 50-50 скам Баерн
ПСЖ-Барса 35-65 (истото мислење како галата-рм )
Ма немој да ме јебеш бре . Ги направи Реал бетер од Шалке а се најголеми фаворити за освојување на ЛШ ако сакаш и ти се кладам ти ако си за галата да оди понатаму , јас ти тврдам дека реал оди понатаму !
 
Ма немој да ме јебеш бре . Ги направи Реал бетер од Шалке а се најголеми фаворити за освојување на ЛШ ако сакаш и ти се кладам ти ако си за галата да оди понатаму , јас ти тврдам дека реал оди понатаму !

Ќе да ги утнал бројките :D
 
Ма немој да ме јебеш бре . Ги направи Реал бетер од Шалке а се најголеми фаворити за освојување на ЛШ ако сакаш и ти се кладам ти ако си за галата да оди понатаму , јас ти тврдам дека реал оди понатаму !
Според кладилниците Барца 2.6, Реал и Бајерн 4.1 за кој ќе освои ЛШ
 
Ај мое мислење за натпреварите

Малага - Дортмунд..... Борусија одат понатаму, Малага нема што да бараат повеќе во ЛШ

Реал - Галата..... Несакам да ги потценувам Дрогба, Снајдер, Мело, Јилмаз, ама Реал си е Реал

Барса - ПСЖ........ Барса нормално, ама ќе им биде многу тешко против одбраната на ПСЖ

Јуве - Баерн............. Тука натпреварот ќе го одлучи средината, заебете тоа имаат јаки одбрани и напаѓачи. Од една страна Лихт, Видал, Пирло, Маркисио и Асамоа... додека пак од друга Крос, Рибери, Швајни, Мартинез и Робен. Кој успее да ја угуши средината на другиот, тој оди понатаму.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom