Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да се пали или не?
Large Hadron Collider, 5,4 милијарди евра вредниот експеримент на чија изградба се работеше повеќе од 10 години и кој за отприлика десетина дена треба да биде вклучен, најверојатно би можел да ја уништи планетава. Колку да знаете.
Најголемиот забрзувач на честички на планетава е изграден со цел да се откријат тајните на Големиот Бум, и да се добијат витални информации за почетокот на животот на планетава.
Меѓутоа, според група научници стартувањето на машината, сместена на околу 100 метри под швајцарско - француската граница, неминовно ќе доведе до создавање на голем број црни дупки кои на крај ќе ја проголтаат Земјата.
Професорот Ото Рослер, еден од критичарите на проектот, тврди дека експериментот го прекршува правото на живот гарантирано во Европската конвенција за човекови права, заради што по оваа основа и поднесе тужба против стартување на експериментот пред Европскиот суд за човекови права.
![]()
"Моите пресметки покажа дека е доста возможно овие мали црни дупки да преживеат, да почнат експоненцијално да растат и да ја јадат планетата од внатре. Повеќе пати ги повикав CERN да одржат конференција за безбедноста во која ќе ги оспорат моите заклучоци, но тие не беа волни да го направат тоа," изјавил професорот Рослер.
Претставниците на CERN, ги отфрлаат ваквите тврдења како апсурдни и инсистираат дека е опширни безбедносни проверки покажале дека експериментот, кој е спонзориран од 20 држави, е безбеден.
"Во изминатите милијарди години, природата веќе генерирала толку колизии на Земјата, колку што би создале и еден милион LHC експерименти, и планетата се уште постои. Самиот животен век на мини црните дупки е многу краток," стои во еден од извештаите во врска со експериментот.
Портпаролот на CERN, за Сандеј Тајмс дополнително објаснил дека тоа што експериментите ќе го произведат редовно се случува во природата, благодарејќи на космичките зраци.
Зракот на протони на Large Hadron Collider ќе биде пуштен низ 29 километри долгиот тунел, каде повеќе од 5.000 магнети ќе ги забрзуваат милијардите честички речиси до брзината на светлината. Ќе има два вакви зрака кои ќе патуваат во спротивен правец, речиси до брзината на светлината. Кога ќе ја постигнат оваа брзина, двата зрака ќе се судрат еден во друг распарчувајќи се на парчиња, при што можеби ќе се создаде и дел од универзумот.
Не одиме никаде, експериментот поминаможеби ке одиме во друга димензија шо знаеш![]()