LHC Судрувач на честички (Церн, Божја Честичка, Бозон, Хигс)

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
И сега која би била практичната примена во секојдневниот живот на луѓето ова откритие дека навистина постои тој Хиксов бозон (освен разбирањето на вселената , настанокот и сите други бла бла бла... работи)

За што се фрлени толку пари, ако на крај од тоа не произлезе некое општо добро на човештвото.
Или работава е го откривме , го потврдивме тоа што го мислевме и сега што ???? , давајте уште пари за нови експерименти, а полза од сето тоа??? (зборам за полза за обичниот човек, не за група физичари и сл)
Непосредно самото откритие веројатно нема да биде од полза во секојдневниот живот уште многу долго време, ако воопшто некогаш и биде. Сепак посредно, техологиите и инструментите кои се создадени специјално за експериметнов, можно е да бидат практично применливи во разумно прифатливо време т.е. за време на нашиот животен век.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.100
Поени од реакции
5.839
Непосредно самото откритие веројатно нема да биде од полза во секојдневниот живот уште многу долго време, ако воопшто некогаш и биде. Сепак посредно, техологиите и инструментите кои се создадени специјално за експериметнов, можно е да бидат практично применливи во разумно прифатливо време т.е. за време на нашиот животен век.
изгледа само тоа е единственото добро што ќе произлезе од овој проект, како и да е нема веќе откритија во науката од типот електрицитет = електрична енергија за сите....
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
изгледа само тоа е единственото добро што ќе произлезе од овој проект, како и да е нема веќе откритија во науката од типот електрицитет = електрична енергија за сите....
Oxford Positron Systems Ltd (founded by a former CERN physicist) manufactures High Density Avalanche Chambers (HIDAC) that are used in scanning and imaging small animals.

Immense Ltd have developed software that allows people to search for on-line pictures, based on recognising the contents of the image.

GEANT4 is software that CERN developed to simulate, and optimise, the performance of particle detectors. It has subsequently found uses in medicine and the space industry.

The medipix chip was developed at CERN for use in particle detectors. It is highly sensitive and has found applications in other imaging and detection systems, for example in medical imaging where greater sensitivity means lower doses/reduced exposure times of radiation can be used.

http://www.lhc.ac.uk/About+the+LHC/11839.aspx
Ова е од LHC проектот до сега од областа на технологијата.
За останати "бенефити" од ЦЕРН слободно побарај на интернет. Oh wait! Snap! :)
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Хигсов бозон за неупатени

Што е Хигсов бозон? Зависи на кого сакаш да му објасниш. Различни се објаснувањата за луѓето што сакате да ги импресионирате, за децата, книжевниците, ненаспаните родители, религиозните фанатици...

За луѓето што сакате да ги импесионирате

Хигсов бозон е елементарна честичка која прв пат е спомната во 1962-ра година, како спореден производ на механизмот според кој хипотетички сеприсутно квантно поле, т.н. Хигсово поле, им дава маса на сите елементарни честички. Поточно, во стандардниот модел на физикаата, постоењето на Хигсовиот бозон објаснува како спонтаното кршење на електронски слабата симетрија се случува во природата.

За вознемирени и ненаспани родители

Кога сите составни делови на материјата би биле извалкани деца, тогаш Хигсовото поле би било како оние големи базени со топчиња. Секое шарено топче претставува по еден Хигсов бозон, а сите заедно го ствараат потребниот отпор кој го спречува вашето дете/електрон да потоне до дното на универзумот каде се наоѓаат сите дроги и користени медицински шприцеви на овој свет.

За постдипломци по јазик и книжевност

Хигсов бозон е тип на субатомска интерпункција со тежина некаде помеѓу мала точка и невидлива запирка. Без него вселената би била само облак мрморење - нешто како „Кодот на Да Винчи“, ако сте го читале.

За тинејџерите кои штотуку почнале да учат физика

Не, тоа не е атом. Никогаш не сум го рекол тоа. Мислев честичка. И да, знам што е електромагнетизам, Ајнштајн, маса која недостасува, Хигсов бозон, крај. Одамна се занимавав со физика, уморен сум.

За претставниците на здружение на потрошувачи

Неговото откритие претставува колосално, досега невидено, речиси бесконечно фрлање пари.

За детето кое седи на задното седиште во автомобилот

Тоа е честичка која ја барале некои научници затоа што знаат дека без неа постоењето на вселената би било невозможно. Затоа што без неа сите останати честички во вселената не би имале своја маса. Затоа што би продолжиле да патуваме со брзина на светлината, баш како и фотоните. Затоа што реков дека би било така и ако уште еднаш прашаш „зошто“ нема да одиме во Мекдоналдс.

За религиозните фанатици

Хигсов бозон не постои.

http://on.net.mk/zhivot/nauka/higsov-bozon-za-neupateni

Теоретските физичари теоретизираат за тоа кој што би требал „да мисли“ за Грандиознава теорија...секоја чест на авторот...

П.С.
Секоја чест „некому“ за пеницилинот...
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Едит:

П.С.
Секоја Чест Некому за пеницилинот...
--- надополнето: 19 јули 2012 во 09:19 ---
Oxford Positron Systems Ltd (founded by a former CERN physicist) manufactures High Density Avalanche Chambers (HIDAC) that are used in scanning and imaging small animals.

Immense Ltd have developed software that allows people to search for on-line pictures, based on recognising the contents of the image.
GEANT4 is software that CERN developed to simulate, and optimise, the performance of particle detectors. It has subsequently found uses in medicine and the space industry.

The medipix chip was developed at CERN for use in particle detectors. It is highly sensitive and has found applications in other imaging and detection systems, for example in medical imaging where greater sensitivity means lower doses/reduced exposure times of radiation can be used.
http://www.lhc.ac.uk/About the LHC/11839.aspx
Ова е од LHC проектот до сега од областа на технологијата.
За останати "бенефити" од ЦЕРН слободно побарај на интернет. Oh wait! Snap! :)
Зошто последниот збор, поради (не)имање моќ? Ќе беше Чудо (Попат) да не пронајдоа практичните физичари нешто во врска со Експериментот. Без тие пронајдоци експериментот ниту ни би можел да се започне и да се дотера до (рецентно последната) станицата..
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Зошто последниот збор, поради (не)имање моќ? Ќе беше Чудо (Попат) да не пронајдоа практичните физичари нешто во врска со Експериментот. Без тие пронајдоци експериментот ниту ни би можел да се започне и да се дотера до (рецентно последната) станицата..
????
Основна цел на секој експеримент е истражување. Ако не ја беа пронашле честичката, ќе најдеа или нема да најдеа нешто ново. на крај пак ќе беше остварање на основната цел, истражување на универзумот. Ќе беше чудно, невообичаено, Стандардниот модел ќе требаше да се промени и животот ќе си продолжеше да тече нормално. Инаку експериментите сеуште не се завршени.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
????
Основна цел на секој експеримент е истражување. Ако не ја беа пронашле честичката, ќе најдеа или нема да најдеа нешто ново. на крај пак ќе беше остварање на основната цел, истражување на универзумот. Ќе беше чудно, невообичаено, Стандардниот модел ќе требаше да се промени и животот ќе си продолжеше да тече нормално. Инаку експериментите сеуште не се завршени.
(Е, да сега)????
Кој влегува во експеримент ако не очекува „нешто“? Во експеримент со материја се влегува, се очекува барем таа материјата да реагира некако на експериментот, нели? Ц/целта не е Ц/цел, П/патот е (во) Ц/целта, нели?
Пронашле доволно „нанометри“ од „Божјата честичка“ (која на честички со масата масата и ја дава?), значи?
Па Стандардниот модел ако не е стандард, Тогаш...? Ништо.
Инаку, само за да биде појасно: мислам дека е јасно дека јас еве, не сум „креационионист“.
--- надополнето: 19 јули 2012 во 14:43 ---
Сталкер, те молам, би можел ли да отвориш (не сум физичар:cool::)) една тема тука за квантите, и односното?
--- надополнето: 19 јули 2012 во 14:46 ---
Прости ако сум те изнервирал некогаш со - „физичково шарлатанство“:icon_lol:
Можеби некој друг ќе одговори:) ако не ти...
--- надополнето: 19 јули 2012 во 15:05 ---
Едит:

Кој влегува во експеримент ако не очекува „нешто“? Во експеримент со резултантна материја се влегува, па се очекува „барем“ таа материјата резултантно да реагира некако на експериментот, нели?
 
Сеа видов што си пишал, далеку од тоа да си ме иритирал на било каков начин.
Инаку во експеримент може да се влезе и на крај да излезе "ништо", односно целта на експериментот да биде една, како на пример постоењето на етер(во метафизичка смисла), а заклучокот на експериментот да е сосема спротивен од почетните тези т.е. етер не постои. На крајот од горенаведениот експеримент, ништо ново не е откриено. Мислам дека во таква смисла ми е даден исказот"Ако не ја беа пронашле честичката, ќе најдеа или нема да најдеа нешто ново.".
Во врска со моделите во науката, истите се Стандардни се додека не се пронајде некој што подобро ја отсликува реалноста.
Тема надвор од мојата професија не верувам дека би отворил некогаш. Има неколкумина што се подобро запознаени со таа материја и би оставил истите да го направат тоа ако имаат интерес.
 
Добро, ќе се пронајде некое отсликување на реалноста во метафизички смисол со „материјална апаратура“o_O+о_О+o_O
--- надополнето: 19 јули 2012 во 15:49 ---
За квантите... Секоја чест:)
--- надополнето: 19 јули 2012 во 15:52 ---
Едит:

Добро, ќе се пронајде некое отсликување на реалноста во метафизички смисол со...„материјална апаратура“o_O+о_О+o_O
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Сталкер, те молам, би можел ли да отвориш (не сум физичар:cool::)) една тема тука за квантите, и односното?
Што те интересира за квантите? Квант како поим прв пат бил воведен од Макс Планк, пред него постоел поим „ултравиолетова катастрофа“ што всушност преставува несогласување на експерименталните и теоретските сознанија за зрачењето на црното тело.
Откако се вовела квантизација на енергијата биле објаснети спектрите на атомите, премините од пониска во повисока енергетска состојба и обратно, зрачењето на црното тело и слично.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Во Големиот хадронски судирач создаден нов облик на материја

Колизиите меѓу честичките во Големиот хадронски судирач (LHC) создале нешто што изгледа како нов облик на материја. Станува збор за colour-glass condensate, материја која е создадена од бранот на глуони, основните честички кои се поврзуваат со голема сила и кои ги држат заедно кварковите во протоните и неутроните.

Научниците не очекувале дека овој тип на материја може да се создаде како резултат на при судирите на честичките што ги тестирале во тој момент. Сепак, оваа нова материја може да го објасни чудното однесување откриено во внатрешноста на машината.
Кога научниците ги забрзале и судриле протоните и јоните на оловото, експлозијата тие честички ги претворила во течна состојба и на нивното место создала нови, а повеќето од нив, одлетале во разни насоки со брзина блиска на брзината на светлината.
Во текот на истражувањето, научниците откриле дека некои парови честички одлетуваат во речиси иста насока.
„Парови од честичките одлетаа во иста насока, но не знаеме како комуницираат една со друга и како го одредуваат заедничкиот правец. Тоа не изненади сите“ - вели Гунтер Роланд, физичар од Институтот за технологија во Масачусетс.
Научниците веруваат дека густата концентрација на материјата colour-glass condensate е причината што честичките одат во иста насока. Механизмот би можел да зависи од квантната испреплетеност, феномен во текот на кој две честички се испреплетуваат што и по раздвојувањето задржуваат некаква врска меѓу себе. Затоа акцијата на едната честичка има ефект и врз другата.

http://kajgana.com/vo-golemiot-hadronski-sudirach-sozdaden-nov-oblik-na-materija
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Одмор за колајдерот​
Големиот хадрон колајдер на ЦЕРН, во март ќе направи двегодишна пауза, и ќе собира сила за нови истражувања на почетокот на 2015-та.

Целта на оваа мерка е постигнување на максимално ниво на енергија, за да може да се дојде до нови откритија како неодамнешното откритие на Хигсовиот бозон или „божјата честичка“.
Портпаролот на ЦЕРН, Џејмс Гилис кажал дека повторното активирање на колајдерот вреден 10 милијарди долари во 2015-та година, ќе овозможи набљудување на „ретки појави“ и решавање на нови мистерии.
Колајдерот ќе биде оперативен уште два месеца, а потоа ќе биде затворен сè до крајот на 2014-та година, за инженерите да можат да ја зголемат неговата сила до максимално ниво и со тоа да овозможат симулација на моментот по Биг Бенг што се случил пред 14 милијарди години.
За тоа време физичарите во ЦЕРН нема да одмараат. Пред нив се обемни проверки на податоците добиени минатиот јули, по откривањето на новата субатомска честичка, Хигсовиот бозон.
Наредните два месеца во хадрон колајдерот ќе продолжат да се судираат протони, кои потоа ќе бидат подложени на тестирања во траење од неколку недели.
http://on.net.mk/zhivot/nauka/odmor-za-kolajderot
 
Член од
22 септември 2011
Мислења
12
Поени од реакции
3

А дали веќе го открија Хигсовиот бозон? Затоа што знам дека истражуваа која може да биде таа честичка, и имаа претпоставки, но не беше ништо конкретно откриено. Дали знаеш некои понови информации во врска со Божјата честичка?
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
DesertRose малку поназад низ темава имаш комплет инфо за тоа дека е откриен, и негови пропорции (некои сеуште непотврдени поради евентуална грешка во поврзувањето на некои кабли)
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
CERN: Научниците навистина го пронашле „Хигсовиот бозон“

14.03.2013 | 13:14
Технологија
Прочитано: 447
Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN) денеска објави дека од анализата на податоци добиени во 2012 година се смета дека научниците навистина лани пронашле една верзија на т.н. Хигсов бозон, субатомска честичка популарно наречена „божја честичка“.

- Јасно е дека имаме работа со Хигсоновиот бозон иако пред нас е долг пат додека не утврдиме каков вид на Хигсов бозон е тоа, изјави Џо Инкандела, физичар во CERN.

Таа субатомска честичка за која веќе долго се теоретизира, би објаснила зошто материјата има маса. Хигсовиот бозон се смета за „алка што недостасува“ во физиката.
Значи и официјално е Хигс Бозон...Честито нека им е.:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom