Немам профил на ниту еден од овие т.н. лични сајтови, ниту пак ќе имам. Со сета почит, но за мене е тоа глупост, тотална. Ич не ме интересира кој и што си има, и мои блиски пријатели имаат, па го знаат моето мислење за нивните страници. Доволно време сум поминала во проучување на профили, што од молење, што самоиницијативно, и дефинитивно не треба Фројд да си за да ја укапираш психологијата на (најголемиот дел од) членовите на Хајфајв или Мајспејс.
Стандардните Me, me & only me, Me&My FrIendS, B-day, Vikendi, Na skolo, ~^*Pw|nc3Zi4K@*^~ и на нив слични наслови на албуми не се ништо повеќе од сајд ефект од недостаток на внимание. Ајде, еве, јас ај кју имам колку бројот на патиката, која е поентата на сликите? Не ја виделе синоќа доволно па мора да ме информира дополнително? Мислам, ме заболе бе кај била, колку смувала или со колку се степала или колку испила. Шо треба, да паднам на гз пошто се сликала во не знам кој шема клуб у нешто што треба да личи на сукња? ...Се извињавам, нема да може. Има кој ќе падне на тоа, мене не ме бројте. Ако сакам да привлечам сељак, да, онда ќе се потрудам прописно да изгледам доволно евтино. Е на истото се сведува. Таквиот пристап привлекува единствено некој со ментална конституција компатибилна со нејзината.
И после апсолутни медиокритети, во полниот свој сјај и буквално значење на зборот, ќе изјавуваат како се они убави, згодни и секси, пошто маса напалени 15 годишњаци (или постари личности со мозок на хормонално неурамнотежен пубертетлија) ќе им` полнат егото само зашто покажале мевце. Нешто што треба да е софистицирано и префинето, они го сведуваат на вадење цицките надвор. Просечната и обична девојка, која не знае како поинаку, импровизира. Само што нашите се самоубедени дека е тоа - тоа па шо сака нека е. Епа пардон мај ленгвиџ, тоа не алудира на ништо друго, освен на простотија. Ординарна.
Да се укинат тие сервиси, да не се ставаат слики, што?
Веројатно најконструктивниот предлог до сега. Језда не е предлог твоево, ама ок, нема проблем, ете јас го поставувам како таков. Иако нема луѓето кои до вчера преживуваа со минимум, а заработија милиони и милиони благодарение на популацијата жедна за пажња да ја слушаат Emma, секако. :tv: